Дијаспора

Стојанка Палко нов генерален координатор на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

ilinden-tirana

ilinden-tiranaПретседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана г-дин Никола Ѓурѓај  по поднесена оставка од стрна на г-дин Ерјон Танај генерален координатор на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, врз надлежностите означи нов генерален координатор Стојанка Палко, на 01.11.2013 година со мандат до 2016 година. Македонското друштво „Илинден“ – Тирана му се заблагодарува на г-дин Ерјон Танај за придонесот во Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Танај ќе продолжи да ги поддржува активностите на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана. Стојанка Палко е родена во Поградец, Република Албанија. Основното и гимназиското образование го завршува во Поградец, со континуиран одличен успех. Во 2006 година е добитник на стипендија од Република Македонија во Унверзитетот Св. Кирил и Методиј, Стоматолошки факултет, Скопје,  Република Македонија. За време на студиите има присуствувано на разни медицински и стоматолошки конгреси, исто така на семинари и обуки, што многу и` помогнаа во усовршувањето и надградувањето на нејзините знаења, вештини и способности. Од 2010 година е член на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и дописник на македонски весник „Илинден“. Дипломира во 2012 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје како Доктор по Стоматологија. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата Школа за Млади Лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов . Од 2012 година до сега работи како Доктор по Стоматологија во Тирана. Македонското друштво „Илинден“ – Тирана му посакува успех на Стојанка Палко.

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top