Дијаспора

Славчо Абазов

Slavcho Abazov

Slavcho Abazov

Славчо Абазов (9. III 1883 – 7. II 1928) е македонски револуционер, кратовски војвода, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Оставил забележителни траги во македонското револуционерно движење. Учествувал во подготовките за Илинденското востание, војувал за време на Балканските војни, а по Првата светска војна станал член на потесното раководство на емигрантската Илинденска организација.

Славчо Анастас Абазов е роден на 9 март 1883 година во Злетово, во семејството на Анастас и Парашкева Арсова Абазова. Семејството Абазови кое се занимавало со сточарство и трговија со дрво потекнува од кочанското село Горно гратче, од каде се преселува во пробиштопското село Зеленград. Во почетокот на 80-тите години на XIX век Крсте Митрев Абазов се преселил во Злетово, а неговиот син Анастас Абазов ја наследува трговијата со дрво од која се збогатува, а се занимава и со револуционерна дејност. Во редовите на МРО, семејството Абазови го привлекува воденичарот Лазо Јакимов, човек на војводата Атанас Бабата во Злетово.

Славчо учел во Скопското педагошко училиште, каде соученик му бил Тодор Александров. По завршувањето на педагошкото училиште во 1898 година, работел како учител во Кочани и како активен член на организацијата бил назначен за револуционерен раководител на регионот. Уште во 1901 година тој веќе го раководел злетовски комитет и го помага формирањето на четите и активностите на реонскиот војвода Атанас Бабата. Така Злетово и Лесново стануваат важни пунктови на Организацијата каде се складира оружјето кое доаѓа од Бугарија.

По Солунските атентати во април 1903 година, Славчо и неговиот татко Анастас биле уапсени од турските власти поради својата револуционерна дејност. Анастас бил ослободен, а Славчо бил прогласен за виновен. За подготвување и давање засолништво и храна на бунтовниците и пројавената активност за собирање пари од населението, како и заради пренесување и доставување оружје, муниција и други убојни средства, Славчо Абазов бил осуден на три години затвор. Тој казната ја издржувал во Скопскиот затвор Куршумли ан, каде лежел заедно со Тодор Александров.  

По општата амнестија во април 1904 година, Славчо бил ослободен и се вратил во Злетово, каде по задушувањето на Илинденското востание ја затекнува Организацијата растурена, четите распуштени, а голем број на луѓе биле пребегани во Бугарија. Во овој период во регионот се појавила и српската вооружена пропаганда. Но, во текот на годината четите на Мише Развигоров, Константин Нунков и Боби Стојчев им нанеле тешки удари на четите на српската пропаганда и ја стабилизирале Организацијата. Така, од 2 до 7 јануари 1905 година, Славчо Абзаов како делегат учествува на Скопскиот окружен конгрес во Кнежево, каде ги прифатил мерките за борба против српската пропаганда.  

Набргу по конгресот Славчо Абазов излегува во илегала и делува како војвода на чета во Кратовско, Штипско, Кочанско и Паланечко. Со четата доаѓа во Ќустендил во октомври 1906 година, што се поврзува со узвената програма за борба против српската и грчката пропаганда на Вториот регуларен конгрес на Скопскиот револуционерен округ.

На Ќустендилскиот конгрес на ВМРО во март 1908 година, на местото на Аце Дорев кој бил избран за член на Задграничното преставништво на ВМРО,  Славчо Абазов бил назначен да раководи со пунктот во Ќустендил. Основната задача на Славчо и неговиот помошник Георги Гочев во Ќустендил им била да ги вооружуваат и да ги испраќаат четите преку граница. Тој ја презел должноста и постајано одржувал коресподенција со задграничниот преставник Христо Матов. Инаку низ Ќустендил, од 1903 до 1908 година на пат за Македонија, поминале 162 чети.

По Младотурската револуција во 1908 година, Ќустендилскиот пункт бил распуштен, а Славчо се вратил во Злетово. Меѓутоа, набрзо бил приморан да бега во Бугарија и само повремено се враќал во Злетово.

