Дијаспора

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана ја укинува позицијата генерален координатор на друштвото

ilinden-tirana

ilinden-tiranaСогласно своите надлежности претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај ја укинува позицијата генерален координатор на Друштвото. Оваа позиција до сега ја извршуваше Стојанка Палко, која на 01.11.2013 година беше избрана за  генерален координатор.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и се заблагодарува на Стојанка Палко  за придонесот како генерален кординадор во Друштвото, при што Палко и натаму ќе продолжи да ги поддржува активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Стојанка Палко е родена во Поградец, Република Албанија. Основно и гимназиско образование има завршено во Поградец. Во 2006 година е добитник на стипендија од Република Македонија за студирање на Унверзитетот Св. Кирил и Методиј, т.е. на Стоматолошкиот факултет во Скопје, Република Македонија. За време на студиите има присуствувано на разни медицински и стоматолошки конгреси, како и на семинари и обуки, што многу и помогнаа во усовршувањето и надградувањето на нејзините знаења, вештини и способности. Од 2010 година е член на Македонското друштво “Илинден“ – Тирана. Дипломира во 2012 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје, Република Македонија како доктор по стоматологија. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата Школа за млади лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Од 2012 година до сега работи како доктор по стоматологија во Тирана. Македонското друштво “Илинден“- Тирана и посакува личен и професионален успех на Стојанка Палко.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top