Фељтон

Дел од вистината за македонците во САД (5)

slave-katin

slave-katin
Пишува
СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ЊУ ЈОРК, КАЛИФОРНИЈА И ФЛОРИДА

За организираното дејствување на Македонците во САД, а и пошироко во други земји ширум светот, треба се каже дека македонските православни цркви го опфаќаат мнозинството на македонските иселеници. Исто така, важна компонента на ваквото организирање е тоа што тие се сплотени во самостојни асоцијации, во состав на македонските православни цркви, во кои членуваат православни Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат.

Таков македонски храм е црквата „Свети Климент Охридски“ во градот Њујорк, што може да се види во делото „Македонски православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од авторот на овие редови. Во него се вели дека основачкото народно собрание за формирање на оваа црковна општина е одржано на 17 мај 1987 година. На собранието е решено да се формира црковна општина што ќе ги задоволува духовните и културните потреби на Македонците од градот Њујорк и пошироко и која ќе го носи името на охридскиот чудотворец и покровител на МПЦ свети Климент Охридски.

Потоа, на 31 јули 1987 година оваа црковна општина е регистрирана пред државните власти во државата Њујорк. На 22 октомври истата година Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква донесе одлука црквата да биде примена под канонска и духовна јуриздикција на МПЦ, со тоа да биде составен дел на Американско-канадската македонска епархија.

Во септември 2001 година се поставени темелите на новиот храм. Во состав на црквата активна е женската секција, како и бројни новодојдени иселеници, претежно интелектуалци кои помогнаат на духовен, културно-просветен, научен, спортски и друг план.

kliment-ohridski-newyork
Црквата
„Свети КлиментОхридски“ во градот Њујорк

Македонски храм има и во убавата Калифорнија. Според податоците во Лос Анџелес е изградена црквата „Света Богородица“. Уште по обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, Македонците во Лос Анџелес започна да се организираат, меѓу другото, и на црковен план. Така обиди за организирање на национална основа се правени уште во 60-тите години, особено преку “Македонското друштво”. Меѓутоа, таквите обиди се завршувани со пропаганда и интриги од туѓинските православни цркви кои пуштиле длабоки корени и меѓу Македонците кои живеат на тие американски простори.

Првите позабележителни активности на црковен план во Калифорнија почнаа со формирањето на „Македонско-американското друштво“, на 2 мај 1965 година. Подоцна во 1978 година, група македонски патриоти и верници успееја да се организираат во црковна општина која го носи името „Света Богородица“ и која е регистрирана пред американските власти.

За Македонците во Калифорнија еден од најзначајните датуми е  9 јануари 1980 година, кога  за прв пат е отслужена богослужба на мајчин македонски јазик, а црквата подпадна под јуриздикција на МПЦ. Потоа, на 26 август 1985 година надлежниот архиереј г. Кирил ја одржа првата света литургија.

Денес овој храм е центар на Македонците од Калифорнија во кој со успех работи играорната група “Фолклорни бисери” која е формирана во 1987 година, потоа активни се женската секција и македонското училиште.

Во Филаделфија, пак, е отворена Македонската православна црква „Свети Наум Охридско“..  Оваа црковна општина е основана на 22 февруари 1993 година кога беше формиран првиот основачки одбор на црквата. Во 1996 година членовите на црковната управа купија место и објект кој беше адаптиран за црква во која беа поставени икони и иконостас. Чест гостина на црквата „Свети Наум Охридско“ во Филаделфија беше управата и одреден број членови на црквата „Свети  Кирил и Методиј“ од   Сидер Гроув, Њу Џерси,  како и играорната група “Гоце Делчев”

Оваа црковна општина, меѓу другото, е организатор на традиционалниот пикник и на фудбалскиот турнир кои се одржуваат во периодот на празникот „Св.ети Наум Охридски“ во месец јули.

sv-dimitrija-florida
Црквата „Св. Димитрија“ во Јужна Флорида
 

Од другата страна на Калифорнија, во Соединетите Американски држави, во Флорида е изградена македонската православна црква „Свети Димитриј“. Оваа црковна општина е една од помладите што Македонците ја формирале северно од  Мајами и претставува  место на собирање и другарување на доселениците од тие простори, кои, како птици преселници доаѓаат на Флорида, претежно од провинцијата Онтарио, Канада и северните делови на САД.

Според историските податоци, пoчетоците за формиранјето на црквата Св. Димитрија запоцнаа со конституиранјето на “Македонскиот клуб” на Флорида, на Василица, на 14 јануари 1989 година. Таа забава останата е незаборавна како собир на другаруванје и  братска љубов на македонските доселеници во овие убави и топли краиста во Јузна Флорида. Потоа, на 15 август 1989 година е формирана македонската православна црквим „Свети Дитрија“ и регистрирана пред американските власти во Талахаси.

publikacija-katin
Публикација „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од Славе Николовски-Катин е издание на НИП „Нова Македонија“, Скопје, 1991, 1-192, а беше промовирана во „Сарајот„ во Ресен на свеченоста по повор 700 години од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, во 1991 година

За Македонците во Флорида ке остане за паметење 2004 година, кога се купени две куки во Палм Бич Гарденс. Тие потоа се адаптирани во црква и црковна сала. Во нив се продолжи и се практицира православната македонска вера, обичаите, традиции, песната и орото и други духовни  и културни  вредности донесени од Македонија.

 На западната страна на  Флорида кон Мексиканскиот галф, пак, е изградена Македонската православна црква „Свети Јован Крстител“. Таа се наѓа  во Тапрон Спрингс и е една од ново формираните македонски православни црква во САД. Во неа се собираат, исто како, Македонци претежно од провинцијата Онтарио, Канада и северните делови на САД.

Најмлада македонска православна црква во САД е „Свети Архангел Михаил“ во Феникс, Аризона, која е во изградба.

За одбележување е и тоа дека во САД постои со име „Македонска баптистичка црква“ во  Норт Спрингс, Северна Карорина, која нема врска со Македонската православна црква, а го добила тоа име по вечноста и библискиот статус на Македонија. Во неа членуваат само Американци со баптистичка вероисповед.

makedonska-baptisticka-crkva
„Македонска баптистичка црква“ во   Норт Спрингс, Северна Каролина

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top