Славчо Абазов учествувал во Првата балканска војна како војвода на Кратовската чета (чета бр 33 на Македонско одринско ополчение). Четата која брои 33 лица, Абазов ја формирал за еден ден и ја вооружил со поголем дел од оружјето. Кратовската чета ја преминала границата на 5 октомври 1912 година и заедно со четите на Стојан Мишев и Георги Гочев учествувала  во разбивање на турска коњичка патрола кај влашките колиби Кормина, југозападно од Султан тепе, што предизвикува нејзино повлекување и паника меѓу турското население. На 9 октомври, четата на Абазов со 300 лица од формираната македонска милиција го ослободила Кратово и го предала на 14-тиот српски полк, а Абазов и милицијата го зазеле Црн врв и го спречиле настапувањето на турската војска од кај Овче Поле. На 11 – ти, четите на Абазов, Тодор Оровчанов и Спиро Диљов со милицијата, подржани од делови на Тимочката дивизија сеуште го држеле Црн Врв, а на 12 октомври пред пладне, Турците ќе се повлечат откако ќе изгубат две батерии и резервите.

Веќе на 16 октомври, постариот окружен војвода Абазов ќе испрати до штабот на Македонското одринско ополчение еден од првите документи во кој го опишал непријателскиот однос на српската војска кон локаното македонско население. Тој подоцна ќе го опише Србите како окупатори. Потоа Кратовската чета дејствува заедно со четата на Стамен Темелков во Радовишко, а заедно со Дончо Ангелов и Еротеј Николов  се наоѓа на чело на Кратовско-Пијанечката чета.

Во почетокот на 1913 година, за да бидат што подалеку од татковината, Бугарската армија ги реорганизирала македонските партизански чети и ги префрла во Кешан и Малгара во Тракија.  Војводата Славчо Абазов е приклучен на 15-тата штипска дружина, која на 10 март од Ајнарџик била префрлена во Авдин, каде влегува во состав на Третата бригада на Четвртата бугарска армија, која учествувала во одбрана на брегот на Мраморното Море. По застрување на односите меѓу сојузниците, на 19 април ополченците дбиваат команда да се префрлат во Македонија. На 1 мај Абазов добил наредба со уште 200 лица војводи и четници да замине на 9 мај за Македонија за да припреми разузнувачки пункт од каде мали групи ќе преминуваат на територијата под српска и грчка окупација. Така Абазов го презел раководството на Кочанскиот разузнувачки пункт.   

По избувнувањето на Втората балканска војна на 16 јуни 1913 година, Абазов со Кратовската партизанска чета и делови на семата рилска дивизија влегува во Злетово и потоа се повлекува по паѓањето на градот на 21 јуни. За учеството во двете војни бил награден со орден „За воени заслуги“ VI степен и воен крст „За храброст“. По војната се населил во градот Ѓумурџина (Комотина), кој во војната и припаднал на Бугарија и се занимавал со трговија со тутун.

Во текот на Првата светска војна Абазов е подофицер во 59 – от пешадиски полк на 11 дивизија на бугарската армија, кој ги држи позициите во близина на Валовишта во Егејска Македонија. Во јули 1918 година, Славчо бил назначен за член на окружната постојана комисија во Куманово и водел голема грижа за да го овозможи прехранувањето на наслението.

По завршувањето на Првата светска војна, Славчо се повлекол во Бугарија каде учествува во активностите на македонските емигрантски организации и бил член на Кратовското добротворно браство. Учествувал во основањето на Илинденската организација и бил прв нејзин благајник.  Исто така учествувал и во основањето на Македонската коперативна банка во 1925 година.

Славчо Абазов умира млад на 7 февруари 1928 година. Во текот на животот двапати се женел и зад себе оставил седум деца. Неговиот син Славчо Славчов Абазов (1928) во 2011 година ќе ја издаде книгата „Војводата Славчо Абазов 1883 – 1928“.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top