Дијаспора

Забранетиот филм РУГАЊЕ СО ХРИСТОС се прикажува во Австралија

 

Во Австралија пристигна режисерот и сценарист Јани Бојаџи со неговиот контроверзен филм „Ругање со Христос“. Во сите градови во Австралија закажани се проекции на филмот и средба со Јани Бојаџи.

Овој филм минатата година на Интернационалниот филмски фестивал во Монтреал освои награда за иновација но истиот, иако финансиран од Агенцијата за филм на Македонија, беше забранет од владата на Заев. Зоран Заев изјави дека филмот „ќе му наштети на соживотот на граѓаните“, а тоа го потврди и министерот за култура Асаф Адеми, а двајцата никогаш не го виделе филмот. Каква иронија, вршат цензура на невидено. Исто така филмон направи бурни рекации во Грција бидејќи истиот ја отсликува шовинистичката политика на Атињаните кон Македонците.

                                                         Прашањето е, зошто е забранет во Македонија? Зошто овие двајца министри кои се со „врвни културни достигнувања“ го забрануваат филмот? Одговорот е едноставен, според кажувањата на Јани Бојаџи, филмот прикажува дел од ѕверствата на УЧК од 2001 година што владата со коалициските партнери сака да ги прикрие. Некои од тие владини министри беа и водачи на УЧК, а подоцна добија амнестија – воените злосторници никогаш не беа осудени. Не е ни чудно што УЧК-ите му се закануваат не само на Јани Бојаџи туку и на членовите на неговото семејство, на неговите деца.

Во филмот Бојаџи обработува четири различни приказни кои сите взаемно се вкрстуваат во една приказна. Од славното Герман и Егејскиот (поробен) дел на Македонија, егзодусот на Македонците (терор) и мистеријата на заплетканите човечки, културни и политички односи меѓу Македонците и Атињаните до Скопје и Тетово (терор) во војната со албанските терористи. Историските настани се кријат, Македонците се жртвуваат за политички цели. Тортурата од албанските терористи (качаците) продолжува во Собранието, сега во инаква форма (помогнати од СДС), со измена на Уставот, бришење на историските постигнувања, јазикот, идентитетот… изгледа дека ризично е да си Македонец во Македонија…

Прикажувањето на „Ругање со Христос“ во Сиднеј се организација од Австралиско македонскиот совет за Нов Јужен Велс во партнерство со Македонскиот театар од Сиднеј, Филмскиот фестивал од Сиднеј, КУД Илинден од Сиднеј и КУД Илинден од Западен Сиднеј, и тоа на 25 јануари со почеток во 7 часот во просториите на Civic Theatre McMahon Street Hurstville. Цената е 30 долари и заинтересираните ќе можат да си резервираат карти на телефон: Душан Ристевски – 0425 231 335; Беби Зекировски – 0438 610 133; Борче Сугаревски – 0416 477 277

Како што сме информирани на сите проекции ќе присуствува и сценаристот-режисер Јани Бојаџи. Филмот имаше две успешни проекции во Мелбурн и закажани се проекции во градовите Сиднеј, Волонгонг, Квинбијан, Њукастел, Бризбан, Аделајд и Перт.

Душан Ристевски

СПАСЕНИЕ

(Божиќна молитва)

Боже Ристос!

Роди се уште еднаш

и дојди во Македонија

за наше спасение:

Немите да прозборат

Слепите да прогледаат

Глувите да слушаат повторно

Глупавите да се опаметат.

Господе

дојди во Македонија

и спаси не од Јуда.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top