Дијаспора

Македонски асоцијации со името „Илинден“ во САД (29)

ilinden29-1

ilinden29-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во изминатиот период кај македонските иселеници во САД се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници. Едно од тие е, секако друштвото „Илинден“

ДРУШТВОТО „ИЛИНДЕН” ОД ДЕТРОИТ

Ова друштво го формирапе доселеници од селото Рогачево, Тетовско. А во државата Мичиген во САД има околу педесеттина семејства од селото Рогачево, од кои само во Детроит триесеттина. Друштвото „Илинден” постои од 1979 година.

Од тогаш иселениците од ова село го слават и верскиот и национален празник Илинден. Исто така, организираат и селска слава на „Св. Спас”, како сеќавање на селската слава во нивното село. Таа се одржува во црковната сала на „Св. Богородицз”, каде што се собираат околу 200 до 300 души. Секој трет месец управата организира состанок на членството, кое плаќа членарина од 25 долари годишно.

Друштвото „Илинден” за изградба на новата црква „Св. Спас” во нивното село, како помош испратило 35.000 долари.”

Илинденските празнувања кај Македонците во САД се повод и убава можност за голем број другарувања, за организирани пикници, за одржување национални, културни, духовни, црковни и други манифестации. Уште со самото доаѓање во новите средини, првите македонски доселеници, особено од Беломорска Македонија кои живееле во Чикаго, Гери, Детроит, Рочестер, Кливленд и други градови, по повод Илинден организирале вечеринки, пикници и други собирања.

Познати се бројните вечеринки и организирани пикници во Детроит, место во кое и во предвоениот период бројот на македонските доселеници бил најголем. Исто така, бројни селски друштва од Леринско, Битолско, Костурско, Преспанско, Тетовско и други краишта од Македонија, и во минатото и сега организираат заеднички пикници, вечеринки и селски слави, што претставуваат повод за зближување и зачувување на традициите, обичаите јазикот и дел од културата на дедовската земја.

Слични, но по обем помали пикници се организираат и во други градови во САД, каде се собираат посетители од тие американски простори. Во текот на Илинденските празници започнале да се формират и со бројни активности на фолклорен план да докажуваат бројни македонски играорни групи од САД кои своите вредности и љубовта кон македонската игра и песна особено ги изразуваат во текот на одржувањето на македонски црковно-духовни собири.

ilinden29-2

Овие национално-духовни другарувања се одржуваат повеќе децении кон крајот на август и во почетокот на септември во различни градови каде егзистирааат македонски првославни црковни општини на северноамериканскиот континент. На собирите доаѓа до израз заедништвото на македонските доселеници преку постигањата на оргаиизационо, културно, фолклорно и слортско поле, а за младите тие се место за запознааање и проширување на пријателствата и зајакнување на македонскиот поредок.

Како резултат на бројните активности на духовно поле, а особено по обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, процесот на изградба на овие храмови и организирано живеење на нашинците од сите делови на Македонија, станувал поинтензивен а особено за време на Илинден.

Така, на 14 јули 1963 година, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во Гери, Индијана беше осветена првата македонска црква во САД. Како резултат, пак, на обновувањето на Охридската архиепископија се роди Македонската православна црковна општина „Успение на Пресвета Богородица” во Колумбос, Охајо, каде била и одржана првата богослужба на македонски мајчин јазик на тој континент.

Во Детроит, пак, која е најбројна македонска колонија во САД, на 13 август 1978 година е извршено осветување и полагањо каментемелник за градба на МПЦО „Св. Богородица” чин што го извршил тогашниот надлежен архиереј митрополитот г. Кирил. И во Виндзор, градот слроти Детроит, на 12 август 1979 година беше извршено осветување на храмот „Св. Никола”, а на 3 август 1981 година во Чикаго беше осветена МПЦО „Св. Кирил и Методиј”. Во август 1982 година и во Синсинати, Охајо, беше завршена и пуштена во употреба црковната сала, која служела и како храм и културен дом.

ilinden29-3

Во македонската колонија во Лореин, Охајо, во август 1978 година беше отслужена првата архиерејска литургија од македонскиот владика г. Кирил, а во МПЦО „Св. Никола” која е за градовите Маслон, Кентон и Акрон. Во текот на Илинденските празнувања во 1989 година беше осветен камен темелникот на новиот сакрален објект „Св. Никола“ што го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил.

Сите овие црковно-национални активности коишто македонските доселеници во САД ги преземаат во текот на Илинденските лразници, претставуваат можност повеќе за афирмација на македонските традиции, верски обреди, култура и на македонската вистина во целост.

МАКЕДОНСКИ РАДИО И ТВ-ЧАСОВИ ВО САД

Радио и ТВ часовите на Македонците во САД, со мали исклучоци, главно, се изведуваат аматерски, во комерцијални цели и полуфесионално организирано, но со силен жар и ентузијазам, токму поради потребата македонските и другите доселеници од Балканот да слушнат и да разберат за состојбите, пред сеʼ, во тамошните колонии и пошироко од „стариот крај”, како што често го нарекуваат дедовското огниште.

Тие носат длабока порака: го јакнат патриотскиот дух, успеваат да го зачуваат националниот идентитет, јазикот, културата и богатите музички и фолклорни вредности на македонскиот народ. Од музички аспект, пак, за разлика од другите радио и ТВ часови во Канада, со мали исклучоци, носат пред сеʼ македонски карактер. За сите радиочасови во САД, Илинден е постојана тема и му посветуваат посебен простор.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top