Дијаспора

40 години МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТНО УЧИЛИШЕН ОДБОР НА НЈВ

mpuo3

mpuo3

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ ја одржа
Свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи
во Сиднеј

Во неделата на 27–ми мај, 2018 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи.

Македонскиот просветно училишен одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа над 400 родители, ученици и пријатели на македонскиот јазик, кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во  саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

На свеченоста, гостите ги поздрави Госпоѓата Грета Станоевска, Вршител на должноста Амбасадор на Република Македонија во Австралија, која истакна дека „со изучувањето на македонскиот јазик во Австралија се зачувува македонската култура и традиција, а тоа е и мотив, кој овозможува да не се заборават корените и врските со Република Македонија.“   Госпоѓата Луција Џонс, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата во НЈВ, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс. А македонскиот јазик е јазик основа за многу јазици во светот.“

mpuo1

 За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

Денес , кога од сите страни маккедонскиот јазик го потценуваат, а нас Македонците нѐ омаловажуваат, нѐ множат со нула, безобразно ни го крадат нашето и не учат дека сме ништожни, денеска кога, заради туѓи интереси нашите политичари го крадат нашето, должни сме, каде и да сме, колку и да сме, достојно да ја зачуваме вистината и да не дозволиме да нѐ снема. Денеска , повеќе од било кога ни се потребни мисионери, мудри филозофи и научници како Св. Кирил и Методиј.“

mpuo2

Програмата ја водеше Господинот Благоја Јосифовски, кој е  успешен млад Македонец. Во својот говор тој истакна: „Веќе 40 години, багодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува, македонскиот јазик да се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри  и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите кариери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици“.

Новоформираниот Австралиско- македонски совет за Нов Јужен Велс, за прв пат додели награда на најдобрата ученичка по македонски јазик минатата година. Наградата ја врчи Господинот Џошуа Шерман, а заслужено ја доби Марија Грозданова, која на Матурските испити освои 100 поени по македонски јазик и беше прва и во Нов Јужен Велс и во Австралија. Марија имаше по шест предмети над 90 поени и доби Награда и од Премиерката на НЈВ, Гледис Береџиклијан.

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

mpuo4

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс, за 2018 година:

Матеа Димовска, Клаудија Ристеска, Изабела Божиновска, Саша Шоповска – Хау, Кате Којдановска, Емилија Петреска, Ева Стојановска, Дејан Константин, Катерина  Дунимаглоска, Емили Колароска, Изабела Лушиновска,Стефан Котевски, Никола Кочанковски, Натали Ристевска, Антонио Петковски, Ѓорѓи  Ферманов, Симона Ѓергис, Дилан Марковски,Оливија Дак, Ајлин Дак, Џејми Дак, Ема Симоновска,Џеј Симоновски, Александар Тасевски, Лука Десков, Петар Десков, Ѓорѓија Трајчевска,Грејс  Трајчевска,Едвард Вилкенс, Софија Петровска, Оливија Наумоска, Симона Петреска, Аријана Наумоска, Антони Митрески – Димовски,Катрина Трајчевска,Сиена Петреска, Верица  Миновска,Тијана Паревска,Емилија Гашоска,Емили Миленковска,Лара Марковска,Виолета Шопова, Анастасија Василевска,Филип Апостоловски,Сара  Михајловска,Сандра  Миткова, Анамари Гурабиовска, Томас  Николоски,Томас  Марковски, Марија Треноска, Лора  Стојановска, Ивана Велевска и Ангела Јанкуловска

 Наградени Учителки за Кирил и Методиј за 2018 година

Жаклина Михајлова, Благојче Јосифовски, Лидија Славеска ,Сузана  Стојановска, Александра Кузмановска, Наташа Котевска, Дијана Јовчевска, Мери Петковска, Силвана  Трајковска, Весна Трајковска –Ѓ ергис, Елизабета  Хаџиевска,  Виолета Тодоровска, Драгица Митева,ЛилјанаСпироска, Емилија Жупаноска,Трајана Стојановска, Цвета Чумковска, Зоранчо  Маркоски, Дарко  Левковски,Билјана  Божиноска,Благојче Јосифовски,  Јадранка  Димитрова, Зора  Јанева, Сузана  Исајлова, Славица  Ристеска

Наградени личности кои го промовираат македонскиот јазик – 2018 година

Алберт Вела, Луција Таварес- Џонс, Тоде  Кабровски ,Кире Пашовски, Катрин Чапел, Ангела Лирис, Александра Ристевска, Велибор Танаскоски,Цвета Дак, Кире  Простиженовски, Ник Митревски, Магдалена Велевска, Доне Кочанковски, Вики Бошевска,Елизабета Ферманова, Гордана Клисарова,Тина Попоска,Сандра Манчини Димовска,Лидија Митреска,Билјана Јуруковска,Гордана Цвејоска Стеванс,Вера Ѓеоргиевска,Поп Наум Деспотоски, Поп Игор  Младеновски, Поп  Владо Недески, Управата на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, СБС Радио –  Радица  Бојковска-Димитровска, Менче Манева,Цане  Ристески ,Стојан Трајковски,Зара Јошевска- Travelworld Wollongong,Carlton Public School,Јове Стојановски,Македонски Телефонски Именик,Елизабета Стојановска, Иван Трпоски, Елизабет  Цесарски, Драган  Димитровски(Мак Видео), Киро Илиески, Бранко Наумовски, Македонска детска градинка “ИЛИНДЕН“, КУД „Илинден“,Пецо Наумовски,Џошуа Шерман,Билјана Кузмановска,Вики Крстевска, Емилија   Гошаревска,Црквата Свети Никола- Кабрамата

Жаклина Михајлова – Учителката

АзбукаПаметат камењата дека
те имало и пред последната,
паметат пештрите дека си
забележана како – древната.

Паметат тревите и погребните
лелеци ти ги паметат звуците,
памети традицијата, глаголите,
песните ти ги паметат и внуците….

Обновена, упростена,
прекрстена, раскостена,
ама пак на старото
си стежнала, накитена,
од Руен, кон езерата си полазала,
на север и југ, насекаде си стасала.

Многу жедни со ум си напоила,
многу страдни очи опулиле,
многу алчни грабале, лажеле,
тогаш лажни правила важеле.

Сега е време друго,
вистината во очи ни вреба,
сега ни дојде редот,
горди да бидеме треба.

Слава на Методи и Кирила,
слава на светците сугестивни,
уште поголема слава на Климента,
што буквите стари ги врати за видни.

Жаклина Михајлова, 2018

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top