Дијаспора

Дело за големиот македонски бизнисмен

dzordz-atanasovski

dzordz-atanasovskiНа 20-ти октомври 2013 година во Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто се одржа промоција на монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Автор на оваа значајна дело е публицистот Славе Николовски – Катин. Таа е издание на книгоиздателството „Македонска искра“, во соработка со списанието „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“ од Скопје.

Ова значајно дело беше промовирано во рамките на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е во состав на црквата „Св. Климент Охридски“. Во присуство на голем број иселеници промоцијата ја отвори Маја Доневска-Ивановска, претседател на Литературнотo Друштво „Браќа Миладиновци“, а за монографијата зборуваше Менде Бакаловски, претседател на МПЦ „Св. Климент Охридски“ од Торонто.

Во неговото излагање, меѓу другото, тoј истакна:

„Монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од познатиот и признат публицист Славе Николовски- Катин, претставува осврт за ликот и делото на овој познат и признат Македонец.

Книгата е изблик на силната љубов на патриотот и големиот бизнисмен Атанасоски од САД кон родната земја – Македонија. Делото е свидетелство на убавиот збор и откривање на животот и постигнувањата на овој доблесен и голем патриот во македонската дијаспора.

Исто така, господинот Бакаловски истакна дека авторот на ова големо дело, Славе Катин е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност со своите 45 публицистички дела, потоа по новинарските и научните трудови  кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата.

Инаку, бизнисменот Џорџ Атанасоски е исклучително значајна, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Иако подолго време живее во Флорида, од своето заминување до денес, тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои на највисокото американско општествено признание „Елис ајланд“.

Монографијата за Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е значајна и по многу нешта единствено двојазично дело (на македонски и на англиски јазик) која содржи 460 страници во боја и претставува огледало за ликот и делото за големиот македонски бизнисмен. Со тоа авторот на монографијата Славе Катин успеа да го овековечи овој познат и признат Македонец, за кого со право се вели дека нему му припаѓа заслуженото високо место во градењето пријателски, бизнис и други мостови меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Ристо Стефов, Торонто

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top