Дијаспора

Австралиско македонскиот театар ќе земе учество на Discovery Festival

michele-stevens

На 10 октомври оваа година, заменик градоначалникот на градската општина Хрствил, Michelle Stevens, официјално го отвори традиционалниот културен фестивал Discovery Festival организиран од самата оштина во Сиднеј. Фестивалот започна со отворањето на изложба каде беа изложени повеќе од 100 експонати на локалните ликовни уметници.

Фестивалот кој ќе тра еден месец ќе опфати поголем број на културни збиднувања од полето на музиката, фолклор, балет и хорски претставувања, ликовната уметност, промоција на книги и поетски читања, прикажување на кратки филсми остварувања и театарски претстави. На Фестивалот ќе земе учество и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој ќе го прикаже најновото драмско остварување на драматургот Душан Ристевски.

Австралиско македонскиот театар премиерно ќе ја изведе драмата „The Fence – Ограда“ на 14 ноември во Civic Theatre во Хрствил, во режија на Стефо Нанцу, а улогите ќе ги толкуваат Стефо Нанцу, Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Валери Пеовска, Петар Павловски, Иан Шира, Салех Сакаф, Џумана Танана, Мохамед Танана и Есра Танана.

При отворањето на Фестивалот, Душан Ристевски даде краток преглед за најновото драмско остварување кое обработува теми од австралискиот мултикултуларизам и борбата да се зачува и почитува идентитетот на нациите кои живеат во Австралија.

Иван Трпоски

michele-stevens
Фото: Заменик градоначалникот Michelle Stevens во придружба на Душан Ристевски и Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top