Дијаспора

Мирче Ацев – 1915 – 2015 г.

mirce-acev

mirce-acev

Крај Прилепа град, во Ореовец село
во илјада девесто петнаесетото лето
Дончојца Ацева родила машко дете
името го доби од деда си Мирче.

Да се бие за мир и слобода тој
наследник да биди, на дедовците свој
за национално право да се бори
македонска држава да се створи.

Порасна Мирче, здраво и бистро момче
со торбето на рамо влезе во школското дворче
за наука на Мирче петки му ставаа
на неговите другари тој помош му дава.

Татко му Данчо на срце му тежи
осуден од властите в зандана лежи
за студенските години протести прави
македонските национални интереси ги брани.

Џандарите по трагите му одат
жив Мирче да го фатат
приморан е тој илегално да оди
од таму национална борба да води.

Ја крстари тој Македонија цела
го припрема народот за револуција смела
за консултација во Прилеп е пратен
откриен од власите, во Велес е фатен.

Во истражен карцел во Скопје го носат
повеќе нешто од него да дознаат
ни името таму не си го кажа
и наредија тие на својата стража.

Низ прозорот Мирче да го фрлат
вниманието во јавноста да го свртат
од пенџерот рипна сам се уби
испитуваното дело за да се загуби.

Под прозорот Мирче мртов лежи
со откорнати нокти и искубани коси
на нозете еден чорап носи
со животот Мирче тука се прости.

Префрлен е тајно во прилепските гробишта
насобран народ почит му одават
со наведнати глави и расплакани лица
од нивните очи крвави солзи течат.

Плачат деца, ни умре саканата маалска баба
ни остави таа нас голема тага
дојдовме овде почит да í дадеме
кај Бога нејзе праведна да ја пратиме.

Мирче Ацев е народен херој
бронзената биста, со ликот негов краси
низ Македонија стихови и песни звучат
младите генерации од него нека учат.

Томе Велјановски – Марулецо
Гетеборг – Шведска

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top