Фељтон

Дел од вистината за македонците во САД (2)

slave-katin

slave-katin
Пишува
СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО СИРАЌУЗ, РОЧЕСТЕР И ДЕТРОИТ

Македонските православни цркви и црковни општини во САД северско-национални и духовни  објекти, во кои иселениците се најразлично  организирани. Нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува. Тоа особено е презентирано во делото „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од авторот на овие редови, во кое се дадени црквите во Сираќуз, Рочестер и Детроит.

Така, во публикацијата е дадено дека во Сираќуз, градот –  пристаништето на Каналот Ири, свиле гнездо бројни македонски семејства од Битолско, Преспанско, Леринско и други места, од етничка Македонија, но се чини дека најбројни се од селото Велушина Битолско. Таму има Македонска православна црква во која сите Македонци црквуваат, се собираат, другаруваат и се чувствуваат како во Македонија.

За формирањето на македонската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Сираќуз, во државата Њу Јорк, во делата на авторот на овие редови  е запишано  дека еден од иницијаторите за изградба бил познатиот и доблесе патриот од Велушина Марко Јанкуловски, а значајна мисија има и првиот претседател Јова Манговски и првите свештеници Илија Канински и Бранко Пачемски, Лазо Стефанов, Бранко Постоловски и други..

Исто така, голем придонес имаат членовите на црквата, како и досегашните управи на црквата  предводени од плеада познати и признати иселеници, меѓу кои претседателите:Ристо Божиновски, Крсте Димовски, Ѓорѓи Димовски, Вангел Манговски, Ристо Размовски и многу други

За Македонската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Сираќуз е значајна 1963 година. Имено, тогаш започнаа првите собирања на Македонците од Сираќуз за формирање на своја национална организација. Потоа, во април 1965 година во овој град пристигна висока црковна делегација на Македонската православна црква, предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Доситеј, кој во една Протестантска црква ја отслужи првата света архиерејска литургија на македонски мајчин јазик.

Подоцна, оваа зграда е купена и преуредена во македонски храм која на 21 јули 1967 година е осветена од надлежниот епархијски архиереј митрополитот г. Кирил. Бидејќи се зголеми членството на црковната општина, во 1978 година Македонците од Сираќуз купија место од десетина хектари на кое на 21 август 1979 година е поставен крст за изградба на нова црква, а на 16 август наредната година е положен камен-темелникот.

На тоа место денес е изградена сегашната црква „Свети Ѓорѓи“ која е завршена со изградба во октомври 1984 година, а на 15 септември 1985 година е осветена од митрополитот г. Кирил.  Црквата има иконостас, голем број икони, паркинг и парохиски дом. Инаку,  црковната сала е зголеменаа и објектот е видоизменет со дополнети пропратни простории.

Во состав на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Сираќуз со успех работи играорната група “Китка” која секоја година учестувала на Фестивалот на нациите. Денес е активен оркестарот “Китка”, спортската секција, секцијата за бинго и црковниот хор, а меѓу најактивните е, секако, женската секција.

Во Рочестер, градот на јоргованите, како што често го нарекуваат овој убав, привлечен и значаен центар, каде најголемиот  број македонски иселеници се од Битолско и Леринско, особено од селото Буково, Битолско, работи македонски православен храм.

За македонската православна црква „Свети Димитрија“ во Рочестерво државата Њу Јорк, пак,  е забележано дека  првото помасовно организирање на Македонците на тие американски простори е на крајот на 1966 година, кога е формиран „Македонско-американскиот клуб“. Тогаш, на 22 март 1967 година е избран иницијативен одбор на клубот кој постоеше се’ до 1969 година кога прерасна во Македонска православна црковна општина.

crkva-sv-dimitrija-rocester
Црквата „Свети Димитрија“ во Рочестер, Њу Јорк

Во таа акција учествуваа голем број македонски иселеници, меѓутоа, посебно место им припаѓа на истакнатите иселеници Јован и Ана Галовски од Смилево и на Нове (Јован) Илиовски од Дихово. Исто така, големи заслуги има и првиот свештеник Ристо Ристовски, кој со успех ја организираше работата на црковната и културно-просветната дејност, како и на претседателите Александар Огњановски, Миле Цицковски, Пандо Кабровски и многу други.

Во историјата на ова значајна македонска црква е забележано дека на 9 ноември 1969 година, членското собрание донесе одлука да регистрира црковна општина под јуриздикција на МПЦ и да го носи името на свети Великомаченикот Димитрија.

Црква „Свети Димитрија“ во Рочестер е регистрирана на 11 мај 1969 година пред американските влади на државата Њујорк. Потоа, на 12 мај 1974 година е поставен и осветен камен-темелникот за изградба на денешниот монументален македонски православен духовен и културно-просветен дом. На 19 август 1978 година храмот е даден во употреба, а потоа е изграден парохиски дом, училиште, паркиралиште и помошни простории.

