Дијаспора

Во Сиднеј – Австралија, подем на македонската култура

podem1

Иван Трпоски

Минатиот петок и сабота имавме можност да ги видиме двете последни престави на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Со тоа заврши нивната сезона за оваа година и како што бев информиран од Управата за почетокот на наредната година се најавува нова престава, а и можно гостување во Македонија.

podem1

На завршната престава се виде професионализмот на целата екипа која даде се од себе да ја задоволи публиката и да ги прикаже ликовите на начинот на кој ги замислил авторот. Пораките беа јасни но испреплетени во животите на две македонски семејства соочени со секојдневните здравствени и културни предизвици, сонови и очекувања и смртта како неизбежен предизвик во животот. Интересно беше што најмладата артистка Валери Пеовска која ја заменуваше Стефани Степановска успеа така спонтано да се вклопи во самата екипа и да донесе свежина во преставата. Бабата Велика, која ја играше Јаворка Котевска, со секое излегување на сцена беше пречекувана со воодушевување – нејзиниот карактер беше близок и мил. Тука беше и извонредната динамична сценска енергија што ја створија Ирена Вељанова, Васко Србиновски, брачниот пар Никола и Валентина Апостоловски, како и Владо Сазданов кој донесе комична свежина во преставата и „медицинскиот тим“ со Самоил Митревски и Мена Ристевска.

podem2

Со овие престави кои беа прикажани на англиски и македонски јазик како дел од програмата на Hurstville Discovery Festival, драмата „Борење со мечка“ беше земена како централен фокус на целиот фестивал, односно на Конференцијата – форумот за здравје и уметност (Arts and Health Forum) на кој зедоа учество врвни предавачи како Helen Zigmond, директор на Институтот за креативно здравје, која зборуваше за влијанието на уметноста врз здравјето и водечката улога што Австралија ја води во светот благодарение на иновативните програми на емигрантите; Dr Astrid Perry, директор на Мултикултурната служба за здравје која специфично зборуваше за драмите „Страв и срам“ и „Борење со мечка“ кои се вклучени и во програмите за обучување на здравствените работници и студенти; почесниот градоначалник на Хрствил Philip Sansom зборуваше за улогата локалните Влади што ја имаат во нудење на услови ваквите културни и здравствени програми да се развиваат. Двете престави беа отворени со Мултукултурниот хор Fiestaville, воглавно составен од Кинези и Индијци, со изведбата на македонската песна „Дојди моме на вечера“, интерпретирана на македонски, кинески и индијски. Покрај културната програма се промовира и македонската кујна преку мазници, зелници, ајвар и македонското вино.

podem3

Убаво е да се забележи дека драмата „Борење со мечка“ имаше седум изведби на македонски и три изведби на англиски јазик и можам слободно да нагласам дека не постои театар во дијаспората кој вака наизменично ги дава своите престави, а со тоа да се заклучи дека Австралиско македонскиот театар од Сиднеј е Амбасадор во промовирање на македонската култура во светот.

podem5

podem4

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top