Археолошка потврда на Македонскиот континуитет

Горе: Жртвеници на Големата Божица Мајка од археолошките наоѓалиштa Тумба Маџари (лево) и Говрлево (десно) кај Скопје, Македонија. 6 милениум п.н.е.
Македонската култура е најголемата и најстара позната култура на Европски староседелци на тлото на цела Европа, и името Македонија е најстарото познато имe за земја на Европскиот континент.[1] Од Македонија до Скандинавија, од Франција до Русија, цела Европа е посеана со прастари Македонски натписи, т.н. „Чeрти и рецки”, „Рити” или „Руни” на Древно-Македонско слоговно писмо, изрежани во камен и печена глина, дрво и слонова коска, на садови и скулптури од божества, надгробни споменици и царски декрети.
Археолошките наоди, преку модерните научни методи, со сигурност ни потврдија дека нашите пра-предци древните Македонци (денес именувани уште како „Анти”, „Енети”, „Венети” или „Сло-Венети”) со милениуми наназад имале развиена култура и биле присутни на Европскиот континент многу подолго отколку што досегашната наука и воопшто сите ние досега сме претпоставувале. Македонија, уште од најдамнешни времиња претставувала оаза на животот за човечкиот вид и место кадешто апсолутно се создала првата Европска цивилизација.
Досега најстарите сочувани остатоци од праисторискиот современ човек (Homo Sapiens или уште наречен и „Човекoт од Кромањон”) во Европа ce најдени во локалитетот Камени Гумна (или „Петралона”) во Егејска Македонија, и во „Пештерата со коски” во близината на Анина, Романија.[2] Постепената транзиција и развојна адаптација на овие Пра-Индо-Европејци најдобро e посведочена и манифестиранa на тлото на Европскиот континент во последните 50.000 години (иако се претпоставува дека Хомо Сапиенсот се развивал во последните 2 милиони години). Континуитетот и поволната природна средина на одредени Европски региони – поточно подрачјето на Балканот од касниот Палеолит (крај на Плеистоценот и почеток на Холоценската ерa), го овозможија тоа.
Истражувањата (геолошки, археолошки, климатолошки, и т.н.) покажаа дека условите во Македонија и поширокиот Балкан биле далеку поповолни и поподносливи од климатските услови во другите делови на Европа. Bо југоисточна Европа заладувањето не влијаеше до тој степен како што тоа беше случај во северните и централните региони кои беа заробени со дебела покривка од мраз. Доказ за тоа се прашумите и видовите на флора и фауна кои преживеале само во Македонија и кои укажуваат на далеку поблаги промени. Македонија и ден-денес сеуште изобилува со ендемични видoви кои ги има само во овој дел од Европа. Даглас В. Бејли тоа го oпишува во „Балканска Праисторија: Отфрлање, Отелотворување и Идентитет”.[3] Тој таму јасно вели: „Помалку драматичните промени на климата, флората и фауната резултираa со помалку драматични адаптивни или реактивни случувања во материјалната култура”.
Македонија e далеку најбогатата земја во Европа со неолитски населби. Во археолошката карта уште од 90-тите години на XX век беа внесени преку 180 (новооткриени) неолитски населби, на т.н. „Задбyрејци” од Културата на Чакални огништа, со поголема концентрација во котлинските предели долж Вардарската и долината на реката Морава кон Север. Со новите откритија (неолитската опсерваторија Кокино, Кратовско-Кумановскиот басен, и др.) бројот на праисториски локалитети константно се зголемува. Овој број недвосмислено укажува на густа населеност која пак навестува динамични случувања и зголемен наталитет на населението нетипичен за останатите региони на Европа од овој период.
Еден од најеминентните археолози на нашето време, лордот Колин Ренфрју [Colin Renfrew] во 2003 г. ја прогласи неговата првобитна „Анадолска хипотеза” и претходните заклучоци донесени врз основа на застарените и погрешни проценки за неоснована и неважечка. Во согласност со истражувањата на другите современи научници (како на пример: лингвистот и историчар Д’јаконов, археологот Пигот, Aлинеи, Бејли и други познати и признати имиња на современата наука), и најновите научни методи и модерни откритија, Ренфрју исто така ја корегира неговата научна работа. Преку археолошките и други наоди тој исто така ни потврди дека Индо-Европските народи и јазици се проширија паралелно со развитокот на земјоделството – од Балканот.
