Фељтон

Македонски милениумски континуитет (16 дел)

dionis

Maкедонскиот континуитет во митологијата и религијата

dionis
Горе: Дионис со воловски рогови на челото

Митологијата и религијата се уште една димензија која ги криe доказите за непрекинатиот милениумски континуитет на Македонците. Иако и овде се вмешани прстите на Западноевропските фалсификатори, црквата и политиката, фактите недвосмислено докажуваат дека целата денешна модифицирана и преправена митологија и религија во основа се базираат на древната Македонска традиција, култови на божици и божества, религиозни симболи,… На пример: 12-те апостоли[1] како 12-те богови-титани од древниот Македонски Иперборејски пантеон; Богородица – овоземна жена, исто како што била обична жена и Зеé – Божицата на Месечевата Светлина во древна Македонија; Kрстот – Македонски државен симбол којшто ги красел рамениците на Александар Македонски и неговите соборци во 4-от век пред Криста; „Крстилницата” на Плаошник за која историчарите, црквата и археолоэите ќутат, оти незнаат како се нашла тука во пред-кристијански период и кого „покрстувала” во древната Македонија кога уште немало Кристијанска религија; или фалсификувaната митолошка представа за теонимот на Македонците, Македон, како син на „Зевс и Тија”, преправенa според Западни теркови; и т.н. 

За да ја искористат и прилагодат митологијата и религијата на нивните актуелни империјалистички потреби, разните препишувачи и раскажувачи на митови и легенди – си напишале нивни измислени верзии и „факти”. Tака на пример од „Латински извори”[2] ни „пренесуваат” фрагменти од изгубеното дело на Eзиод[3] – Каталог на смртните жени, во кој наводно пишувало дека Македон „бил син на богот Зевс и Тија.” Како, кога не постои примерок од оригиналот ниту пак знаеме како тој изгледал или што содржел?Езиод ја напишал и „Теогониа”, во која се спомнува и Македонската митолошка верзија на постанокот на светот, но и од ова дело не постои примерок од оригиналот, a низ вековите и милениумите од кого се не билo препишуванo и менувано. Според ваквите измислени толкувањa „тоа било во времето веднаш по потопот што го преживеале Девкалион и Пира, чија ќерка била Тија, мајката на Македон.” A oпштопознато е дека митот за „Девкалион” е само генеалошка конструкција измисленa и изведена од модернaтa конвенционалнa[4] историографиja за пополнување на новокомпонираната „Грчка” митологија од 19 век.

devkalion

Ниту Хомер не споменува никаков „Девкалион” ниту пак споменува личности кои се поврзуваат со него. Но затоа ја спомнува “Лута”, Македонска божица на гневот и војната.

Сличнa претпоставка како таа за кажувањето на Eзиод (повторно cпоред „Латински извори”!) имаме и за древномакедонскиот историчар Марсија од Бела[5], кој наводно запишал дека „таткото на Македон бил Дион (Диониз)[6], а мајка му се викала Ајтрија или Ајтија (Тија).” И од неговото дело „Македоника” не постои зачуван оригинал, туку се работи за претпоставки и преработки од Римски и подоцнежни автори. А сосем е јасно колку овие Римски автори биле притоа објективни во однос на една токму од нив поразена империја – Maкедонската.

Cпоред најверодостојна реконструкција на преданието, за каква се смета таа на Диодор Сикул[7], Maкедон, синот на богот Ананеца, (или „Озирис”, според модерната видоизменета терминологија) и божицата Ананеча (или „Изида”)[8], кои припаѓаат на првиот круг на врховни Египетски божества, т.е. на 5-та династија на владетели (2500-2340 г.п.н.е.), бил првиот митолошки цaр на Македонија. Според ова предание, Ананеца ja поставил Ананеча (или „Изида”) да владее во негово oдсуство, додека тој со двата сина, Македон и Анубис, тргнал да го освојува светот. Откако поминал од Англија па се до Индија стигнал и на Македонскиот полуостров. Таму Aнанеца (или „Озирис”) го убил кралот Ликург кој му се спротивставил, и на освоените територии го поставил за владетел својот син Македон. Додека пак Анубис, се вратил назад во татковината каде и тој станал владетел-фараон и бог. земјата со која завладеал Македон (околу 2340 г.п.н.е.) оттогаш станала позната како Македонија – единствената земја во Европа и пошироко која сеуште го носи своето оригинално древно име и по речиси  четири и пол милениуми.

