Фељтон

Александровиот коине јазик и неговото значење (9)

aleksandroviot-koine-jazik

aleksandroviot-koine-jazik

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

За јазикот на Македонците сеуште постојат големи по-лемики. Според некои, говорниот јазик на Македонците, како средство за комуникација, бил „дорскиот коине” (Робертс, 1976, 114), а по други „македонскиот коине” (Рановиč, 1983, 78), т.е. „протомакедонскиот јазик”.

Дека Македонците во антиката зборувале со посебен јазик, кој им бил неразбирлив на Елините, сведочи и Плутарх (46-125година п.н.е.) во своето дело за „На Александар” (III,51). Имено, во кавга со Клит, Александар „скокнувајќи почна да вика повикувајќи македонски хипаспити…”. Германскиот историчар Белоцх (1886) опишува дека „Македонците пред кралот Архелај (413-399 п.н.е.) зборувале со друг јазик, кој не го разбирале (дорските) Елините”. Додека дорскиот дијалект во Елада послужил како амалгам за синтеза на класичниот грчки јазик, дотогаш јазикот во Македонија се развивал самостојно од палеоглосологијата на Балканот, културата на Лепенски Вир и егејската култура, т.е. кралевите Македон, Орфеј итн.

Извор за проучување на „александровиот коине” јазик се папирусите од Александрија во Египет, разни приватни молби, тужби, писма, пријави, извештаи, одговори, епиграми итн, кои го покриваат периодот од IV век п.н.е. до VIII век н.е. (Мпампиниотис, 1.986, 113), како и топонимите во Македонија. На ова поле постојат обемни истражувања од страна на современите лингвисти. Костопоулос (1.992, 15) на пример изнесува дека само околу 6. 000 епиграми се најдени во Македонија на нивниот јазик. На овој јазик пишувале пред сè Аристотел, Тукидид, Есхил, Еврипид, Софокле и многу други. На „александровиот-македонски коине” јазик пишувани се текстови во Светото писмо. Во III век п.н.е. извршен е на овој јазик преводот на Стариот завет, а подоцна и Новиот завет.

Како сите други и овој јазик со индоевропско потекло од палеоглосологијата на Балканот, имал свој сопствен речник и различен фонолошки систем и синтаксички облици во системот на глаголите и именките.

Александровиот коине јазик можел да се наметне на дијалектниот грчки јазик од повеќе причини. Ќе наведеме некои. Во дијалектниот постоеле заеднички наследни елементи од еолскиот, пелашкиот, јонскиот, карскиот, лелегшкиот и дорскиот, во вид на дијалектикон. Во Елада живееле претежно Дорци, на чело со секогаш војнички доминантната дорска Спарта, каде на Пелопонез се зборувал дорскиот јазик (дијалект).

Најголем и критичен пресврт е направен кога се создадени воено-политички и економско-социјални предуслови за доминација на Македонија над Атена. По персиските војни во 480 година п.н.е „александровиот коине” јазик го потиснал јонско-атичкиот дијалект, се издигнал и се наметнал не само како семакедонски, туку и како панелински јазик (Димитракоу, 1970, I). Така, на тлото на Балканот и Егејот од палеоглосологијата на Балканот, со источната култура на Средно Подунавје, преку Македонија, Орфеј, Аристотел и други, се развил и оформил посовремен јазик заеднички наречен „александров коине”, т.е. „македонски јазик”, со што е создадена база за светската цивилизација.

Овој јазик, од страна на Александар Македонски (Велики) (356-323 п.н.е.), најголемиот војсководец на стариот век и ученик на Аристотел, се проширил не само во Елада, туку и во целата негова империја. Во нови услови, тој се обогатил со јазични елементи од азиските и афричките народи, пред сè Персија и Египет, па станал меѓународен и јазик на дипломатијата (Димитракоу, 1.970).

Како што Александар Македонски со својата сабја создал светска империја, така паралелно неговиот учител Аристотел од Стагира, е творец на целиот создавачки човечки дух (Папаставроу, 1.970, 416). Меѓутоа, Аристотел бил само врв на таа културна пирамида на Централниот Балкан.

Со изградбата на Александрија во Египет, 331 п.н.е., и создавањето на најголемата библиотека на светот со по-веќе од 700.000 монографии, Александар го основал единствениот научен центар кој доминирал не само во негово време и времето на неговите наследници, туку и во Римскиот период. Со ова „александровиот коине” јазик станал мајчин јазик како на Македонците така и на Грците и многуте народи во неговата империја, но и на Исус Христос и неговите Апостоли. Првиот лингвисти-чки опис на овој јазик го направил Дионис Тракиски, 100 п.н.е. во вид на публикација под наслов „Вештина на граматиката”. Ова остварување претставува прва европска граматика и еден од најрешителните чекори во граматиката воопшто.

