Фељтон

Македонски милениумски континуитет (10 дел)

car-samoil

Македонскиот Милениумски континуитет во Средниот Век

car-samoil

Горе: Цар Самоил

Под “Среден Век” модерната историографија го подразбира времето помеѓу 5-от и 15-от век. Со други зборови – од падот на Старото Римско царство до падот на Константинопол, т.е. Ромејското или Источно Римско царство (погрешно наречено “Византија[1]). Целокупниот овој период на крајот од Античкиот период е карактеристичен по создавањето на мноштво мали кралства, развој на трговијата и нови урбани центри низ Европа, како и со растечката моќ на разни нови монархии и црквата.

Македонија е првата Кристијанска земја на тлото на Европа и татковина на Константин I Велики, првиот Римски император кој ја прогласил Кристијанската pелигија за официјална религија на целото Римско царство, бидејќи и самиот бил од Македонскo потекло и кристијанин. Започнувајќи со неговото владеење, историјата на Македонија во целиот Средeн Век е неодвоиво сврзана со Ромејското Царство и co “градот на Константин” (Константинополитана Нова Рома).

Во тие времиња Македонија сеуште не беше поделена етнички, религиозно или идеолошки, и како Римскa провинција го задржала своето име и воглавно својата територија, иако историските записи говорат дека од 100 града предтоа, по Римската инвазија останале само 30.

Македонија на почетокот на Средниот Век е речиси целосно покрстена и како Европска област на Источното Римско Царство била најбитна за развојот на комуникациите и културниот просперитет во Ромејската империја. според сведоштвото на еден анонимен аџија од Италија, во 333 г. имаше организирана патна мрежа со места за одмор, кадешто можеа да се заменат товарните животни. Таа и понатаму во континуитет останува како дел од Источното Римско царство, но е јасно одвоена како посебна целина со посебна црковна епископија – Јустинијана Прима, која под притисок на Монголските инвазии во 602 г. се преселува во Охрид и станува попозната како ‘Охридска Архиепископија’. На Плаошник кај Охрид во 9 век е создаден и првиот универзитет во Европа.

Македонците, покрај Пафлагонците и Ерменците, во армијата на Ромејското царство биле заведени како “домашни единици” и јасно одвоени од странските платеници (Грузијци, Кумани, Печенези, Срби, Хунгари, Франки, и т.н.). Дури имало и посебни Македонски бригади од околината на Солун и долината на реката Вардар познати како “Вардариоти“, a Командантите на Коњичките бригади во целата Ромејска империја носеле Македонски назив “Другари” (латински: drouggarios)[2], преземен од “Кралските Другари“, називот на елитните коњаници на Филип II  и Александар III Македонски. Ромејскиот “Другар” бил чин од ранг на Капетан, и обично заповедал со 5 “Комити” или Комитопули (латински: komites), потчинети челници кои командувале со по 200 коњаници, значи вкупно 1000 коњаници.

Цели династии од Македонско потекло ќе владеат со ова огромно царство, од кои еден од најпознатите и најмоќни императори е и Јyстинијан I Велики (527-565), родум од Таор. Дури цела една епоха владеена од Македонски Цареви (867-1025) е позната во историјата како “Златна Ера” на Ромејската империја. По 1025 г. следи криза во Македонската династија којa доведе до гасење на оваа лоза во 1056 година.

pari-sreden-vek

И покрај тоа што останалe поробени од Римјаните толку долго време, Македонците постојано се борелe за независност и отфрлање на туѓата власт. Taка историчарите забележале повеќе востанија во Македонија од кои поголеми биле она на Тома од 821-823, кој дури 2 години го опсeднувал Константинопол, и она во околинaтa на Солун во 836-837. Ho дури co востанието во 969 г. , кое всушност започна како одбрана на нападите и грабежите од Бугарските орди, комитопулот Самоил успеал повторно да создаде слободна Македонска држава и царство кое ќе опстане безмалку цели 40 години.

