
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com
Дел од историја на Долна Преспа (2)
Карактеристично за „Љубанските илинденски иселенички средби“ е тоа што со реконструкцијата на „Воденицата“ на Нивичаните во „Чивлик“, културните манифестации започнаа да се одржуваат во дворот на воденицата каде средбите добија нова културна димензија. Културниот дел од средбите започна да се организира во попладневните часови на 31 јули, на кои со своето учество редовно манифестацијата ја збогатуваат фолклорни групи, истакнати естрадни пеачи, градоначалникот на општина Ресен и на други институции, како и голем број видни личности од општествениот, политичкиот и црковниот живот во Република Македонија.
Меѓу нив посебно место заслучуваат: градоначалните на Ресен Димитар Бузлевски, Михајло Волкановски и Ѓоко Стрезовски, надлежниот архиереј на Преспанско – пелагониската епархија на МПЦ, митрополитот Петар со свештеници од Ресен и Битола, Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, министри на Владата, пратеници на Собранието на Република Македонија, оптествено-политички функционери, културолози, новинари, телевизиски екипи, видни иселеници од дијаспората и други знајни и незнајни личности.
Карактеристики за Вториот ден на „Љубанските илинденски иселенички средби“, пак, е тоа што тие од „Воденицата“ продолжуваат на „Полена“. Така, од 2007 година средбите добија нов правец на културен план, особено кога на 1-ви август во предвечерието на Илинден актерката Елена Мосе, член на Народниот театар од Битола ја изведе монодрамата „Пјав“. Потоа Илинденската вечер продолжи со изведба на свои програми на културно – уметничките друштва „Везилка“ од Охрид и „Моминок“ од Прилеп.

Почеток на иселеничка средба пред „Воденицата“
Од втори август 2005 година отпочна да се изведува дефиле по улиците на Љубојно во кое учествуваат голем број граќани, членови на културно – уметнички друштва, познати личности, преводени од градоначалникот на Ресен и организаторот на Средбите. Потоа, се одржува богослужба во црквата „Свети Илија“ и се положува букети свежо цвеќе пред спомениците за Илинден и НОБ.
Музичкиот дел на „32-те Љубанските илинденски иселенечки средбите“ во 2005 година го водеше музучката група „Биоритам“, а настапија познатите естрадни уметници: Татјана Лазаревска, Јасмина Мукаетоа, Гоце Арнаудов и љубанецот Ламбе Алебаковски. Таа година музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски настапи за прв пат на „Полена“, каде беше прифатен со љубов и награден со аплаузи, овации и бакнеши од младите генерации. Од оваа година па се до денес Ламбе Алабаковски е присутен на „Љубанските илинденски иселенечки средбите“ со свој репертоар на забавна и народна музика.
Триесет и четвртите Љубански илинденски иселенички средби се одржаа во 2007 година на кои се продолжија традициите од предходните години. Тие започнаа во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Средбите продолжија во вечерните часови на „Полена“, каде присутните ги поздравија љубанецот Ратко Милошевски кој шивее во Детроит и кој беше претседател на манифестацијата. Исто така, на присутните на средбата се обратија господинот Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен, неговата екселенција Јордан Плевнеш, амбасадор на Република Македонија во УНЕСКО и Весна Палмер, иселеник и донатор од Колорадо, САД.

Стеван Томулевски од Љубојно со оркестарот
Во вечерните часови Илинден беше збогатен со необичната и професионална изведба на вечер на љубанската поезија „Мементо“ за Наум Манивилов – Преспански во режија на Владо Цветановски и амбасадорот Јордан Плевнеш, а по сценарио на Бошко Рајчовски – Пелистерски. Во оваа иведба учествуваа групата „Љубојна„ од Битола и актерите Бошко Бозаџиевски и Елена Трајковска. Потоа, програмата ја збогатија со свои оригинални ора и песни КУД „Таше Милошевски“ од Ресен и КУД „Чиперо“ од Кечкемет, Унгарија, со што се прошири во народна веселба која траеше до доцна во ноќта.
На 2-ри август 2007 година, а по повод четириесет годишнината од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква се одржа свечена богослужба во црквата „Свети Илија“. Исто така, се одржа традиционалното дефиле од „Чивлик“ до црквата „Свети Илија“ во кое учествуваше КУД „Момино“ од Прилеп. Потоа Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен и Митре Лембовски, претседател на Месната заедница во Љубојно, Петре Дораковски, член на Сојузот на борците на Република Македонија, Ратко Милошевски, иселеник од Детроит во својство преседател на средбите и Џан Христов и Љуба Пашариковска, претставници на Македонското друштво „Љубојно“ од Детриои положија свежо цвеќе пред спомен – плочата на куќата од Калајџиовци.
„34-те Љубанските илинденски иселенечки средбите“ продолжија на „Полена“ со учество на ансамблот „Пелагониски бисери“ од Битола кога и започна илинденската веселба. На неа зедоја учество естрадните уметници Благица Павловска, Елена Веловска и Ламбе Алабаковски. На песните и игрите им немаше крај.

Ламбе Алабаковски
Идејата во Љубојно да се одржува културна манифестација од поширок интерес беше присутна од поодамна, но со активности околу реализирање на фестивал на македонски песни се отпочна во 2007 година. Имено, кога се предлагаше „Љубанските илинденски иселенички средби“ да немаат само локален карактер, туку и општински, тогаш се одлучи ваквата музичка манифестација да се вика „Фолк-фест Преспа“. Всушност, идејата за оваа музичка манифестација беше таа да биде дел и продолжение од она што се случува на „Фолк-фест Валандово“.
Се предложи „Фолк-фест Преспа“ да зрачи едно ново културно живеење, со цел да го збогати Илинден во Љубојно. Тоа што музичката естрада го испеала и го создала да се пренесе како македонско музичко наследство и во Љубојно. А „Фолк-фест Валандово“ ја има благородната улога преку процесот на обнародување да го продолжи животот на македонската народна песна. Затоа и „Фолк-фест Преспа“ има за цел да ги реафирмира песните што се пеат во Валандово и на други фестивали во Македонија. Тоа го прави со поканување на голем број афирмирани и неафирмирани естрадни македонски уметници, своите музички остварувања да ги претстават во Љубојно.
Со тоа „Љубанските илинденски иселенички средби“ се збогатија и добија еден нов квалитет. На средбите не само што се промовираат нови музички остварувања, туку како продолжение на делот од културата, 1 август вечерта се збогатува со уште една културна манифестација „Фолк-фест Преспа“.

Јуле на Илинденските средби во Љубојно
Се знае дека македонската песна и оро одразуваат една специфична карактеристика на нацијата. Во исто време македонската народна песна сама по себе има индивидуалност и ги подига чувствата кај слушателот и гледачот. А народната песна води потекло од народот, од луѓето. Таа им служи ним и воспоставува уникатна основа за нивно единство. Македонските народни песни имаат сличности со народните песни на соседите, но, сепак, се различни. Ете така Македонецот, понесен од виорот на една песна преку која манифестира самостојност и оригиналност прави со песната тагата да е лесна.
Стиховите на народната песна се со чувства и лирски квалитет. Основната карактеристика рефлектира едноставност и природност базирана врз шаренилото на секојдневните аспекти од човечкиот живот. Симболот на човекот е евидентен во македонските народни песни. Тие изразуваат љубов кон татковината, го изразуваат типичниот македонски темперамент кој изобилува со љубов и нејзините истовремени болки, радости, средби и разделби. Македонските народни песни се популарни не само во границите на Македонија, туку се стекнале и со поширока популарност на Балканот и во светот.
Продолжува