
Охрид, градот на Светлината, по два и пол милениума повторно ни ги покажа златните бесмртни лица на своите Ангели. Откривањето на бесценетите богатства од Требениште, село кое се наоѓа на патот Охрид-Кичево, беше како од некој филм: Антички Македонски гробови од 1-от милениум п.н.е. натоварени со злато, сребро и богати погребни кралски подароци. На 30 септември 2002 година е најдена и петтата по ред златна маска, што претставува ретка пракса во археологијата. За помалку од еден век, или поточно за 84 години, иако на мала одалеченост и во земја која всушност не може да инвестира многу во скапи археолошки ископувања, пронајдени се дури пет златни маски! Ова откритие, како и многу други пред тоа, уште еднаш ни докажа дека Македонија е навистина најбогата археолошкa ризница во Европа.
Археолошкиот локалитет Требениште кој датира од 6-5 век пред нашата ера е откриен првпат во 1918 година. Некрополата се смета зa еден од најинтересните археолошки локалитети од железното време во Македонија и пошироко. Откриени се пеесет и шест гробови, од кои најзначајни и најстари се 12 кралски гробници, цела династија што беше погребана со сите обележја на нивната моќ. Досега се откриени пет златни погребни маски, златни нараквици, златни, сребрени и бронзени садови, накит, оружје сандали, и т.н.. Требениште некрополата и натаму е еден од најважните археолошки локалитети во Македонија, и жив потсетник на богатството и префинетоста на Македонската цивилизација уште од најдамнешни времиња.
Историјата на откривање на кралски златни маски од некрополата во близина на селото Требениште и Горенци, на 10 километри северно од Охрид, има долга традиција. Во оваа некропола четири погребни маски беа пронајдени во два наврати, двапати по две, во гробници кои датираат од крајот на 6 и почетокот на 5 век п.н.е., со богата погребна понуда (злато и сребрен накит, сребро и бронзени садови, стакло и килибарни монистра, црно-фигуративна ќерамика, оружје, печена глинa, и така натаму).
Првите две маски беа пронајдени сосема случајно во пролетта 1918 година, за време на бугарската окупација на овој дел од Македонија. Во екот на воените операции, ископувањата биле направени од страна на Б. Филов [В.Filow] кој во соработка со К. Шкорпил [K. Shkorpil] откри седум кралски гробови од кои целиот материјал е ограбен и од Македонија e однесен во Археолошкиот музеј во Софија, Бугариа, каде што се наоѓа и денес.[1]
Во 1919 година, Македонија потпаѓа под окупација на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кога и дел од Охридското езеро со 22 Македонски села се дадени на Албанија. Дванаесет години подоцна, 1930-1934, српскиот археолог Х.Вулиќ откри уште шест други кралски гробови во истата некропола со уште две златни маски, кои, заедно со другите наоди, биле ограбени и овојпат однесени во „Националниот” музеј во Белград.[2]
Неочекуваното откритие на ваквите богати гробови и погребни златни маски од Охридскиот регион фрли ново светло врз Македонската древна историја и ги изненади Западно-Европските научници. Тие датираат од период кој е цел еден милениум одалечен од археолошкиот период на единствената друга златна маска откриена досега на Балканот и во Европа генерално (најдена од Х. Шлиман во 1876 година во Микена, Пелопонез).
Во Македонија, и не само во Охридскиот регион, телата на најистакнатите членови на заедниците, односно челниците, биле покривани со злато. Овие биле локални владетели од 6-от и 5-от век п.н.е., период непосредно пред Македонската држава да се обедини од страна на најмоќната династија, Аргеадите, основачи на првата и најголемата Европска империја – Македонската.
Сепак, најголем проблем на Западно-Европските научници им претставуваше етничкото потекло на сопствениците на овие луксузни предмети, односно жителите на Охридскиот регион од 6-от и 5-от век п.н.е.. Дури и пред откривањето на златните маски, имало неколку обиди лажно да се прикаже потеклото на овие Македонски племиња како Тракиски, Данајски (т.н. „Грчки”), Илирски или „стара популација која била Илиризирана”.
Кога првите две златни маски беа пронајдени во Горенци/Требениште пред 84 години, тоа не беше само епохално откритие, туку и проблем за Западно-Европскиот научен свет, затоа што им ја сруши долго градената конструкција за Западно-Европската историја. Со исклучок на Македонците, кај другите антички народи (Данајци, Тракијци, Илири, Голи, Мизи, и т.н.) од „класичниот период” погребни златни маски никогаш не биле откриени. Маската од Микена пронајдена од Шлиман датира повеќе од илјада години пред тоа, и припаѓа на Aхајците, чија култура е сосема различна од оние на народите во класичната ера, вклучувајќи ги и античките Данајци (денес наречени „Антички Грци”). А бидејќи Македонците во Европската лажирана историографија, со неколку исклучоци, погрешно се сметаа за „Данајци” (т.е. „Грци”), овие маски, бидејќи не-грчки, историчарите пробаа да им ги припишат на Илирите.
