Дијаспора

Бендот Визија ќе се бори за големото признание на најпознатиот рок фестивал на Балканот

gitarijada

gitarijadaОбјавени учесниците на најстариот европски рок фестивал – „Гитаријада” во Зајечар, Србија.
Визија – единствен бенд од Македонија кој ќе се бори за големото признание на најстариот европски рок фестивал – „Гитаријада“ во Зајачер.

Од приближно 200 пријавени бендови од целиот Балкан, стручното жири составено од Бранимир Локнер, Драгиша Радуловиќ и Џорџе Давид ги избраа 12-те најквалитетни бендови кои ќе настапат на 47-мата Гитаријада во Заечар, која ќе се одржи во периодот од 1 – 3 август 2013. Меѓу нив, единствен бенд од Македонија е бендот Визија, кој ќе се бори за големото признание на овој најпознат рок фестивал на Балканот.

„Како и претходните години и оваа беше тешко од толку квалитетни изведувачи да се изберат дванаесет кои ќе миаат прилика да настапат во завршницата на Гитаријада, но сепак мислам дека јас и колегите направивме добар избор” – изјави Драгиша Радуловиќ, член на жирито.

Гитаријадата во Заечар е најстариот рок фестивал во Европа, со долга традиција од 47 години. Голем број на легендарни бендови од регионот токму на овој фестивал се здобиле со афирмација, а покрај нив на сцената на овој фестивал се качиле и познати светски изведувачи како:
STEVE LUKATHER, LAIBACH, URIAH HEEP, WISHBONE ASH, KEN HENSLEY & LIVE FIRE, Stan Web’s & CHICKEN SHAKE, NIGHTWING, GIRLSCHOOL, итн.

Бендот Визија опстојува на македонската рок сцена од ноември 2011 година. Членови на бендот се: Марко Џамбазоски (Соло гитара/ придружни вокали), Марко Гапо (Вокал / Ритам гитара), Лилјана Јанкова (Бас гитара/ Придружни вокали), Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Во своето едноипол годишно постоење бендот бележи настапи на повеќе фестивали, концерти и манифестации, меѓу кои може да се издвојат настапот на Т’к  так фестивалот во Кавадарци, каде што бендот беше награден, престижниот скопски фестивал – Таксират, Складиште Фест во Србија итн. Визија, покрај активните подготовки за настапите кои следуваат на повеќе фестивали низ Македонија и на Балканот, подготвува и нов материјал кој ќе биде дел од планираниот албум.

Инфо за бендот: http://www.facebook.com/VizijaMK
Веб страна на фестивалот: http://www.gitarijada.org

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top