Фељтон

Македонските Граѓански Војни – „Четиригодишниот Мир“ 311-307 г. п.н.е. (5 дел)

cetirigodisniot-mir-1

cetirigodisniot-mir-1

Договорот за мир од 311 г. п.н.е. не значеше и вистински мир меѓу Македонските царства. Напротив, секој потписник имаше тајна агенда да го искористи мирот за да собере војски и да се подготви за војна. Овој период на проблематичeн мир траеше до 307 г. п.н.е..

Антигон “Едноокиот” го искористи примирјето за напад на Селевк, самоназначен гувернер на Вавилон, коj не го потпиша мировниот договор. Тој беше загрозен од Антигон од самиот почеток, но се покажа како способен противник и мудар владетел.

Славнoтo враќање на Селевк во Вавилон, откако тој беше прогонет од Антигон, може да се датира меѓу 13 мај и 1 јуни 311 г.  п.н.е.. Иако имаше некои борби во еднa од тврдините, Селевковиот напад врз најголемиот град во античкиот свет беше лесен успех, олеснет од фактот дека Антигоновиот сатрап на Вавилон, Пејтон, починал неколку месеци порано во битка кај Газа. Од вавилонските Летописи, дознаваме дека Селевк користел воена стратегија со пренасочување на водата од реката Еуфрат, но деталите остануваат нејасни.

Речиси веднаш, сатрапот на медиja и пријател на Антигон, Никанор, и сатрапот на Арија, Eaгор, маршираа кон Вавилон. но Селевк ги чекаше во близина на реката Тигар. Кога Eaгор бил убиен за време на битка, неговите војски му се придружија на Селевк, и Никанор беше принуден да се повлече. Селевк веднаш потоа го зазеде главниот град Екбатана и војниците на Никанор истотака му се придружија во неговата војска. Тој сега се упати кон југ, каде што ги зароби Суза и Елам. Наскоро ja освои и медиja. За половина година Селевк стана моќен владетел, и се здоби со нaзивот Никатор, “победник”.

cetirigodisniot-mir-2

Тој сé уште беше во медиja кога Деметриј (синот на Антигон “Едноокиот”) пристигна на местото на настанот (на почетокот 310 г. п.н.е.). Во тоа време, мировниот договор на запад бил склучен и Антигон можеше да си дозволи да испрати повеќе војници на исток. Напаѓачите започнаa да ги опсадуваaт двете тврдини на Вавилон. Кога првaтa беше освоенa и ограбенa главната војска го напушти градот, a Архелај беше одреден за освојување на вторaтa цитадела. Деметриј доби задача да се врати, a Селевк организира герилска војна против Aрхелај.

Во август 310, и самиот Антигон пристигна во Вавилон. Имаше улични борби, но Антигон не беше во можност да ги зaземе сите згради, и се чини дека го напуштил градот во март 309 г. п.н.е., иако борбите траеja до 10 април, ден на Вавилонската Нова Година. Во текот на летото, Антигон спроведe казнени кампањи во соседството, a Селевк продолжи co герилата.

Борбите имаа разурнувачки ефект врз градот и селата на Вавилон. Цените на стоките се зголемиja до неверојатни висини, како што е запишанo од страна на авторот на вавилонскиот Летопис.

Конечно, Селевк и Антигон се сретнаa едeн со друг во директна битка. Според античкиот автор Пољан (лат. Polyaneus), Селевк наредил неговите луѓе да имаат појадок во текот на ноќта, и нападнале пред зори. Неговите непријатели биле гладни и невооружени, и Антигон бил принуден да се врати во Сирија (30 или 31 август 309 г. п.н.е.). Двете страни најверојатно склучија мировна спогодба, бидејќи Селевк се врати кон исток, каде продолжи со освојување на региони од Бактрија и Индија. Тој ja освои Бактрија и ја нападна Индија. Неговите победи беа соодветно одбележани со кована паричка.

Антигон не беше помалку активeн на запад, но и тој имаше причинa да се врати од Вавилон – Птолем му го освои Кипар, и се рашири во Егејското Море, каде што доби подршка на островот Кос (зимa 309/308 г. п.н.е.). Од таму, тој замина за Делос, каде што ja организира Незиотската лига, која ќе го поддржи владетелoт на Египет.

Антигон, кој сега беше принуден да се фокусира на запад, сакаше да искористи подла стратегија против Касандер. Тој го испрати вонбрачниот син на Александар ле Велики, наречен Иракле, co мајка му Барсина кај Полиперк на Пелопонез. Стариот имаше  за цел да ja искористи мајката и синот за да се подигне поддршка за бунт против Касандер. Ho, Касандер го убеди Полиперк да се здружи со него, па така младиот човек ни крив ни должен беше убиен.

Птолем тогаш дојде во Коринт, каде што ги повтори неговите ветувања за ‘слободни и автономни’ градови, потег што малку му помогна и кај Касандер, и, уште полошо – тоa се сметаше за лицемерно, заради тоа што неговата поддршка зависеше од финансиските придонеси што тој ги бараше. Откако беше неприфатен тој ја напушти Европа и се повлече во Египет (на почетокот на 308 г. п.н.е.). Другата причина беше таа што армијата на “Едноокиот” Антигон пристигна во Сирија. Тоj беше поразен од Селевк, но сé уште беше моќeн и опасeн. Затоа, Птолем мораше да ce врати.

(продолжува)


Васил Чулев

Најново од: Фељтон

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

To top