По повод одбележувањето на 95 години од убиството на Јане Сандански и 20 години од формирањето на ОМО-Илинден, штипското здружение „Македонски егеј“ организира посета на Роженскиот манастир.
Претседателот на „Македонски егеј“ Стојан Димков вели дека посетата на Роженскиот манастир се планира во недела, а сите кои што се заинтересирани можат да се пријават во нивното здружение.
– Ова е веќе петта посета на Роженскиот манастир, бугарските валсти можеби во минатото правеле проблеми за одбележувањето на смртта на пиринскиот цар Јане Сандански, но сега тие се дел од Европската унија и очекуваме едно достајно одбележување, изјави Димков.
Тој додава дека за посетата на Роженскиот манастир веќе има интерес од здруженија од Радовиш, Струмица и Скопје.