Дијаспора

Разговор со повод: Валентина Апостоловска игра главна улога во драмата „Куферот“

valentina-apostolovska

valentina-apostolovska

По повод престојната театарска престава „Куферот“од Душан Ристевски, поведовме разговор со Валентина Апостоловска која ја игра главната улога со ликот на мајката Ангела.

Колку години членувате во Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и кои улоги во кои престави сте ги одиграле?

За Австралиско Македонскиот Театар од Сидеј дебитирав во 2012 година во драмата Раскол со улогата на ќерката која упорно ја шиеше кошулата (Македонија) а некој (а сите знаеме кој) постојано и го параше шиеното. Потоа следуваше  Оставија свеќата да гори во 2012 година каде ја играв улогата на Елена, добра сопруга, снаа и пожртвувана мајка која беше жртва на домашно насилство. Во 2013 година ја играв Гордана во драмата Борење со мечка. Гордана беше прикажана како жена сконцентрирана на самата себеси како и на добробитот на својот син единец, истовремено заборавајќи дека во нејзиниот живот некаде постои и сопруг кој тивко пати од неизлечива болест. Во 2015 година следуваше комедијата Др Жими Мајка во која имав една специфична улога, тоа беше улогата на Нели. Нели беше разведена мајка на два синови, премногу разочарана од машкиот пол која се реши да премине на другата страна и да стане хомосексуалка. После тоа следуваа кратки комични улоги, улогата на водител во скечот Аудиција, прикажана на првата Гала вечер на Австралиско Македонскиот Театар од Сиднеј  за презантација на наградата Александар Македонски. Исто така се преставив со две комични улоги, улогате на Селанка и Дебеланка-Балетанка прикажани на годишиот концерт на КУД Илинден.

Кои од овие улоги најповеќе ви се допадна и зошто?

Сите улоги ми се подеднакво драги. Секоја на свој начин си оставила белег во моево срце. Посебно ми е мило што секоја моја улога е комплетно различна од претходната. Тоа е голем предизвик за мене и ме поттикнува што повеќе да го разработам карактерот и да се внесам во улогата за да ја прикажам поверодостојно. Тоа е убавината на театарот.

Ја имате главната улога во „Куферот“, како го гледате ликот на Ангела?

Ангела е наша жена која многу нешта во животот ги жртвуваше за иднината на своите деца. Жена која изгубила многу нешта во животот, но и покрај траумите што ги преживеала сеуште живее со надеж за исполнување на нејзините соништа. Ангела крие многу тајни и постојано ги носи со себе длабоко скриени во срцето, а и во куферот. Нема да ви откријам ништо повеќе, ќе ве држам во неизвесност.

Значи слободно може да се рече дека оваа улога за вас е најпредизвикувачка?

Апсолутно. Ангела е комплексна особа, на моменти тивка и повлечена, за наредената минута да избувне како експлозив кога нешто ќе ја погоди длабоко во срцето. Тоа преставува голем предизвик за мене затоа што секој момент, секоја нејзина емоција треба да се прикаже во потполност. По природа сум доста емотивна личност но сепак тоа се други емоции и треба да се прикажат правилно. Затоа се трудам колку што можам повеќе да го доловам она што писателот Душан Ристевски го има замислено и напишано. Морам да му оддадам признание на нашиот режисер Стефо Нанцу кој  неуморно работи со сите нас за претставата да ви ја прикажеме во најдоброто светло.

Премиерната изведба на „Куферот“ е закажана на 7-ми мај во 19 часот во Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдаел, 65 Railway Street Rockdale, и истата е во склопот на традиционалниот Фестивал за уметност на градската општина во Рогдаел.

Дa, премиерата е на 7-ми Мај во 19ч во Рогдаел, во Културниот центар Илинден во склоп на Фестивалот за уметност на општина Рогдаел, а потоа следуваат претстави на 8-ми мај во 15ч и на 28-ми мај во 19ч исто така во Рокдаел. Во Волонгонг ќе бидеме на 14-ти мај во 19ч во Sun Lounge Function & Reception Centre, 8-14 Stewart Street Wollongong. И во Бенкстeoн на 21-ви мај во 19ч во Bankstown Polish Club, 11 East Terrace, Bankstown.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top