Дијаспора

Египет – земјата на фараоните и древната култура (10)

egipet10-1

egipet10-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ЕГИПЕТ

Некои патувања не само што го предодредуваат престојот, туку за патеписецот остануваат забележани и запаметени со одредени впечатливи траги. Такво беше нашето патување и престојот во Каиро, главниот град на Египет, којшто магично привлекува, особено со чудниот спој на минатото и сегашноста. Мистиката и реалноста, легендите и стварноста. А сè она што го видовме и почувствувавме побуди голем интерес, возбуда, задоволство. Во земјата на милиони квадратни километри оази и пустина, земјата што ја заплискуваат сините води на Средоземното  Море и на Црвеното Море, како и земјата што ја делат сребрено-зелените води на реката Нил.

Египет е библиска земја, чие име на еврејски е Мусраим, па оттука произлегува името Мисир, земја која се протега долж реката Нил. Според библиските преданија Египет било големо и влијателно царство и како такво во текот на целото свое постоење вршело силно влијание на соседните народи. Синовите и потомците на Јаков живееле во Египет околу 400 години, а потоа биле ослободени со Божја помош, под водството на Мојсеј. Египќаните честопати ги освојувале израелските земји, сè до времето на Давид, кога нивната моќ ослабела.

При нашата посета на Египет (попатна посета на авторот на овие редови на Каиро) се послуживме со огромна литература за историскиот развој на Египет. Во неа, меѓу другото, се вели дека Египет претставува стара цивилизација во источниот дел на Северна Африка, сконцентрирана во долниот тек на реката Нил, каде што сега се наоѓа денешен Египет. Оваа цивилизација претставува дел од еден збир на цивилизации. Со еден збор Египет е денешниот прозорец кон далечното минато на човештвото.

Успехот на старата египетска цивилизација делумно произлегол и од нивната способност да се приспособат кон условите во долината по течението на реката Нил. Предвидливите поплави и контролираното наводнување на плодната долина придонело кон произведување на вишок култури, кои ги разгореле општествениот развој и културата. Со вишок ресурси, власта го поттикнала искористувањето на минералните суровини од долината и околните пустини. Развивањето и организирањето на колективно градење и земјоделски проекти, трговијата со околните региони и воената опрема наменета за поразување на надворешните непријатели ја осигурале египетската доминација.

Поттикнувањето и организирањето на овие активности било изведено од страна на бирократијата сочинета од првокласни писари, верски водачи и службеници кои биле под контрола на фараонот кој обезбедувал соработка и единство на египетскиот народ во смисла на религиозните верувања.

keopsova-piramida
Кеопсовата пирамида

Помеѓу многуте достигнувања на античките Египќани биле и техниките за експлоатација на каменоломите, надзорните и градежните тeхники кои ја олеснувале изградбата на величествените пирамиди, храмови и обелисци. Египќаните, исто така, развиле и математички систем, практичен и ефективен медицински систем, систем за наводнување и техники за земјоделско производство, тие ги направиле и бродовите за кои се смета дека се први, имале технологија за производство на стакло, создале нови литературни форми и го направиле првиот мировен договор за кој се знае.

Египет зад себе оставил долготрајно наследство кое е од големо значење и за Египет и за светот. Египетските архитектура и уметност се широко имитирани, а египетските антиквитети се носени во многу далечни делови од светот. Рушевините од спомениците со векови ги поттикнувале фантазиите на патувачите, патеписците и писателите. Новопронајдените антиквитети и ископувања во модерното време доведоа до научни истражувања на египетската цивилизација и поголема почит кон културното наследство во Египет и во светот.

Треба да се нагласи дека единството на древниот Египет се однесувало во господарството на фараонот кој имал неограничена власт низ целата држава. Фараонот бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за Бог. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на пирамидите за кои се смета дека, всушност, биле гробници на фараоните  како  Џосер, Снофер,  Кеопс  (Хуфу),  Кефрен (Хафра) и Микерин (Менкаур). Исто така, многу зајакнал и култот кон Богот на сонцето Амон Ра, а фараоните се нарекувале негови синови.

nil
Реката Нил денес

Низ Египет минува најдолгата река во Африка – Нил, која со своите 6,5 илјади километри крие безброј тајни од дамнина до денес. Таа во Библијата се споменува и како „река“ и како „море“. А години наназад и токму таму египетската цивилизација доживеала процут. Преку реката Нил биле воспоставени трговските патишта од Судан до Мала Азија, Сирија и Македонија. Пролетните поплави и тогаш, како и денес, со своите наноси земјиштето околу реката го правеле плодно, што било услов за поволни природни погодности за живот.

Во текот на нашата посета на Каиро слушнавме бројни информации за оваа земја. Така, запишано е тоа што ќе го чуете многу пати – дека историјата на Египет датира од пред 5.000 години пред Христа. Во тоа време Египет бил организирано и бирократско царство кое се развивало со векови и оставило големи траги во историјата на човештвото. Така, пред околу три илјади години, за време на Старото Царство биле изградени првите канали и насипи и биле изѕидани прочуените гробници на фараоните, пирамидите. Нив ги има околу седумдесет и се подигнати во делтата на реката Нил.

Најголема е Кеопсовата пирамида, која е висока 146 метри. Во текот на Средното царство (2100-1550 година пр.н.е.) се изградиле големите канали за наводнување и прочуеното вештачко езеро Мерида (Мерис). Инаку, главен град на древното Египетско Царство бил Меноф, а било оформено од кралот Менес кој ги обединил Горен и Долен Египет, кога е изградена и првата голема пирамида. Во текот, пак, на Новото Царство (1550-671 година пр.н.е.) биле преземани освојувачки походи во Сирија и Мала Азија.

Интересно е да се одбележи дека еден ракав на делтата на реката Нил бил поврзан со Црвеното Море со канал. Така, Египќаните го прокопале Суецкиот Канал 2500 години пред Европејците. Феникиските морнари во египетска служба за првпат отпловиле околу Африка 2000 години пред Васко де Гама. Во Египет во голема мера се развила културата, а од науките во особено голем подем биле астрономијата и математиката.

Во астрономијата, на пример, Египќаните знаеле дека годината има 365 дена, а со математиката се служеле да ја пресметаат површината, речиси, на сите геометриски слики и волуменот на некои тела. Во Египет проникна најстарата писменост; писмото се состоело од слики и цртежи, слично на карпестото писмо во Македонија.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top