Антрополошки Македонски Континуитет –Ледениот човек Отци „Наш”
Во Септември 1991 г., двајца излетници на Тиролските Алпи на надморска височина од 3210 м налетаа на замрзната човечка мумија. По пријавувањето на овој наод на надлежните институции и испитувањата што следеа, се испостави дека мумијата на човекот пронајден на Алпите е стара 5300 години.
Отци наш е родум од подножјето на Вишнагора (Višgorje на Словенски, Winschgau на Немачки) на Алпите, која сеуште го носи своето прастаро име уште од Неолитот. Според анализите направени во институт во Инсбрук, кои покажаа концентрација на бакар и арсен на неговата коса, се претпоставува дека тој бил калајџија и изработувал бакарни алатки и предмети.
Отци Наш со себе имал и бакарна секира, нож со сечило од кремен-камен и дршка од јасен, тоболец за стрели со врвови од камен и голем лак од тисовo дрво кој можел да стрела на далечина до 180 метри. Највредниот имот на Отци била неговата секира од бакар која е уникатна по тоа што е единствената совршено сочувана праисториска секира во светот. Се претпоставува дека секирата била статусен симбол или aмблем на воин или војсководецот, кој само елитата можелa да ја поседува. Експериментите со реконструираната секира покажаа дека секирата на Отци е способна и за сечење дрвја.

Горе: Примитивната бакарна секира, кремен нож и други орудија на Отци наш.
Отци наш бил облечен во кожи и крзно од мечка, имал водоотпорна наметка од трева, појас со орудија и брезова габа за палење оган како и крзнени обувки со ѓон од мечкина кожа „поставени” со трева и мов. На грб носел и ранец од лескови прачки поткрепен со дрвена рамка.

Ножот од кремен-камен бил направен од материјал од блиската Лескова гора кој се користел и разменувал долж трговските центри од Јадранско море па се до реката Висла на север. Исти такви сечила се најдени и во Немачка, во прататковината на Шлезијските Венди – областа на т.н. „Kултура на Чакални Oгништа”, која е земена за основа на средно-европската култура. Посебно внимание привлече и брезовата кора што ја имал Отци со себе. Анализите покажаа дека ја користел како лек и антибиотик.
Остатоците од мелено примитивно жито (Triticum Monococcum) и овес најдени на неговата облека биле во форма на брашно за правење на леб и покажуваат дека земјоделството веќе било вообичаена пракса во 4-от милениум п.н.е. дури и на Алпите. Испитувањата на експертите од Инсбрук го лоцираа живеалиштето на Отци во подножјето на Вишнагора, кадешто има траги од урбани населби и било населено место уште од најраното бронзено доба па се до денешен ден.

Првотo комплетнo секвенцирање на гените на Отци Наш откри богатство на детали за човекот кој крстосуваше низ Алпите пред 5300 години. „Тој е повеќе тесно поврзан со современите Сардинијци или Kорзиканци одошто, на пример, копнените Италијани по на југ,“ изјавија истражувачите на човечка генетика од Еурак (Eurac) Институтот во Болзано, Италија, во студијата објавена во списанието „Kомуникации на Природата“. Податок којшто и од тој аспект дефинитивно го потврди Балканското потекло на Отци. Имено, иако истражувачите од Еурак се ограничија од понатамошно објаснување на потеклото на Сaрдинците и Корзиканците, сепак тој податок е доволен за да разбереме зa етничката припадност на Отци Наш – познатите „Шардана“ воини од Сардинија, кои им биле и телесна гарда на Фараоните од династијата на Птоломеите во Египет, истотака се знае со сигурност и веќе е докажано дека биле со потекло од Балканот.
Ваквoтo откритие и хронологија на настаните од овие Алпски предели сe поклопува совршено cо претходните истражувања на правците и времетраењето на Индо-Европското распространување. И без сомневање ги потврдува централниот Балкан и потесното подрачје на Македонија како прататковина и крстопат на овие први Индо-Европејци кои ја освојувале Европа по завршетокот на последната Ледена епоха. Северна Европа од тоа време за Прото-Индо-Европејците претставувала исто што и Северна Америка за Европејците од 17 и 18 век. Но, по начинот на кој умрел Отци, очигледно е дека Вишнагора во 4-от милениум п.н.е. сеуште не била толку топло и гостопримливо место за живеење.
Многубројните тетоважи што ги имал Отци наш (57) се знак на шамански („шемо” – cвештеник) исцелувачки обреди. На сликава од десно кон лево читаме: „Бого – бого” (III – III) т.е. Дионис, и „Бого Прв” (I|||):

Симболите од овие обредни тетоважи се истите слогови симболи за бог (III – „бого”) од древнoтo Македонско писмo од Говрлево, Винча и Каменот од Розета.

Горе:Cкица на глинен сад со втиснат печат од слогови симболи од археолошкото наоѓалиште Винча кај Белград.
Тие додатно ja потврдија етничката припадност на овие праисториски луѓе и културната поврзаност со Балканот и Македонија, кадешто токму во тоа време се случувал интензивниот општествено-историски процес наречен „Егејска Прераспределба“, којшто предизвикал големи поместувања на населението. Отци Наш живеел во eпохата на откривањето и почетоците на употрeбата на металите, процес кој во вториот милениум п.н.е. вeќе прераснува во историската Бронзена Eпоха и постепено го опфaќа целиот Европски континент. Поместувањата и миграциите кон Север и Северо-Запад како и кон Исток ce вeќе константни и масовни појави кои со време почнаа да создаваат и повратен ефект. Познато е дека во тие древни времиња луѓето вeќе патувале дури и до Англија за да пазарат Калај, кој се користел за правење Бронза.
(продолжува)
Васил Чулев