Од глосеолошки аспект „александровиот јазик” станал прв најмодерен јазик во светот во компарација со тогашните владеачки јазици, како што биле персискиот, египетскиот, латинскиот, хебрејскиот, кинескиот, индискиот итн. Тој сторил пресврт од радикална природа и тоа на сите лингвистички нивоа, како во фонологијата, така и во морфологијата, синтаксата, лексикологијата и семасиологијата, преминувајќи од дијалектен, каде станал голем дорски супстрат и ново-грчкиот јазик (Мпампиниотис, 1986). Според создавачот на грчката глосологија Хатзидакис (1967), новогрчкиот јазик претставува директен развој на византискиот, кој потекнува непосредно од „александровиот коине” јазик. Овој јазик во многу што ги поедноставил облиците на античките, јонските, дорските и ахејските елементи.

aleksandrovata-biblioteka-1

aleksandrovata-biblioteka-2

Александриската библиотека

По доминацијата од речиси 900 години (335 п.н.е. до VI век н.е.) александровиот коине јазик минува во втор период на развојот, со седиште во Цариград. Почнува со императорот Јустинијан и трае од VI до XII век и прет-ставува рановизантиска фаза, кога станува официјален јазик на државата наместо дотогашниот латински јазик. Во подоцнешната византиска фаза, меѓу XII-XV век, александровиот коине јазик станува јазик на книжевноста, посебно од 1.204 година, кога се ослободува од архаизмите и античкиот начин на пишување. Третата, или поствизантиска фаза почнува од 1.453 година, кога Византија потпаднала под отоманско ропство, 1.821 година. Оваа фаза траела од XIX век, т.е. до ослободувањето на Грција од Отоманската империја, 1.812 година.

Новогрчкиот период на александровиот коине јазик трае до денес и тој е во тек. Во овој период тој минува низ шест различни фази: архаизам, пречистување, палеодемотикизам, катаревуси, демотикизам и фаза на новогрчки јазик, кој сега е мајчин јазик на сите Грци. Со закон на грчката влада од 1.975 година, новогрчкиот јазик станал официјален јазик на државата, со што на крајот е решено долговековното „лингвистичко прашање” на Грција (Мпампиниотис, 1.986, 170).

Од изнесеното може да се воочи дека палеоглосологијата на Балканот, стара повеќе од 10.000 години, и денес е сочувана во географската ономастика на полуостровот, има излезна точка во културата на Средно Подунавје. Со совпаѓање на историските и други околности, таа мигрирала на југ и нашла многу плодно тло во античка Македонија, каде се формирала во говорен јазик, кој во современата лингвистика е означен како „александров коине (општ) јазик”. Овој современ јазик, супстрати од палеобалканската глосологија, направил еруптивен развој во светската лингвистика и бил јазик на светската дипломатија, на големата Македонска империја, а од VI век н.е. и Византиската империја, во контиунитетно траење од околу 2.500 години. Александровиот коине удрил конечен печат на физиономијата на дијалектниот и на грчкиот јазик, а станал и јазик на христијанската литургија. Тој им дал номенклатура на сите современи науки: филозофијата, математиката, физиката, астрономијата, биологијата, техниката, технологијата итн.

До разрешување на прашањето за палеоглосологијата на Балканот и наследството на едно древно, високодуховно културно наследство, може да се дојде единствено со паралелно усогласување на архетипските научни чинители од доменот на археологијата, лингвистиката, праисторијата, митологијата и историјата. Само на тој начин може да се вклопи и да се создаде еден совршено убав мозаик за античката македонистика, за континуитетот на македонскиот народ и неизадржливоста на македонската цивилизација. На ова истовремено се противставува и тврдењето на Папаставроу (1.972, 497), дека елинскиот јазик (античкиот дијалект) е импортиран во Македонија, а не обратно, од север на југ во Грција, како и многубројните други елементи на древната македонска култура.

Во македноскиот јазик денес постојат многубројни супстрати од античкиот македонски јазик, а пред сè во ономастиката.

Ономастиката, во прв ред топонимите и антропонимите, се живи споменици и чувари на материјалната и духовната култура на секој народ. