Дијаспора

Иселеничка грамота – 2013 г. за поетесата Жаклина Михајлова – учителката

zaklina-mihajlova

Пишува: Перо Дамчевски- Коцин

Жаклина Михајлова: „Од по жица“, Македонско литературно друштво „Григор Прличев“ – Сиднеј (Австралија), 2013 година

zaklina-mihajlova

Книгата „Од по жица“ од Жаклина Михајлова е двојазично издание, во кое се содржани вкупно 33 песни објавени на англиски и македонски јазик и поделени во три циклуси и тоа: „Живот“, „На Македонија“ и „Австралија – вечен непокор“.

Годинава, поетското небо во Македонија го обележа оваа стихозбирка, првенче на авторката од Сиднеј, која инаку е извонреден активист, која доброволно работи во македонската заедница во Австралија од првиот ден кога стапна во неа.

Годинава  Жаклина Михајлова е добитник на наградата “Иселеничка грамота“, што ја доделува Матицата на иселеници на Македонија , за најдобра објавена книга од нашите иселеници во странство, токму за нејзината прва самостојна творечка објава – стихозбирката „Од по жица.“
Жири-комисијата во состав: Христо Петрески, Иван Чаповски, Ефтим Клетников, Вера Стојчевска – Антиќ и Елена Оровчанец – Спироска, за наградената книга „Од по жица“ од Жаклина Михајлова констатира дека таа се издвојува од останатата поетска продукција со својата заокруженост и целовитост, односно со тематско-мотивските содржини и применетите изразно-стилски постапки. 
Песните во збирката се едноставно напишани за душа. Леснотијата со која Михајлова твори, всушност на површина го вади животот, секојдневната животна филозофија и стремеж, а тоа придонесува читателот да се поистовети со песните, па тие легнуваат на срце, како мелем на рана. Цел дијапазон на теми се проткајуваат низ збирката, песни посветени на најблиските, на другарките, песни кои мотивираат и инспирираат. Особено се силни и жестоки на моменти, песните за Македонија и Македонецот, кои ја отсликуваат чистата љубов на авторката кон својата родна грутка. Со песните посветени на убавините на Австралија, Михајлова, всушност  потврдува дека е умешен автор со смисла за сликање и воочување на убавото во природата, на така суптилен поетски јазик , кој предизвикува желба за препрочитување и повторно навраќање на стиховите на поетесата.

Оваа стихозбирка, всушност е како водич за подигнување на чувствата, како дневна доза на позитивното размислување, како прирачник како да се сака татковината, како потсетник за смислата на нашето постоење. Топло ви ја препорачувам, а истата може да се купи преку Македонско литературно друштво „Григор Прличев“ – Сиднеј или преку Македонскиот Телефонски Именик – Mactel, каде што Жаклина Михајлова – Учителката е една од уредниците.

Ние поетите посебно од Австралија и пошироко во Дијаспората на авторката на ова изванредно дело и` посакуваме во блиска иднина да не` изненади со нешто ново и во нејзин препознатлив стил.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top