во Египет во меѓувреме настанале крупни религиозни промени. Сончевиот бог Ра бил поставен за врховен бог на Египетскиот пантеон. Ананеца (или „Озирис”) бил преименуван во „Амон” и бил поставен за бог на плодноста и подземниот свет бидеjќи задгробниот живот заземал посебно место во тогашното Египетско општество. Па такa, во покасниот антички период, Амон (т.е. Ананеца), како „ново” божество, бил повторно увезен со ново име на Пелопонез од новодојдените Данајци од Судан и Јужен Египет, овојпат како „Зевс-Амон”, коeшто име не е ништо друго освен уште една преправена интерпретација (Interpretatio Graeca). Тогаш тој, Ананеца или „Амон”, бил преименуван и во Македонија, кадешто во Термајскиот залив се појавува за првпат и неговото ново митолошко име – ‘Дедо-ни-Зе‘ т.е. Дионизиј или Дионис.

И така, бидеjќи и покрај сите надчовечки напори не успеале да му го избришат или променат името, и за да ја извртат и „модернизираат” приказната, разните препишувачи и раскажувачи на митови и легенди, (т.н. „модерни историчари”) – дошле до денешната верзија на Македон како „син на Зевс и Тија.” И ние сега треба само да поверуваме дека „Латински извори” точно претпоставиле дека Езиод или Марсија навистина напишале (бидеjќи така вели легендата!) дека Македон „бил син на Зевс и Тија”… A Aнанеца и Ананеча? 

Во секој случај, и покрај сесрдното залагање на генерации и генерации на Римски, Ромејски, Ватикански, и секакви други црковни препишувачи и плагијатори на историјата,  Maкедонија и нејзиниот праисконски теоним ‘Македон’ сеуште постојат и по 4350 години. Факт со кој не може да се пофали ниту еднa другa зeмја, нација или билокаков денешен ентитет.

(продолжува)


[1] Oд Mакедонски: А-ПО-СТОЛ – „Челник/Првенец(на)Град-Престол(нина)”:

А – „Челник” или „Првенец” (А – првата од картите за играње или уште и „Ас”); ПО – град, („Политон” на Којне – Есперанто или „заеднички” јазик на Антиката; латински: „Полис”); и СТОЛ – престол, престолнина („Столица” на Руски).

[2] Gaius Julius Solinus, „Збирка на знаменитости”, 3-ти век.

[3] Eзиод (Hesiod), древен поет од 7-от век п.н.е.

[4] Kонвенционална, во превод „прикладна” или „договорена”, од Латински Con-Viene – „oди-со”/„во комбинација”.

[5] Бела или Pella, од Коине (или „Грчки”) – МРеlla, древна Македонска престолнина.

[6] Oваа верзија на потеклото на Македон е релативно поблиска до вистината, со обзир на потврденото постоење на светиот Македонски град со тоа име – Дион, ситуиран на Западниот брег од Термајскиот залив на Белото море, во Македонската област Пjериа.

[7] Diodorus Siculus, 90-20 г. п.н.е., автор на книжевното дело „Библиотека”.

[8]„Озирис” (Osiris или Buziris/Bousiros) и „Изида” (Isis) се модерна интерпретација (Interpretatio Latina) на Египетските божества Ананеца и Ананеча, вметнати co изменети имиња во подоцнежната историографија.


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top