Дијаспора

100 години од Букурешкиот договор

Janko_Tomov

Janko_TomovЈанко ТОМОВ

Негативни реакции на невладини македонски организации и подготовки за одбележување на 100 години од Букурешкиот договор

Деновиве сме сведоци на искажани непожелни зборови од страна на поедини претставници од невладини македонски организации од Република Македонија и македонската дијаспора (Америка и Австралија), преку нивни интерни известувања на Фејсбук во врска со нивните активности околу контактите со членови на Федералниот Австралиски Парламент и актуелниот Министер за надворешни работи на Австралија. Поточно, како реакција за доделување на признанија за бранење и признавање на македонскиот национален идентитет и уставното име на Македонија, на Гала вечерата во Сиднеј на 5 јули 2013 година, организирана од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), каде се наградени двајца членови на Федералниот Парламент на Австралија, Стивен Џонс од Лабуристичката партија и Лук Симпкинс од Либералната партија, а и пријателот на Македонците Боб Кар, министер за надворешни работи во актуелната австралиска влада. Негативните кажувања за наводно мешање во работите на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и на Здужението на македонските православни општини на Австралија од страна на ОМД,  по мое мислење не се коректни, бидејќи во принцип што се однесува за доделување на стимулативните признанија на свечената вечера во Сиднеј, се за поздравување и се со добра намера.

Во претходниот број на „Македонска нација“ пишував и спомнав некои поединости за недоволната активност на македонските организирани субјекти, како и за поголемите македонски организации  од Австралија и од светот, како и за  македонските заедници на државите на Австралија, дека ниту меѓусебе, ниту со поголемите македонски организации од дијаспората и од Македонија немат ниту соработка ниту коресподенција. Според мене и едните и другите, кои приказуваат извесни потребни активности за македонското делото, имаат извесна доза на љубомора едни кон други. Тие мислат дека тие се тие кои први отпочнале да го бранат Македонското национално и политичко битие, не користејќи искуства и факти од нивните претходници, врз база на кое е поставена нивната денешна активност. Тие поранешни македонски активисти, кои сеуште се активни во Македонија и во дијаспората, иако се неколку на број, како автори на национални историски и политички дела, уредници на значајни интернет изданија и тие кои како долгогодишни лидери на првите  национални и политички партии во дијаспората, успеаа да го воспостават  плурализмот, односно повеќепартискиот систем на владеење во Република Македонија, никако не се споменуваат во “поголемите” македонски невладини организации, а ниту правилно се користат нивните дела. Така испаѓа дека младите и новите македонски активисти знаат сеж и тоа што го прават е со нивна заслуга!

Во врска со горното, за тие што знаат сеж, за да ви веруваат идните млади македонски генерации, кои ќе бидат ангажирани за одбрана на македонската националност и уставното име на Македонија и сочувување на правата на македонското иселеништво и Македонците во етничките делови на Македонија, како и за општ просперитет на сите Македонци, институции и македонски влади, треба јавно да им сте благодарни на вашите предходници и да ги користите нивните дела. Дела кои се сродни со принципите на Античката историја на Македонците и на Македонија, потоа принципите на Илинденското востание раководено од плејада на борци и раководители на ВМРО, како и денешното раководство на владата на Република Македонија, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, се актуелни за современите национални и политички збивања, во кои се и нашите македонски активности кои се основа и за иднината. Ако не можеме меѓусебе да соработуваме за општото македонско дело, барем да бидеме малку културни, широкогради и толерантни, да не речам дипломати, како одраз на извесно, но потребно почитување, барем пред јавноста и пред нашите членови и младите околу нас, зошто работиме за исто македонско дело, но во различни услови и средини.

Деновиве, пред комеморациите за поделбата на Македонија, помеѓу Грција, Бугарија, Србија и Албанија во Балканските војни 1912 и 1913 година, кога е потпешан и Букурешкиот договор, како една од постарите организации и со подолго  патриотско –демократско искуство, кое е мошне активно е СМК, раководен од Тодор Петров. СМК има обемна програма, што е поврзана со активности на македонски организации од бивши борци и “Деца бегалци”, односно раселени македонски патриоти од Граѓанската војна во Егејска Македонија, а исто така и со извесни програми од поедини македонски организации од етничките делови на Македонија, кои се наоѓаат под окиупација, каде има повеќе теми од  кобната 100 годишнина за Македонците, од поделбата на Македонија и од геноцидот, асимилацијата и денационализацијата на македонскиот народ. Најголемите митинзи и теми СМК ќе ги одржи околу 10 август, а на 10 август со положување цвеќиња на паднатите борци од Балканските војни во Македонија на граничниот дел кај с. Богородица, близу Богданци и Гевгелија ќе ги одбележи овие настани.

Исто така и ОМД, раководена од Мето Колоски од 24-27 јули ќе ја  одржи 4-тата Глобална  конференција, за прв пат  во главниот град на Република Македонија, исто така со теми од 100 годишнината на распарчувањето на Македонија и Букурешкиот договор од 1913 година. Сите теми се на англиски јазик, бидејќи се од странски автори (повеќето се американски и канадски државјани со македонско потекло), а и поедини видни американски политичари, дипломати и пријатели на Македонците и Македонија. Исто така ќе има и гости од повеќе институции од Македонија. За прв пат ОМД ќе ја одржи оваа Глобална конференција во просториите на хотелот Александар Палас во Скопје, каде се очекува поголем интерес, особено од американските и евроипски држави, кои ќе бидат известени пообемно и со повеќе факти за геноцидот и тортурите кон македонскиот народ во времето на поделбата на Македонија, а најмногу од страна на Република Грција, која во Европа и во Америка е поргешен миленик, бидејќи фалсификувано е наречена “Лулка на демократијата”!?

И за крај да ги пофалам организаторите на Мировниот Комеморативен Марш 100 години од Букурешкиот договор, кој ќе се одржи во Мелбурн на 10 август 2013 година. Овој Мировен Комеморативен Марш е организиран од Македонската зедница-Мелбурн, а под раководство на познатиот патриот Јане Мавчев, инаку еден од раководителите на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ за Мелбурн и  Викторија, Австралија. Во Мелбурн е најголемата Македонска заедница и се очекува масовно учество на македонското иселеништво, што ќе го обели образот на Македонецот пред Австралиските власти, бидејќи другите македонски заедници, здруженија на македонски православни општини и македонски организации, како Австралиско Македонски Комитет за Човекови Права (АМКЧП) немаат планирани активности по повод оваа 100 годишнина од Букурешкиот договор. Според тоа, пожелно е истите претставници и нивни членови да се приклужат на некој начин на Мировниот Комеморативен Марш во Мелбурн на 10 Август 2013 година.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top