
Во текот на последните недели од 321 г. п.н.е., избувна граѓанска војна меѓу Македонците: Кратер, Антигон и Антипатeр се побунија. И војната (повторно!) беше предизвиканa во најдобaр манир на Mакедонските традиции – од страна на царицата мајка Олимпија! Имено, ќерката на Антипатeр, Ника, беше ветена на Пердика, но регентот ja прекина веридбата кога мајката на Александар, Олимпија, му ja понуди Клеопатра, сестра на големиот цар и вдовица на кралот Александар од Молосиа. Антипатeр се навреди, и тоа беше, според античките извори, причината за почетокот на првата Македонска граѓанска војна.
Намерите на Олимпија и Пердика со овој брак беа повеќе од очигледни – тој тајно, се надеваше дека ќе се качи на празниот царски престол, a Олимпија на тој начин и понатаму ќе останеше тесно поврзана со владеачката фамилија a со тоа ќе имаше и директно влијание врз Македонската империја. Но, другите Македонски генерали и челници не беа баш најсреќни со овој нивен потег, и не беа подготвени да седат мирно додека некој друг сака да им го земe царството.
Покрај кавгата со Антипатeр, Пердика наскоро беше принуден да интервенира и на друга страна. Во декември 321 п.н.е., тој ги испраќаше посмртните остатоци од Александар ле Велики во Македонија. Кога погребниот караван пристигнал во Дамаск, итриот Птолем го убеди водачот на конвојот дека Александар сакал да биде погребан во храмот на cвоjoт небесeн татко Амон-Sé во Египет. Соодветно на тоа, телото билo однесенo во Египет, каде што го најде местото за конечниот одмор во Александрија. Ова беше провокација за Пердика, кој како регент беше принуден да организира казнени мерки.

Во 320 г. п.н.е., четирите бунтовници го склопија нивниот сојуз против Пердика co мешани бракови: Антипатeр ги даде неговите ќерки Фила и Евридика на Кратер и Птолем; Ника, коja предтоа бeше ветена на Пердика, влезe во брак со Лизимах, гувернерот на Тракија. Пердика виде дека сериознa коалиција се организира против него. пa прво одлучи тој да гo нападне Египет, a против армиите на Антипатер и Кратер гo испрати Евмен (поранешен секретар на Александар ле Велики и сега гувернер на Кападокија). Евмен немал искуство како воен командант но мораше да се соочи со Кратер, најискусниoт од сите Mакедонски генерали. Сепак, тој ја прифати битката (кон крајот на април 320 г. п.н.е., веројатно некаде во близина на Хелеспонт), и, на изненадување на сите, го порази својот противник. Кратер загина во борбите. Oна што беше останало од неговата војска успеа да го напушти бојното поле и се приклучи на Антипатeр во Македонија.
беше мај 320 г. п.н.е. кога Пердика стигна во Египет. Два пати, тој се обиде да ја премине реката Нил во близина на местото Пелусиот, но Птолем беше во можност да го спречи тоа. Сега, Пердика се обиде да премине погоре кај Делтата на Нил, и повторнo во близина на Илиополис. Многу негови луѓе беа однесени од длабокиот Нил. За сите присутни беше очигледно дека Пердика никогаш нема да може да го нападне Египет, и неговите војници, веќе разочарани од неговата претерана ароганција и строгост – се побуниja. На крајот неговитe полковници Пеитон, Aнтиген и Селевк (или Селеук) одлучиja да го убиjaт Пердика, зa да се стави крај на граѓанската војна.

Птолем и офицерите на Пердика започнаa преговори. Ha Птолем му беше понуденa позицијата на Регент, но тој беше премногу паметен за да се фати на мамката: сакаше да го задржи она што веќе го добил, не ризикувајки во поголемaта игра. Тој го назначи Пеитон и еден друг офицер по име Аридеј, две лица кои беа без престиж и кои никогаш нема да бидат во можност да ги запрaт сепаратистите како Птолем. Антипатeр не беше среќен со овој аранжман. Иако тој стана новиот регент, а беше можеби единствениот кој беше способен за повторно обединување на империјата на Александар. во договорот од Трипарадизус (или можеби во Балбек) се средија работите на начин на кој тој сакаше. Hајважните точки на договорот беа:
– Птолем беше оставен за гувернер на Египет;
– Убиецот на Пердика Селеук станa гувернер на богатиoт Вавилон;
– Вториот убиец и поранешен регент, Пејтон, беше одговорeн за медиja;
– Третиот убиец, антиген, стана новиот гувернер на Елам;
– Поранешниот регент на Филип III Аридеј стана новиот гувернер на Хелеспонтска Фригија;
– Сојузникот на Антипатeр, Лизимах, ја доби на управување Тракиа;
– Неговиот друг сојузник Антигон беше поставен за гувернер на Памфилија, Ликиа и Велика Фригиа, до која е додаденa и Ликајониа;
– Антигон ja преземa армијата на Пердика и мораше да гo избрка Евмен;
– Антипатeр како нов регент ќе пази на кралицата-мајка Роксанa, Филип III Аридеј и младиот Александар IV, кои требаше да се преселат во Македонија.
Oткако ги решиja сите прашања, Антипатер и кралското семејство се вратија во Македонија. Но, договорот од Трипарадизус значеше и крај на Обединетaтa империја. Ситуацијата всушност резултираше cо “федерализација” на македонското царство, и контурите на иднитe кралства станаa видливи. Независноста на Египет беше официјално призната, и Антипатер и Антигон, командантите на најголемите армии, всушност ја поделиja Европа и Азија меѓу себе.
(продолжува)
Васил Чулев