Дијаспора

Голем успех на младите пијанисти од Македонија

pijanisti-uspeh-2

pijanisti-uspeh-2

На меѓународниот натпревар за пијано – четири раце кој се одржа неодамна во монденскиот град  Монте Карло, пијанистките Јована Трајчева и Инес Неделковска од класата на доц. Нина Костова освоија II награда. Првата награда воопшто не беше доделена, со што нашите млади пијанистки се здобија со највисоката награда и признание на натпреварот. Од вкупно 7 категории, тие се натпреваруваа во Супериор категоријата каде што Инес, најмладиот учесник  со само 10 години, се натпреваруваше на исто ниво со останатите пијанисти, кои беа над 20 години.

На овој реномиран меѓународен натпревар учество земаа над 100 учесници од многу земји ширум светот како Франција, Италија, Русија, Јапонија, Република Чешка, Романија итн. Интернационалното жири беше составено од 7 члена.

– Во првите 5 категории се свиреше по една зададена композиција, а само во “Супериор ” (во која ние учестувавме) и највисоката категорија „Мастер“ (каде што настапија професионални пијанисти) покрај зададената композиција се изведуваше програма во траење до 15, односно 20 минути. Ние ги изведовме делата од В.А.Моцарт, Г. Гершвин и  С.Прокофиев. Уживав во соработката со Инес и ме инспирираше нејзината желба за музицирање. Со оглед на нејзината возраст нејзиниот пристап и свирење беа навистина професионални- изјавува Јована.

pijanisti-uspeh-1

– Јас бев многу возбудена за овој натпревар затоа што за прв пат свирам пијано – четири раце, но и затоа што свирев со Јована која е многу поискусна пијанистка од мене, со многу успеси зад себе. Чувствував огромна одговорност заради довербата што ми беше дадена од страна на моите професори, доц. Нина Костова и проф. Романова, па затоа работев напорно и секојдневно вежбав по неколку часа. Бев најмладиот учесник во таа категорија, и бев многу среќна заради пофалбите од членовите на жирито и од публиката. Но во исто време бев потполно свесна дека после овој успех ми престои уште повеќе вежбање и поголема посветеност. Едвај чекам да ги добијам новите композиции што треба да ги свирам- вели 10 годишната Инес.

Јована Трајчева е студент – 3-та год. на факултетот за Музичка Уметност во Скопје и е добитник на повеќе награди на  државни  и меѓународни натпревари и има реализирано бројни  солистички концерти.
Инес Неделковска е 5-то одделение во ОУ “Лазо Ангеловски”  и  ДМБУЦ  “Илија Николовски – Луј “. Оваа година  Инес два пати настапи како солист со оркестарот на Македонската Филхармонија и има освоено повеќе први награди на домашни и меѓународни натпревари.  Двете млади пијанистки се во класата на  Нина Костова – Јаневска – доцент на ФМУ Скопје,  а под менторство на истакнатиот педагог проф. Људмила Романова.

Marina Stojanovska

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top