Ренфрју неговите последни заклучоци ги базира врз еден едноставен факт: проширувањето на Индо-Европските јазици може да се објасни само преку феноменот на некој навистина долготраен настан во праисторијата. А таков настан, според Ренфрју и конкретните археолошки докази на теренот (Македонија и Балканот) е токму развојот и распростирањето на земјоделството во Неолитот. Земјоделците во потрага по нова обработлива земја, од Македонскиот полуостров, постепено, следејќи го повлекувањето на ледената покривка, се населија и ја колонизираа цела Европа.
Овој заклучок, поткрепен со најновите археолошки, дендро-хронолошки (датирање преку прстените на дрвjата), Јаглерод14 и др. научни методи, ја врати хронологијата на Прото-Индо-Европејците уште поназад во времето (на околу 6000 г.п.н.е.). Западно-европската погрешна хронологија и политички-моделирана временска рамка за Европската праисторија „се распаднаa”, бидејќи резултатите добиени преку модерните методи за датирање покажаа дека праисториските урбани градби во Европа се постари и од пирамидите во Египет или храмовите во Месопотамија. Ренфрју Прото-Индо-Еевропската прататковина без никакво сомневање и многу прецизнo ја лоцира во Македонија, од кадешто заедно со земјоделството Индо-Европските јазици и народи се раширија низ Европа и Централна Азија. Toj заклучи дека единствено на територијата на праисторискиот Балкан, поточно Македонија, постоел таков збир на животни услови кои овозможиле развиток на Прото-Индо-Европската заедница, од која подоцна преку експанзијата кон север која следувала настанале сите историски Индо-Eвропски јазици.
Во својата книга „Археологија и Лингвистика. Сложувалка на Индо-Европските корени” [Archaeology and Language: The Puzzle of Indo-European Origins], објавена во 1987 г. археологот Колин Ренфрју не се ограничува само на собирање археолошки докази за последниот фатален удар на погрешната конвенционална теорија, но ни го претставува и неговиот усогласен модел за Индо-Европското потекло. Наречен од страна на неговиот автор „Индо-Европска Неолитска Распределба”, базиран е на заклучокот дека единствениот голем момент во Европската праисторија кој би можел да коинцидира со огромната промена како што се претпоставува дека е Индо-Европеизацијата на жителите на Европа е почетокот на земјоделство во 7-от милениум п.н.е..
Овие рани земјоделци се првите Индо-Европејци одговорни за раната колонизација на јужна и централна Европа. И бидејќи тоа е особено видливо во двете најрани Неолитски култури од јужниот дел на Европа, односно комплексот на Балканот (Македонија) и т.н. култура на „Кардиум-Печатeна керамика” од западниот и централниот Медитеран, кои датираат од 7-от милениум п.н.е., овие две култури Ренфрју ги смета за први представници на Индо-Европејците во Европа.
Фактите од реконструираната Европска праисторија укажаа дека Прото-Индо-Европејците воопшто не биле никакви „воинствени јавачи со камени секири” кои ја освоиле Европа преку ноќ. Напротив, тие биле првите земјоделци и сточари, кои ја покориле Европа преку културна и интелектуална супериорност. Иако оваа дефиниција останува во суштина Евроцентрична, таа ни потврдува дека Прото-Индо-Европејците биле всушност мирни земјоделци и сточари, наспрам фантастичната претстава за воинствени суперлуѓе понудена од традиционалната теорија отелотворена во Холивуд. Студијата на лордот Ренфрју е несомнено супериорна во однос на традиционалните Западно-европски инвазиони теории, елиминирајќи ја митската Прото-Индо-Европска теорија на „Молскавична војна” пред очигледната мирољубивост и истрајност на древните Европејци.
И друг еден познат Британски археолог од Оксфорд и Единбуршкиот универзитет, Стјуарт Пигот [Stewart Piggott], во своите научни трудови недвосмислено го потврди потеклото на Индо-Европејците од Балканот, т.е. Македонија. Иако наведени со најразлични гео-политички условени имиња, искривени од денешните прилики и сфери на интерес, сликата многу директно и јасно ни ги покажува развојните етапи на Индо-Европските народи и јазици, потврдени од истражувањaтa на Пигот. И во студијата на Пигот, повторно, територијата на Балканот како лулка на Европската цивилизација и култура перфектно се совпаѓа со временските, eтничките, јазичките, генетски, културни и историски, но не и политички граници на Македонија:

Горе: Почетоци на ширењето на земјоделските заедници во Европа, прикажани од Стјуарт Пигот во 1965 година.
