Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (30 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Што се однесува до “грчката култура” што ја ширел Александар, само ќе кажеме дека тој ширел сегменти и од македонската, тракиската и другите балкански култури. Освен тоа, веќе наведовме податоци од кои јасно се гледа дека многу значајни сегменти од таа “грчка култура” Грците ги превзеле од постарите балкански народи и пошироко.

Но, истиот тој автор Улрих Вилкен, во истата своја книга, нуди и сосема поинакви податоци за Македонците, кои повеќе или помалку одговараат на историската вистина.

 Пишувајќи за односот на македонскиот крал Александар Први кон Грците (Хелени), Вилкен со право пишува дека нему не му било дозволено да учествува на грчкките олимписки игри затоа што бил сметан за “варварин” (човек од не-грчко потекло). Во врска со ова Вилкен пишува: “Александар Први Македонски чувствуваше симпатии кон Грците и сакаше да учествува на Олимписките игри, на кои само Хелените имаа пристап,но прво беше одбиен како варварин, па мораше да го докажува педигрето на својот дом, Аргеада, на Тераклид Темен од Аргос, по што беше примен како натпреварувач. Оттогаш кралевите на Македонија имаа третман на Хелени, но, како  и порано, така и потоа, нивниот народ беше сметан како варварски”.

 Во врска со етничките разлики помеѓу античките Македонци и Грците, Улрих Вилкен, сосема јасно запишал: “Македонците беа наполно здрав народ. Тие не беа тренирани како грчките атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа и многу лоши навики, останати од дамнешните времиња, како што беше неумереното пиење, со што, во очите на Грците беа вистински варвари. Меѓутоа, антагонизмот беше реципрочен, бидејќи Македонците беа израснати во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Хелените”.

Подоцна,  по смртта на Александар Македонски, Грците биле едни од пр¬вите народи што се кренале на востание против македонската окупација на нивната земја. На стр. 295 од својата книга Вилкен пишува: “По веста за смртта на Александар, во Грција избувнаа нереди, кои сосема ја избришаа Коринстката лига. Под водство на Демостен, кој со големи почести беше примен назад, Атина се крена и ги повика Грците да се борат за слобода против Македонија”. 

Вилкен пишува и за силно развиеното чувство на етничка македонска припадност. Во врска со ова на  стр. 203, читаме:

“Александар успеа да ја задржи во свои раце војската, офицерите и другите. Во нападот или во битката тој беше постојано ист – тој беше крал на македонската нација”.

Ваква контрадикторност во однос на толкувањето на историските настани, од еден ист автор и во една иста книга, постои и на други места. Кај овие автори практично не дошло до кристализирање на вистинските историски состојби. Од една страна тие биле под влијание на грчката пропаганда и грцизмот, но од друга страна, силата на аргументите им налагала да произнесат и поинакви гледишта.

Не треба да се запостави ни фактот што во 19 век посебно бил развиен грцизмот во Европа. Тогаш била создадена грчката држава како христијански пандан на Отоманската империја и затоа речиси цела Европа ја поддржувала оваа мала грчка држава. Тогаш почнуваат да се пишуваат книги во кои се глорифицирала грчката историја. Драстичен пример за ваквите автори е прускиот автор Драјзен. Меѓутоа, Вилкен (како автор од првата половина на 20 век), иако очигледно бил под влијание на овие, во тоа време, “општо прифатени” ставови, се обидел да понуди и поинакви аргументи.

За Вилкен можеби треба да се покаже разбирање и затоа што тој пишувал во време кога се уште низа значајни пронајдоци од македонската историја не биле познати.

Но, да се вратиме на културата.

Постојат изразени разлики и во уметноста помеѓу Македонците и останатите антички соседи.

Овде накратко ќе се задржиме на разликите во архитектурата. Така, на пример, Еуген Борза (цит. дело) пишува дека една од главните карактеристики на македонската уметност било созда¬вањето илузија. Овде читаме:

“Архитектурата на фасадата не е структурна (како кај Грците), туку таа е стриктно орнаментирана. Главниот архитектонски принцип е креирањето на илузија”.

 И понатаму:

“Не само што Македонците ги развија ‘илузорните фасади’, туку тие исто така достигнаа висок дострел во полихроматското сликање, а го достигнаа и врвот во архитектонските карактерис-тики, покривајќи ги  ѕидовите и таваните со различни дизајни. Во сликарството исто така е застапен принципот на создавање илузија, а бројните декоративни архитектонски карактеристики, кои биле работени во калап во релјефите на грчките објекти, во македонските гробници биле работени директно врз гипсениот малтер”.

Помеѓу античките Македонци и Грци постоеле разлики и во фолклорот. Забележани се описи на две македонски народни игри. Едната се викала Телесија, и таа била вид на воен танц. Другата игра се викала Карпеа и во неа со мимики, во ритамот на шупелката, се прикажувало крадењето на волови.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top