Дијаспора

Револт кај Македонците во Македонија и во дијаспората

makedonci-melburn

Пишува Никола Ставрески – Мелбурн

makedonci-melburn

Македонија раѓала и јунаци и душмани, јунаци имало и ке има и со нив се гордееме каде и да се`, но за душманите казните стигнувале поскоро или покасно.

Еден од последните душмани за нас Македонската дијаспора е политичкиот шут Ивон Величковски, кој доволно не ја познава дијаспората и се престави како потрчко на нашиот јужен сосед со намера дека може да ги исполни нивите барања, но заборави дека од моментот на неговата изјава станува непријателски душман за век.

Сакам да напоменам дека во дијапората скоро сите организации користат лого и амблем со лавот или сонцетот од Кутлеш, ќе наведам неколку за да може не само Ивон Величковски туку и сите неупатени да ја дознаете вистината:

http://unitedmacedonians.org/, http://macedoniansinalbania.org/, http://www.macedonianhr.org.au/, http://www.narodnavolja.com/, http://www.ilindentirana.com/,http://www.omoilindenpirin.org/, http://www.ancientmacedonia.com/, http://www.makbiz.net/, http://www.macedonianhistory.ca/,http://www.makbiz.com.au/, www.falanga.com.au и уште стотици веб страни на Македонски фудбалски клубови, играорни групи итн.

Скоро на сите македонски гробови во дијаспората е поставено сонцето од Кутлеш и со кој памет зборува Ивон Величковски зарем не е свесен дека со неговиот непромислен потег навредил илјадници Македонци?
Иво Величковски наместо да наведе да се забрани употребата на странски знамиња во Република Македонија пред се` на Албанското тој експресно забегал со изјава да се забрани Македонското национално знаме кое ги обединува Македонците во целиот свет и истиот тој симбол е симбол на Светскиот Македонски Конгрес, каков апсурд од него.

Денес поедници и преставници од Македонски организации од Македонската дијаспора реагираат бидејќи се навредени од Ивон Величковски и бараат под хитно да се укине Либералната Партија, затоа што е антимакедонски настроена од минатото кога лидер им беше Стојан Андов па се до денес.

Македонците бараат средба на наша територија во Австралија пред се да ни гостува Ивон Величковски подетално тој да ни објасни зошто толку политички забегал а наше е да му објасниме како што му објаснивме во минатото на Мартин Треневски и Илинка Митрева кои лично верувам се алергични на Австралија.

Исто така јавно ги повикуваме сите Македонци каде и да се` никогаш повеќе да не гласаат за оваа антимакедонска партија која не навреди во прв степен, ниту пак да гласаат за коалиција во која што оваа партија членува!

Колку ке биде неказнет Ивон Величковски и Либералната Партија времето ке покаже.

Извор: Агенција за ислеништво на Македонија – писма

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top