Иако чисто географски поим (бидејќи никаде и никогаш во историјата не постоел таков народ или луѓе што себеси така се нарекувале), чии граници никогаш не биле прецизно дефинирани, „Илириа” (од латински „Iliricum”) секогаш им служела на историчарите како универзален контејнер за се она што не се вклопува со нивната замислена историја. Дури тука покушаваат да ги стрпаат и Албанците. Илириа и Илирите никогаш не ни постоелe како етникум и не биле ништо друго освен вулгарно латинско толкување (‘Interpretatio Latinum’) со кое Римјаните во целост ги нарекувале земјите и населението од другата страна на Јадранското море. Како што исто така вулгарно ги нарекувале и доселениците од Пелопонез во Јужна Италија – Греики или Граики [од латински: “Graecus” – сив; италијански: “grigio“(‘гриџо’); англиски: “gray“]. Tака и „Илириа” на латински значи буквално: „Земја на Сончевите поклоници”; т.е. на оние кои го славеле богот на Сонцето и Врховен Створител Ил (Илиј), еден од главните богови кај Македонcките народи од Македонскиот полуостров, по кој е наречена и „Илијадата”.
Според пишаните антички извори, првите жители на Охридскиот регион се Енгелите, а подоцна и Десаретите. Имено, античкиот автор Манасиј [Manasias] пишува дека Енгелите (Engelines/Enkheleis или Encheleis во античките и себтуагинт транскрипциите) се Македонско племе од Охрид и околината. Овие податоци од пишаните извори се поддржани со новите докази, како археолошки, епиграфски, ономастички и co анализи со радиоактивен Јаглерод14, кои покажаа недвосмислено дека племињата кои живеле во регионот на Охрид припаѓаат на Македонската етничка група. Студијата на Ономастичките[3] податоци исто така покажа дека имињата од Охридскиот регион имаат многу аналогии во Мала Азија, со која се докажува дека тие треба да се припишат на директно сродство со Бригите, кои живееле во овој дел од Македонија пред миграцијата кон Мала Азија. А денес знаеме дека Бригиските племиња се основата (субстрат) во етно-генезата на античките Македонци.
Сите овие научни испитувања и разни методологии докажаа дека карактеристиките на погребниот ритуал во овие некрополи не се ниту грчки ниту илирски ниту тракиски. Златни погребни маски досега се најдени само во Македонија, но не и на територијата на Античка Грција. Златни маски не биле употребувани во погребниот култ на античките Данајци (Грци) – а да се поврзат со маските од Критско-микенската култура методолошки не е во ред, бидејќи и етничките, и културните и временските разлики меѓу нив се огромни.
Друга специфична карактеристика на Македонските погребни ритуали е троножниот погребен жртвеник, кој не се наоѓа кај старите Грци, кои употребувале жртвен кревет, така наречен „клине”. Овие две најзначајни карактеристики беа посочени од страна на познатиот француски експерт Клод Роли (Claude Rolley) по откривањето на некрополата во Синдос. Покрај овие карактеристики, биле пронајдени и метални садови во некрополата во Горенци/Требеништe кои не се користеле во античка Грција. „Сето ова докажува дека сме соочени со два различни погребни ритуала”, наведува Роли. Ако се истакне дека погребниот ритуал е еден од најзначајните елементи на религијата, која, по јазикот, е најважниот елемент во дефинирањето на етничката припадност, очигледно е дека Енгелите припаѓале на групата Македонски племиња.
[1] B. Filow, and K. Schkorpil. Die archaische Necropole von Trebenischte am Ochrida. Berlin und Leipcig, 1927.
[2] N. Vulic. Das neue Grab von Trebenischte, Arch. Anzeiger, Bb. III/IV, 1930, pp. 276-279; Id., Ein neues Grab bei Trebenischte, Jahreshefte d. Ost. Arch. Inst., 28, Wien, 1932, pp. 164-186; Id., Neue Graber bei Trebenischte, Arch. Anzeiger, 1933, pp. 459-486; Id., La nécropole archaïque de Trebenishte, Revue archéologique, Paris, 1934, pp. 26-38.
[3] Наука за имињата.
(продолжува)
Васил Чулев