Дијаспора

Вечер на македонска поезија оддржана во Вашингтон

makedonska-poezija-vasington

makedonska-poezija-vasingtonВо седиштето на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Вашингтон се оддржа вечер на македонска поезија на која присуствуваа Наташа Герет и Нола Герет. Вечерта ја отвори претседателот на ОМД, Методија А. Колоски кој ја информираше публиката за четвртата Глобална конференција на ОМД одржана во Македонија ова лето.

„Воодушевен сум што имавме прилика да слушнеме повеќе за Глобалната конференција на ОМД во Македонија. Ова беше одлична можност за членовите на ОМД од регионот на Мериленд, Вашингтон и Вирџинија кои не беа во можност да присуствуваат на конференцијата да дознаат повеќе“, напомена претставникот на ОМД за Вашингтон/Вирџинија/Мериленд, Жикица Пагоски. „Поетската вечер беше уникатна можност за промоција на македонската литература и национално наследство. Ни претставуваше огромно задоволство да ги слушнеме Нола и Наташа Герет, кои се истакнати литературни творци“.

Веќе неколку години како Наташа и Нола Герет работат заедно на превод на македонска поезија. Наташа Герет се преселила во САД во 1993 година. Нејзините преводи од македонски се имаат појавено во Arts and Letters и Christian Century.

„Преведувањето поезија е форма на културна промоција, бидејќи на пошироката јавност и претставува аспект на македонската уметност и култура која инаку не би им била достапна. Секако дека тоа отвори и можност за меѓукултурен разговор помеѓу мене и мојата свекрва“, изјави Наташа Герет. „Јас сум заинтересирана да пишувам за тоа како е да се живее во различни култури и предизвиците со кои луѓето се соочуваат, дури и тогаш кога заминувањето од родната земја е доброволно“.

Свекрвата на Наташа Герет, Нола Герет е професор по литаратура на Единборо Универзитетот во Пенсилванија. Нејзините поеми, како и преводите на македонска поезија и есеи се имаат појавено во Able Muse, FIELD, Georgia Review, Imagination and Place, Poet Lore, and the Tampa Review. За соработката со нејзината снаа, Нола Герет истакна: „Преводите од македонски започнаа пред десетина години со телефонски повик од мојот син, Чан, велејќи: Мамо, сретнав една девојка и таа знае да прави полнети пиперки подеднакво вкусни како твоите!

Проследен е примерок од една од поемите напишани од Наташа Герет.

Од каде си?

Порано бев од писма и телефонски јавувања.

Сега сум повеќе од тастатури,

Пропуштени свадби,

И зелени царински формулари.

Клатно сум –

Што се ниша во 6-часовни интервали,

На мојот двоен часовник,

Иднината е моето минато и повторно мојата иднина.

Јазикот ми е оној од разгледниците и налепниците по куферите,

Од лења пита и по некој ајвар.

Живеам на авенијата “Погрешно изговорени”,

Јас сум Хаклбери Фин,

Напишан на кирилица.

Наташа Герет

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top