Дијаспора

Голема прослава за Денот на жената во Мелбурн

PROSLAVA-ZA-DENOT-NA-ZENATA-VO-MELBURN

PROSLAVA-ZA-DENOT-NA-ZENATA-VO-MELBURN

Како и секоја година така и оваа во прекрасниот амбиент на Sheldon Reception сопственост на нашите Иван и Лидија Нешковски, се одржа големата прослава по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Во организација на Македонско-австралиската организација прославата беше во знак на оддавање почит кон постигнувањата на жените во нивната борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Во говорот од претседателката на MACO, Лидија Нешковска беше нагласено дека жените и ден денес имаат важна улога во општеството и нивната борба денес се насочува и кон напорите за признавање на Македонија од страна на Австралија под нејзиното уставно име.

PROSLAVA-ZA-DENOT-NA-ZENATA-VO-MELBURN-1

На овој ден им се доделија и признанија – статуетки, на жени од Македонската заедница во Викторија за нивната долгогодишна активност и голем придонес за заедницата. За најуспешна жена оваа година е прогласена Д-р Сузана Котевска. За волонтерски активности во последните 30 години признание им се додели на Данче Џиков за посветеност и помош за зачувување на верата и јазикот,Снежана Талевска доби признание за зачувување на традицијата а Ана Стерјовска за најдобар студент по Македонски јазик во Викториското училиште за јазици.

Почесен гостин на оваа прослава беше и австралискиот пратеник Ендрју Елсбери (Andrew Elsbury), најголемиот лобист за Македонија во Викторија. Тој  ги поздрави присутните и им го честита Денот на жената на сите Македонки.

PROSLAVA-ZA-DENOT-NA-ZENATA-VO-MELBURN-2

Забавниот дел го збогатија специјалните македонски танчери од Кобра Кис , оркестарот Китка и гостите од Македонија, Молика Џуниор.Водителка на програмата беше Соња Стојановска.

На сите присутни жени MACO им подари цвеќиња и им го честита 8- март со желби за уште поголеми достигнувања и успеси во Заедницата.

Гордана Димовска
Фотографии од Никола Неделковски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top