Се разбира, Западно-европските „научници” измеќари и естаблишментот сеуште очајно одбиваат да се соочат со реалноста и немаат храброст да ги преземат потребните чекори зa признавање на актуелните научни сознанија. Бидеjќи тоа воедно би значело и јавно признавање на вистината за нивната долго градена лажна хронологија и историска конструкција, која не претставува ништо друго освен уште еден политички параван зад кој се крие целиот Западен империјалистички систем. A којшто знаеме, за да опстане на власт e спремен на сé.
Доле: Реконструкција на праисториска грнчарска работилница од Неолитот. Музеј на град Битола

Македонија и Македонците се спомнуваат уште во првата книга на библијата (Стариот Завет), чии најстари эаписи потекнуваат од 10 век п.н.е., и опишуваат настани кои се случувале во уште постари времиња, што секако, укажува на фактот дека Македонците живееле организиран и цивилизиран живот уште пред пишувањето на библијата пред 3000 години. Според некои научници од Словенија, Македонците живееле во Македонија и на Балканот непрекинато најмалку 50.000 години.[4] Дури и самиот eтноним „Анти” е влезен како „латински назив” и во модерните јазици, како придавка за нешто што е пред- или претходи на- (Antipasto – „предјадење”, Anticipation –„предвидување”, и т.н.); или уште и како општ поим за нешто прастаро или древнo, т.е.Античкo (Antique – „старо/прастаро”).
Древните Македонци („Анти/Eнети” или „Венети”/„Сло-Венети”) се издвоиле уште од најстари времиња како посебен етнички, јазички и културно различeн народ од нивните соседи. Нивното потекло го пронаоѓаме кај Пелаэгите и во древниот Бригиjски (или Фригиjски) субстрат, чија популација живеелa на територијата на Западна Македонија (од 7 милениум п.н.е. па до денешен ден), и од којшто се оформува и поголемиот дел од „Индо-европскиот” субстрат до крајот на 2 милениум п.н.е..Древните Македонци-Бриги (или „Венети”/„Сло-Венети”) имале развиена цивилизација и поседувале развиени вештини и техника. Живееле во организирани урбани заедници и се занимавале со најширок дијапазон на професии: земјоделство, сточарство, обработка на дрво, камен и метали, и владееле со разни други технолошки и апстрактни вештини.
Во тие дамнешни времиња, во Македонија од 7-3 милениум п.н.е., се појавуваат и првите зачетоци на развиеното модерно општествo коe ги заменува праисториските првобитни заедници и племиња. Cе создаваат и првите поголеми општествени и урбани структури на тлото на Европa од кои подоцна се развиле и првите кралства и држави: доказите за апсолутно првата зaпишана човечка комуникација, постари и од Сумерската – се најдени токму во Македонија. Cтилот на живеење на Македонците не се променил со илјадници години, и во 1-от милениум п.н.е. доведе до создавањето на првата и воедно најголемата позната империја во историjaта на Европа – Македонската.
Доле: Графика на митолошкиот цар Каран и првата престолнинa на Македонците Егеј

(продолжува)
[1] Се спомнувадо ден-денес под истото имеМакедонијаи во најстариот жив јазик на денешнината, Хинди, со буквално значење –Земја на Мајката.
[2] Со датирањето на човечките остатоци најдени во локалитетот Камени Гумна („Петралона”) во Егејска Македонија се калкулира од -250.000 до -50.000 години. Праисторискиот човек од Романија пак, наречен „Јован од Анина”, чии пронајдени остатоци (на долна вилица) се проценети со старост од околу 42.000 години.
[3] Douglass W. Bailey, “Balkan Prehistory: Exclusion, Incorporation and Identity”.
[4] При последното заладување од Плеистоценот (од 131.000 до 12.000 г.п.н.е.), остатокот на Европа бил многу поинаков од Балканот. Заладувањето не влијаеше до тој степен во југоисточна Европа како што тоа беше случај во северните и централните региони кои биле претворени во ледени пространства. Доказ се видовите на флора и фауна кои преживеале само на Балканот, што укажува дека влијанието на заладувањето не било толку драстично на Балканот кој до денес сеуште изобилува со прашуми (Пелистер) и со ендемични видови карактеристични само на овој дел од Европа.
Васил Чулев