Дијаспора

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: 150 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

Goce 2

Goce 2 

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: 150 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

На 4-ти февруари 2022 година, членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“од Сиднеј, во својата библиотека во Арнклиф, по повод 150 годишнината од раѓањето на  идеологот и војводата Гоце Делчев одржаа пристојно чествување.

По читање на неговата биографија, која иако зафаќа периот од само 31 година, е доста емотивна и бурно го отсликува неговиот револуционерен живот. Гоце е еден од најмаркантните личности по Александар син на Филип Македонски, на македонскиот народ, земја и историја. 

Последниот Гоцев подвиг е минирањето на мостот од железничката станица кај селото Анжиста (Драмско).

А потоа? Потоа морници, црнина и солзи. Баница 4 мај 1903. Крвава зора. Предавство! Македонија сардисана…

Гоце сардисан… Пукот… Ах, момци. рани… И смрт! Гоце е мртов! Го убија Делчев! Го нема Гоце! Години го нема. 

Но, Гоце е мојот син. Гоце е твојот син. Гоце треба да биде внукот на твојот внук и овде во Австралија и таму во Македонија.

По неговата смрт, на Македонија и се заканува разимување, расчеречување. Македонија се распродава за циничен / насмев, а Македонците за едносмерен билет. Ние светот го разбираме како поле за културни натпреварувања нанародите, но светот не ја разбира нашата цивилизациска лозинка.

На 150 годишното чествување во Сиднеј, група поети и лубители на делото на војводата Делчев, прочитаа свои и песни од македонски поети посветни на македонскиот револуционер и водач, војводата Гоце Делчев. Еве ги нивните имиња: Марија Александрова, Иван Трпоски, Цане Ѓуроски, Петар Дамчевски – Коцин, Вера и Тоде Мицковски.

А како додаток беа прочитани и песните на Дана Тембелевска  „Гоце“ и песната за „Султана„ од поетот Бошко Смаќоски испратени од Македонија. 

Goce 3 

Иван ТРПОСКИ

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top