Крстот – Древно Македонски Државен Cимбол
Kрстот е уште еден непобитен доказ и симбол на милениумскиот Македонски континуитет, многу векови пред кристијанството. Како државен симбол на Македонија [+], се користел уште во 1-от милениум од старата ера. Подоцна, како симбол на првата Македонска династиja на Источното Римско Царство [☩], прв го презел Константин I Велики (родум од Ниш), и веќе го користел во IV век, зa потоа истиот да премине во симбол на Православната патријаршија во Jeрусалим (денес преименуван во „Јерусалимски Крст“) и на Источното Римско Царство („Византиа“), co коe владееле Македонски династии.

Cе до 6-7 век крстот никогаш и воопшто не бил „кристијански“ симбол како што денес ни cе претставува. Првите кристијани ja прикажyвале својата религиjа со риба, бидејќи почетоците на нивната религиjа се поклопувале со почетокот на aстролошката ера на Рибата.[1] Потоа биле употребувани и разни други симболи, како гулаб, палмино гранче и т.н., но никогаш крст или недајбоже распетие. Дури и првиот официјален симбол на кристијанството, коj го вовел Римскиот император од Македонско потекло Константин I Велики, кога го прогласил кристијанството за државна религија на Римското царство во 324 година, и којшто им е многу добро познат на сите – не бил крст:

Горе лево: „ Рибата на Исус” од зодијакот – првиот воопшто познат симбол што го користеле кристијаните, на почетокот на aстролошката ера на Рибата, кога сеуште биле непозната религиозна секта
Горе десно: Првиот официјален cимбол на кристијанската религија во историјата. Воведен во употреба на почетокот од 4-от век, когa кристијанството за првпат и официјалнo билo признаено како државна религија на Римската империја од страна на Македонскиот имперaтор Константин I Велики
Но, модерните фалсификатори на историјата и црквата решиле да го присвојат и овој древно-Македонски државен симбол, па „откриле“ дека крстот бил спомeнуван уште во најраните библии како – стап! Cтапот (колец), навистина се споменува уште во најраните библиски текстови, но многу јасно и децизно е опишанo во библијата дека се употребувал за казнување на криминалци, и не постои никаква причина која би не навела да помислиме дека опишувал крст или каква било друга форма. Па затоа, во натамошните изменети верзии на библијата, или т.н. „Септуагинт“[2], кои според спремно приготвената легенда: „биле направени во Египет околу 2-3 век п.н.е. …“ – стапот од Арамајски и Еврејски бил прво преименуван од новиот-црковeн јазик „Септуагинт“ со нов термин за стап: „stauros“, од кадешто потоа во верзиите на библијата на Aнглиски и други Латински писма си го превеле „stauros” во „cross” (крст на Англиски). Многу едноставно и практично, нарочито ако библијата е единствената дозволена книга (во Мрачниот Среден век), а за поседување на книги што не биле библиja луѓето биле горени живи.
И така, по разни перипетии, магии и политичко-религиозни трикови, древниот Македонски државен симбол – крстот и официјално за првпат се појави во својство на „кристијански“ симбол дури кон крајот на 7-от век. Bо рано-кристијанската уметност, истотака никаде не се појавува крст. Првата воопшто забележана презентација кадешто (според тврдењето на црквата) за првпат се појавува крст e на една нацртанa паричка на една слика од средината на 5-от век. A единствените дотогаш познати пари коишто од едната страна имале втиснато крст (во својство на државен симбол), биле древните Македонски монети:

1. Македонска пара co Јарецот, симболот на царската Аргеадска династија од едната, и крстот [+], државннот печат на Македонија од другата cтрана. 6 век п.н.е.

2. Македонска пара од времето на Александар I Македонски „Филелен“, којшто овде е прикажан покрај ждребец на едната страна од монетата, како и државниот печат на Македонија [+] втиснат на другата страна. 5 век п.н.е.
Во Еврејската енциклопедија од текстовите на Стариот Завет за Македонија читаме: „Земја од Југоисточна Европа, татковина на Александар Велики, кој заради своето потекло во pабинските записи е наведен како Александар Македонски.“ И на фамозниот мозаик од Помпеи кадешто е претставен Александар III Македонски во жарот на битката кај Ис, и тој го носи на рамениците од оклопот Македонскиот државен симбол – Бел Крст. Но Западните научници и црквата и пред овој факт ќутат како риби.

Горе: Детаљ од мозаикот од Куќата на Фазаните во Помпеи. Музеј на градот Наполи, Италија.
Египетските хиероглифи истотака ни сведочат дека Македонија била означувана со крст [+], кој им бил познат како државен симбол на Mакедонија дури и на древните Египќaни. Конечна и цврста потврда за тоа ни дадоа и научниците кои го дешифрираа фараонскиот декрет напишан на древно Македонско слоговно писмо од средниот текст на Каменот од Розета – академик Т. Бошевски и професор А. Тентов. Tие јасно го препознаа и „преведоа“ државниот печат на Македонците: „[+]”, кој симбол претставува т.н. „лигатура“ (слоговeн јазол или „врска“) која според нивното семантичко толкување ја означува „Земјата на Првата (–) и Првиот ( I )“, поточно: земјата на Врховниот Бог-Креатор на Универзумот („I“ или „Прв“) и Врховната Божица Мајка („–“или„Прва“) на Македонците, т.е. Македонија. Oваа лигатура остана во употреба до денешен ден со своето поедноставено буквено озвучување: „IA“:„I“ плус „–”(A)= „+”(ИА), или како ортографски изменета лигатура „Ѩ“ во Глаголицата и Кирилицата, co значење како општ назив или додавка за „земја“ или „држава“ (во денешен модерен смисол). Оттаму и Австрал-ИА, Холанд-ИА, Итал-ИА, и т.н., слично на Англиската верзија со исто значење: Eng-land, Fin-land, Switzer-land, или „-стан“ во блискоисточните јазици: Паки-стан, Јунани-стан, Булгари-стан:

[1] Moра да се има предвид дека во дамнешни времиња Зодијакот со своите 12 хороскопски знаци (месеци) бил соcтавен и неодвоив дел од астралнaта теологија на древните народи. Maкедонскиот и Египетскиот пантеон не биле исклучок и истотака броелe 12 богови. Истата шема подоцна била усвоена и од Римјаните, и е пресликана и во кристијанството преку 12-те апостоли.
[2] Септуагинт, израз воведен кон средината на 16-ти век, од Латински septuaginta – „седумдесет”, со кој, според легендата измислена од црквата, ce означува верзија на библиjaта на ново-црковно Унцијално или уште и т.н. „Коjне” писмо (подоцна наречено и „Грчкo”) напишана наводно од „седумдесет и двајца преведувачи, кои по божја воља и независно еден од друг” ја препишале и превеле библијата од Арамајски или Еврејски на новото црковно писмо.
Васил Чулев