Дијаспора

Фабриката „Јановски“ донатор на бројни македонски активности во Канада (17)

janovski

janovski

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Кога се пишува за Македонците во Торонто неодминливо е да се спомене семејството Јановски и нивната фабрика „Јановски топ каунтер лимитед“, формирана во 1975 година. Оваа пространа фабрика која е специјализирана за кујнски намештај е една од значајните поддржувачи и донатори на македонските активности, особено на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Сопствениците на оваа значајна канадска фабрика се трите браќа Марко, Петре и Васил (сега покоен). Ова семејство се одликува со  својата скромснот, честитост, работливот и приврзаност кон Македонија и Канада, а е почитувано и ценето како во македонската заедница, така и пошироко во канадското општество

Корените на семејството Јановски се во Македонија, во убавото подпелистерско и печалбарско  село Велушина, Битолско. Ова македонско село се наоѓа на десетина километри јужно од Битола, од десната страна на патот кој преку Бистрица и Драгош продолжува во Егејска Македонија. Тоа е сместено во зелениот засек што паѓа директно од планискиот масив на Баба Планина. Локалниот асфалтен пат што се одвојува од главниот, врви низ средината на Велушина и се искачува на ридот, каде е сместен манастирот „Свери Ѓорѓи“. Овој пат што врви и покрај црквата „Света Богородица“ се тврди сдека е дел од римската магистрала „Виа Игнација“.

Инаку, Велушина во минатото било напредно и богато село. Неговите земјишни имоти се простирале до источниот пат што води од Битола кон Меџитлија. Во тоа време во селото живееле околу 1.200 жители. Меѓутоа, денес за жал, се останати само дваесетина семејства, а се населуваат семејства на македонски Албанци од ближното село Острец.

manastir-sv-gjorgi-velusina
Манастирот  „Свети Ѓорѓи“ во Велушина

Печалбарството, а со тоа и иселувањето во прекуокеанските земји и на други места си го направило своето. За жал, голем број велувци се преселиле во Австралија, Канада и САД, па дури и седумдесетина семејства се преселиле  во најблискиот град Битола, Затоа, денес насекаде во селото царува гробен мир, разрушени авлии и куќи направени од камен.

Велушина е село со богато минато, за кое се врзани бројни историски настани. Така, за одбележување е Вепушката Тумба, неолитска населба, која се наоѓа до селото Породин. Во Велушина постоел римски логор и други објекти од македонската историја, за кои и денес се наоѓаат остатоци кои говорат за значението во минатото на ова подпелистерско село.

Исто така, Велушина е село со четири значајни цркви и еден манастир и тоа: црквата „Света Богородица“, живописана во 1836 година, „Свети Атанас“ изградена 1747 година, „Свети Илија“ подигната 1749 година, „Света Недела“, подигната 1908 година и манастирот „Свети Ѓорѓи“ фрескоживописан во 1848 година. Манастирот е значајно светилиште во битолскиот крај, кој остава импресивен впечаток со својата архитектура, фрескоживописот, белината, местоположбата  и зеленилото на тие планински простори.

Тоа зборува за посветеноста на македонското црковното живеење на жителите од Велушина. Во еден долг период таму се одвивале значајни духовни и културни активности, за кои поранешните жители на Велушина давале и даваат материјални средства за зачувување на духовно-националните црковни центри изградени во минато.

Едни од тие донатори е семејството Јановски, кое подарило средства за зачувување на спомениците во Велушина. Нивните спомени за родното место се нерасделно поврзани со нивниот живот во родното место, носен со динамиката на комуникацијата на светите места. Таква е најстарата црква „Света Богородица“, која е неисцрпен извор за историската вистина на македонскиот народ од Велушина.

Животните приказни за тројцата браќа, сложните Васил Марко и Петре се слични, ако не и идентични. Нивниот печалбарски живот започнал од времето во педесеттите години од минатиот век, кога голем број Македонци  ја напуштиле Македонија и се преселиле засекогаш во Канада.

fabrika-janovski

Таков е случајот со покојниот најстар брат Васил кој прво бил во Лаврион, па во Германија за да стаса во Канада, каде се наоѓаше неговиот татко Ѓорѓи, кој ја напуштил Македонија во педесеттите години од минатиот век и заедно со Васил ги оставил коските во Канада. Марко, пак, е вторит брат кого го красат убави особини. Тој е благороден, тих, скромен и вреден. Тој најпрвин заминал за Австралија, а потоа, Петар, најмалиот брат, но столбот на семејството кој бил во Канада го повлекол Марка и другите членови на семејството Јановски. Во новата средина, а такви биле и во  Македонија, тие се неразделни и како браќа и како вредни сопственици на фабриката, во секојдневието, како и во црковното, националното живеење и во активностите на македонските православни цркви „Свети Климент Охридски“ во Торонто и во „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам.