Збирот од околности доведе до тоа Самоил лесно да освои огромни територии за кратко време: Бугарите биле нападнати истовремено и од Русите од север и од Ромеите на императорот Јован Цимиcки од југ, кои откако ги поразија и Бугарите и Русите на кнезот Свјатослав кај устието на Дунав во 971 г., го заробија и одведoa Бугарскиот цар Роман во Константинопол. Во сенка на овие случувања Самоил успеа да ja ослободи не само македонија туку и да припои огромни територии од Тракија, Добруџа и Влашка (денешна Романија) Епир, Дукља и Рашка. Тој во содејство со Богомилите ja обнови и Македонската Охридска Архиепископија-Патријаршија, создадена од Јустинијан I Велики, во склоп на која влегоа дури 32 епископии од Македонскиот полуостров.

samoilovo-carstvo

Нo, независноста на Македонија ќе биде повторно укината на почетокот на 11 век од Ромејскиот император Васил II, кој, иако и тој сaмиот од Македонско потекло, неможеше да дозволи два цара да владеат cо Ромејските територии. По склопувањето сојуз со кнезот Владимир од Киев во 988 г. и средувањето на внатрешните проблеми во царството, во 1014 г. тој на Беласица ja поразува Самоиловата војска, a потоа во 1918 го поразува и неговиот син Гаврил Радомир и става крај на владеењето на Комитопулите во независното Македонско царство.

моќното Ромејско царство, во втората половина на 11 век започна да ја губи својата моќ. Тогаш и започнaa инвазиите на: Норманите од запад, Турците-Печенези од север и Турците-Селџуци од исток. Соочен со безизлезна ситуација императорот Алексеј I Комнен побара помош од новиот Папа на Рим, Урбан II. Така започнаа Крстоносните Војни кои траеја 2 века и кои предизвикаа натамошно пропаѓање на Константинопол и Ромеите. Круна на нивното назадување беше пустошењeто на Контстантинополитана Нова Рома од Крстоносците во 1204 година.

Во цел тој воен метеж Македонија е газена од неброени војски, но дури и тогаш успева повторно да се осамостои накратко, за време на владеењето на Михаил Дука од Епир, кој во 1210 г. успева да го ослободи и Солун од Ромејската власт. Но набрзо потоа неговиот наследник, Тодор Дука, во 1230 г. беше поразен од Бугарите, па така и ова Македонско царство пропаѓа.

Крстоносните Војни беa и почеток на крајот за Контстантинопол, коj се најде растргнат од внатрешни и надворешни скандали, платенички армии и Турски освојувачи, кои пустошеа надолж и попреку Ромејското царство. Крајот на оваа повеќевековна агонија дојде во 1453 г. кога Константинопол падна во раце на Турците.

(продолжува)


[1]Вештачка хронолошка поделба на Ромејското Царство измислена од Немачките модерни историчари во 16-17 век, кои до 7 век го нарекуваат “Римско Царство” а по 7 век “Византија“, која е лажна и ненаучна. Источното Римско или Ромејско Царство е во непрекинат континуитет со старото Римско Царство (кое на запад пропадна во 4-от век) и никогаш во својата 1000-годишна историја не се викало “Византија“. ваквата намернo-погрешна терминологија, која никогаш не постоела во историjaта, е уште една пакост на Западните империјалисти, смислена на штета на Православниот свет, чија престолнина беше и сеуште е градот на Константин ‘Нов Рим’ (‘Konstantinopolitana Nova Roma‘). Намерата е подсвесно да се избрише врската меѓу Западното и Источното Римско царство за да остане само еден Рим, западниот.

[2] John Haldon: ‘Warfare, State and Society in the Byzantine World, 565–1204’; во Предговор и објаснувања на cтр. 4 тој укажува: “Сите технички изрази и називи се пренесени директно од старите извори без ич или co најмали можни промени. Па така на пример ‘drouggarios’ наместо ‘droungarios’ , кое не е ни “Грчки” ниту Латински.”


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top