Дијаспора

Гордост е да бидеш Македонец во Австралија

aleksandar-dzepovski

Александар Џеповски

aleksandar-dzepovski

По утрото се познаваше денот, уште од моментот кога Македонскиот пратеник од водечката Либерална Партија, господинот Никола Мицковски јавно го жигоса грчкиот пратеник од опозицијата Ендрју Ционис, познат националист и симпатизер на Златна Зора… терајќи го да се извини на целиот Македонски народ и државата Македонија, нарекувајќи не Фиромци и дека не требало да ни се даде простор за прослава на Македонскиот ден на независноста – 8 Септември. 

Градот Сиднеј со општина Рокдаил во државата Нов Јужен Велс, на познатата  и фамозна легендарна улица Кинг стрит, го прослави спектакуларно во свој типичен Македонски амбиент овој свет ден за Македонците.

Гости беа многубројни личности од јавниот живот на Австралија, но народот Македонски беше  тој заедно кој со Амбасадорот Трпе Велевски и пратениците од Македонско потекло од Либералната водечка партија, Никола Мицковски и Петар Ристевски ги заслужија сите епитети како главни актери на овој настан на годината. 

Народот со солзи во очите ги пееја стихобите од Песната Еден е Александар Македонски, како и песната Дај ни Боже машко чедо, мери го кантар, ни помалку ни повеќе, како Александар наш Македонски. Искрените солзи ја пренесоа пораката и ја видоа грчките пратеници, кои дојдоа на инспекција и се запрашаа зошто Грците не пуштаат солзи кога се спомнува името на Александар. 

Знамето на Македонија беше гордо подигнато од Амбасадорот Веле Трпевски, кој ги поздрави присутните од името на сите Македонци и Владата на Република Македонија. Говорот на пратеникот Никола Мицковски предизвика еуфорија кај Македонците, затоа што Мицковски не пропушти ни оваа прилика да им даде до знаење на Грците и целокупната јавност дека Македонија сака исто сонце и покрив над ова небо и како таква нема да смени име и да попушти под притисок. Преку Мицковски, Македонците даваат порака дека и деца родени во туѓина не ја даваат Македонија и да знаат оти посилни и поцврсти се Македонските гени, неподложни на асимилација. Напротив… 

После ова манифестација, започна синхронизирана прослава и на Македоното фудбалско игралиште на Ф. К. Илинден, каде под организација на МПЦ се направи пикник  со  сите видни гости кои имаа можност за порелаксирано дружење. Убаво беше и голема чест и гордост да се биде Македонец по повод празникот 8 Септември, денот на независност на Македонија, од каде беше испратена порака до Македонија и целиот свет дека Македонците постојат и се повеќе од било кога сложни и дека никогаш нема да изчезнат и да се асимилираат, кажани во песната Еден е Александар Македонски – КРВТА НЕ Е ВОДА, ПА ДА ИСПАРИ, КРВТА ТВОЈА Е НАША МАКЕДОНСКА.  Токму тоа низ солзи и со пиетет го покажа Македонскиот народ во Рокдаил, Сиднеј, Австралија на денот на независноста на Македонија во 2014 година.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top