Овој пат ќе се задржиме на животната приказна на Петре Јановски, еден од основоположниците на фабриката за кујнски мебел „Јановски“. Тој е најмалиот брат кој со своите способности успеал да се издигне во светот на бизнисот и да ги почувствува неговите погодности. Тој е скромен и срдечен човек кој повеќе се радува на семејството, на поколението Јановци, односно на човековата вредност, отколку на моќта на парите. Долги години во неговите раце беше кормилото на фабриката, посебно на маркетингот, односно освојувањето на пазарот. И денес како пензионер е секојдневно присатен во фабриката. Тој си остана да биде разговорлив Македонец, милозлив соговорник, со питомо срце и душа, каков што беше на помлади години.

fabrika-janovski-2
Дел од фабриката

 Петре Јановски е роден во Велушина и ги наследил убавите работи од неговите ро­ди­тели. Тој  е  ин­те­лигентен и мудар, има смисла за бизнис и креа­тивноста, тој е упорен и енер­гич­ен. Петре Јаневски е човекот со хуманитарен карактер и готовност да помогне секому.  Лагата, фалбата и омразата за него се туѓи. Тој завршил основно училиште во Велушина, а потоа се запишал во Средно техничко училиште во Скопје. Тој е успешен бизнисмен, природно надарен, скромен  и талентиран за секој вид работа. Стапил во брак со убавата велушинка Софка родена Гушевска, со која заедно одраснале во селото, а свадбата ја направиле во Торонто, каде ги удриле темелите на својот полувековен брак. Петре има голема поддршка од неговата сопруга. Софи му остана негова десна ра­ка, му помогна тој да се кон­цен­­трира на бизнисот, а таа ја пре­зе­де сета грижа за семејството и домот.

Во врска со неговото доаѓање во Канада, во еден разговор Петре Јановски ме ифомирани дека тој најпрвин избегал од Македонија кај јужниот сосед, бил во логот во Лаврион, каде го научил грчкиот јазик. Потоа бил префрлен во Белгија. Оваа земја, позната по својот стандард и култура, извршила големо позитивно влијание брз формирањето на неговата личност во светот на бизнисот. Од Белгија дошол во Торонто, каде заедно со Софи свиле ново гнездо.

Тие се родители на два сина кои се здобиле со факултетско образование во Канада. Синот Ѓорѓи (Џорџ) како одличен студент често бил присутен во јавноста со способностите што ги покажувал во областа на финансиите. По завршувањето на факултетот се вклучил во семејниот бизнис, во кој бил задолжен токму во таа свера. Денес Џорџ Јановски е на чело како главен менаџер на фабриката „Јановски“. И вториот син Никола Јановски тргнал по неговиот пат, како во образованието, така и во бизнисот, што е голема среќа за родителите. Се здобил во факултетско образование и е на висок положај во една позната фирма во Торонто.

Инаку членовите на семејството Јановски се долгогодишни донатори на изградбите и активностите во сите македонски православни цркви во метрополата Торонто. Тие се донатори на печатени книги  на членови на Литературно друштво „Браќа Миладиновци“, на инфромативните гласила кои постојат во метрополата Торонто, на други организации и поединци. Нивната материјална помош била од голема важност за продолжување на целокупната дејност на црквите, информативните гласила и другите асоцијации на Македонците во Канада  Исто така, семејството Јановски е подржувач и учесник на голем број македонски манифестации, како и на други бројни активности во македонска колонија .

Денес во индустрискиот дел на градот Маркам, северно предградие на Торонто  се наоѓа фабриката „Јановски“ која произведува мебел, односно кујнски елементи, барани на канадскиот пазар, главно, заради нивниот квалитет. При моите посети на овој значаен канадско-македонски објект, како што милуваат да кажат браќата Петре и Марко, а јас како автор на монографијата „Јановски“  и гостин на ова семејство, сум имал прилики на самото место да ја доживеам атмосверата во која функционира оваа фабрика.

fabrika-janovski-3

Она што паѓа вочи е големината на капацитетот кој зафаќа преку пет илјади квадратни метри површина, но и системот на неговото функционирање без застој, а со кој ракови главниот менаџер Џорџ, синот на Петре Јановски. Преку него се запознав со процесот на производството, но и со фактот дека Џорџ е клучната фигура во работата на фабриката, заедно со својот тим, во презентацијата на производите и нивниот пласман. Импресивно делува изложбениот салон, кој врие од клиенти заинтересирани за купување на разни елементи од кујнскиот мебел кој во Канада има свое значајно место во домот.

Фабриката е автоматизирана, процесот на производството го контролираат петнаесетина работници, од кои повеќето се Македонци. Амбиентот околу фабриката е култивиран со убава градина, во која покрај возниот парк, се наоѓа и парцелата за произвоство на  градинарско-земјоделски производи; македонски пиперки, домати и краставички, но и здравец како симбол за препознавање на македонските домови. Зрдавецот расте на Пирин, Баба, Бигла, Галичица и други планини во Македонија и како симбол на античките Македонци, може да се сретне во голем број дворови на македонски куќи. Одгледувањето  на здравецот на тие канадски простори е да ги потсети  Македонците на својот роден крај во Македонија

Монографија „Јановски“ која е на македонски и на англиски ја подготви авторот на овие редови. Таа е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Македонија и во Канада. Делото опфаќа три генерации: постарата (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивните потомци). Монографијата, главно, е наменета за идните нивни генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во Канада, со цел да не ги заборават сопствените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и историјата на семејството Јановци со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.

Извори на податоците за книгата беа браќата Петре, Марко и Васил, нивните роднини и пријатели, особено нивниот роднина Алексо Јановски од Битола, како и бројната историска литература за нивниот роден крај.

Можеби оваа книга, кога ќе дојде во рацете на идните канадски потомци на Јановци, ќе го поттикне нивниот интерес за племето стројни и горди Македонци растурени по светот. Веруваме дека делот „Јановци“ ќе ги мотивира и ќе ги стимулира младите генерации да дојдат во дедовската земјата на дедовските огништа во Велушина, во Македонија.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top