Дијаспора

ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО – НАЈНОВАТА КНИГА НА ГОРДАНА ДИМОВСКА

patnik-po-zvezdenoto-makedonsko-nebo

patnik-po-zvezdenoto-makedonsko-nebo

Во издание на Агенцијата за Иселеништво на Р. Македонија, деновиве излезе од печат најновата книга на Гордана Димовска, “Патник по ѕвезденото македонско небо“. Книгата е збир на раскази, песни за возрасни, песни за деца, научно-историски записи и легенди. Дел расказите се и на англиски јазик по барање на читателската публика од Австралија.

Авторката во воведот на книгата истакнува: “Пишуваните дела не можеа да видат бел ден заради окупациите и наметнувањето на туѓи јазици. Денес, каде и да сме во светот, го носиме тој белег на себе МАКЕДОНЕЦ, и самото име зрачи како силно сонце и не задолжува да го браниме својот идентитет, својата бурна историја, јазикот, традицијата, верата, културата – како составен дел од се она што не прави МАКЕДОНЦИ. Секој напишан збор на свој мајчин јазик има посебна моќ, битно влијае врз општествената свест и го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Колку повеќе трагам по минатото на Македонија, толку повеќе ја разбирам неговата величина, посебност но и потреба да се истражува и запишува. Преку расказите и песните, во оваа книга, патувам по македонското ѕвездено небо, оживувам сцени од историското минато во 1900 година, но и сцени од животот на иселениците во 21- виот век.“

За нејзината книга професорот Ванѓелко Лозаноски пишува: Ова лето господово, Мелбурн, Австралија се збогатува со ново поетско и прозно дело, со книгата: „ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО“ од Гордана Димовска.  Гордана Димовска  спаѓа во оние македонски културни, научни и поетски дејци кои животот ги одделил од родните предели, од милите и  блиските во далечна Австралија. За да ја поврзе љубовта со родната Македонија, започнува со пишување новинарски записи, колумни и есеи, главно посветени на се што е поврзано за Македонија, животот и гледиштата од страна на иселеник. Има  објавено песни и раскази во книгата „Од љубов со љубов за Македонија“ во 2011, коавтор во книгата „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“ – 2012  а во 2014 ја издаде книгата„Вечна светлина над Македонија“. А оваа е нејзина најнова книга, во која повторно  пулсира  љубовта кон родната грутка, која  никогаш не престанала, туку се продлабочила и добила свои димензии.

Таа неизмерна љубов и носталгија ја преточува во поезија, од која ти затреперува срцето. Нејзината поезија е откорната од душата напишан со неизмерна искреност која ја разоткрива, тагата, болката, среќата, љубовта, надежта и погледите сокриени во она што се нарекува душа-вечност.  Со оваа нејзина најнова книга, „Патник по ѕвезденото македонско небо“, македонската современа проза и поезија, се здобива со нова  везба на родољубиви, социјални, мисловни и љубовни песни и раскази, кои ја огреваат душата уште при прегледот  на содржината и разноцветните теми  и мотиви, кои се испреплетуваат и треперат како ѕвездите на небото и спомените, поврзани со денот.Во  македонската современа проза, таа се појави со своите родољубиви и психолошки раскази и новели. Таа со својот стил, отвори нова страница во македонската проза.“

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top