Дијаспора

Од патувањата по светот – Израел (3)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ЕРУСАЛИМ – ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Како нераскинлив дел од Тел Авив, на јужната стра­на е сместен градот Јафа или Јафо. Во него жи­веат и Евреи и Арапи и тука се измешало и ста­ро­то и новото, и библиското и современото. Таму ја по­­сетивме Католичката црква „Свети Петар“, каде апос­толот ја ставил раката врз девојката Табита, која подоцна оживеала. Го посетивме и стариот дел на градот, во чија непосредна близина на црквата се вгнездиле познати уметници и отвориле  галерии на улиците што ги носат имињата на зодијачките знаци.

Тел Авив, заедно со градовите Хаифа, Еру­салим и Тиберијада се познати во светот по ре­же­њето, брусењето и продажбата на дијаманти. Всуш­ност, шеесет отсто од приходите на државата се ост­ва­руваат токму од дијамантите. А, брусењето на дијамантите е еден од најпознатите занаети на Евреи­те. Со оваа дејност Евреите почнале да се за­ни­маваат уште од најстари времиња, кога не биле си­гурни каде ќе останат и каде ќе им биде нивната др­жава. Во честите прогонувања и преселби, тие пос­тојано размислувале како да најдат нешто што ќе им обезбеди живејачка и лесно ќе се пренесува, за да не им прави проблем при честите преселби. Единствено решение им биле светлите ситни ка­ме­њa, што ги чувале како очите во главата и ги прене­су­вале во џебовите, во чорапите, во чевлите…

Често се вели дека историјата на човештвото е оградена со ѕидови. Меѓу нив, три заземаат посебно место: Кинескиот ѕид, граница меѓу цивилизацијата и вар­варството; Берлинскиот ѕид, сведоштво за една умисла да се пресече живото европско ткиво на два де­ла; и Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната сред­ба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

Западниот ѕид, наречен од британската ман­да­торска  управа како „Ѕид на плачот“, поради секој­дневните, честопати со солзи накапени моли­тви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото свети­лиш­те во јудеизмот. Тоа е храмот кој на едно возвишение во Еру­салим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

При посетата на Ерусалим се уверивме дека тој е исто­рис­ка крстосница на многубројни свети места; со посебна архитектура обли­кувана исклучително од ерусалимски камен ваден од пусти­ната со конфи­гурација на мали ритчиња од чии ви­со­чинки може  да  се види Мртвото Море. Инаку, уште од времето на Британците пос­тои за­кон со кој се регу­лира  изградбата  на  сите згради, куќи  и други об­­јек­­ти, да бидат исклучително со бел делкан камен.

erusalim
Вечниот Ерусалим

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми  населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ… Според тоа тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потек­нува и денешното негово име – Ерусалим, што значи „град на мирот“. Меѓутоа, за постоењето на  Еру­салим – местото на Христовите маки, смртта и вос­крес­нувањето, во текот на последните два миле­ниумa не е врзан поимот мир. Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Ни­ка­де толку жестоко не се воделе борби, никаде толку гневно не се мразело и напаѓало како во овој свет град што е сместен на студените и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот напра­виле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Приказната за Ерусалим почнува кога моќ­ниот крал Давид го купил ридот над градот. Целта му била да изгради свет храм каде што би бил сместен Заветниот ковчег во кој се чувале плочите со Десетте Божји заповеди што Господ, преку Мојсеј, им ги објавил на децата на Израел. На кралот Давид, моќниот творец на првата еврејска држава, сепак, не му било дозволено да го изгради храмот, не­говите ра­це биле крвави. Таа света должност ќе стане ама­нет на неговиот син Соломон.

Уште од Мојсеј, од колено на колено се пренесувал споменот на илјадниците Евреи кои останале затрупани под камењата на египетските пирамиди. Градењето на светиот храм како трајно седиште на Заветниот ковчег, би требало да биде паметник  за годините на ропството, но и решеност ни­когаш повеќе да не се градат кули за туѓите господари или бесконечно да се талка по пустините. Со храмот, Евреите се пронаоѓаат самите себеси, на својата земја, под сенката на светилиштето кое ќе биде печат на нивниот сојуз со Бога. Градот Еру­са­лим станува свет град, а храмот светост над светос­тите.

erusalim2

erusalim3

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top