Исто така, до црквата „Свети Димитрија“ е доградена и мала црквичка посветена на „Света Недела„. Црквата „Свети Димитрија“ има сала за 600-тини посетители; до неа е изградена камбанарија; салата е проширена, а  има и помошни простории и кујна. До црквата е изграден парохиски дом, свеќоливница, фудбалско игралиште и голем паркинг.

crkva-sv-bogorodica-detroid
Црквата „Света Богородица“ во Детроит

Во состав на црквата „Свети Димитрија“  работи македонскиот радио час, играорната група “Танец”, фудбалскиот клуб “Македонија”, кој е формиран во 1972 година, потоа културно-просветниот одбор, спортското друштво, како и женската секција што е формирана во 1971 година.

Во состав на црквата работи и секција за бинго, готвење, црковен хор и библиотека. Членовите на црквата „Свети Димитрија“, особено младите генерации организираат културно-уметнички приредби, пикници, спортски и други манифестации.

Црквата е организатор на големиот македонскиот етнички фестивал, кој се одржува на црковното место во последниот викенд на јули.

Според историските факти запишани во делата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, иницијативата за изградба на Македонска православна црква „Раѓање на Пресвета Богоридица“ во Детроит, Мичиген е покрената во декември 1973 година. По една година, во 1974 година е решено да се организира македонска православна црковна општина. Потоа на 14 јануари 1975 година е формирана црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ворен, дел од  метрополата Детроид.

Првата архиерејска служба е отслужена од надлежниот архиереј, митрополитот Кирил во една Римокатоличка црква во 1975 година, а потоа е организиран пикник на кој  е собрана поголема сума на средства. Во периодот кога се одбележуваше 75-годишнината од Илинденското востание, на 13 август 1978 година епархијскиот архиереј  г.Кирил изврши осветување на купеното место и положи камен-темелник за градба на црква. Потоа на 24 декември 1978 година е купена црковната зграда, а е осветена на 20 јули 1980 година.

crkva-sv-gjorgji-detroid
Црквата „Свети Ѓорѓи Кратовски во Детроит

За купувањето и за првите активности на црквата „Света Богородица“ во Детроит се заслужни голем број иселеници, меѓу кои посебно место им припаѓа на почесниот претседател, големиот донатор и фабрикант Крис Ник од селото Болно, Ресенско, на првиот претседател Владо Пашариковски од Љубојно, потоа на Миле Топаловски, Сане Тодоровски, Мишко Васовски, Бошко Рајчовски – Пелистерски и многу други од помладите генерации доселени во Детроит..

Денес стариот објект на црквата е продаден, а е изградена нова црква во Стерлинг  Хаитц, која претставува соборен храм и најголем објект на МПЦ во САД.  До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс.  Местото е осветено на 25 септември 1995 година, а на 21 септември 1998 година е поставен камен-темелникот. Новиот објект на црквата „Раѓање на Света Богородица“, поточно салата е осветена од архиепископот на МПЦ г.г. Стефан и митрополитот г. Кирил на 21 септември 2000 година, а црквата е осветена на 21 септември 2002 година.

Во состав на црквата „Раѓање на Пресвета Богоридица“ во Детроит работат: женската секција, фолклорната група “Танец”, македонскиот радио час, хорската и други секции, неделното македонско училиште и пензионерското друштво.

bosko-rajcovski-pelisterski

stamevski
Познатите македонски иселеници од Детроит Светле Стамевски и Бошко Рајчовски-Пелистерсдки

Во Детроит, најголемата македонска колонија, каде најголемиот број доселеници се од Тетовско, Преспа и Битолско, покрај МПЦ „Света Богородица“ постои и Македонската православна црква „Свети Ѓорѓи Кратовски“.

Оваа црква е основана на 19 декември 1993 година. Првата богослужба е одржана во една Либанска православна црква која привремено се користеше и за одржување на други црковни активности во период од една и пол година.  Потоа во 1995 година е купена куќа која е пренаменета во црква, која на 27 август 1996 година е осветена од архиепископот на МПЦ г.г. Михаил. Целосно осветување на црквата е извршено на 8 септември 1998 година, исто така, од архиепископот на МПЦ г.г.  Михаил.

Црквата „Свети Ѓорѓи Кратовски“ е адаптирана во македонски православен храм со приспособен олтар.. Храмот собира стотина верници, а во подрумските простирии е адаптирана мала сала за  црковни и други потреби. Во рамките на црквата активна е женската секција, а работи и неделно црковно училиште.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top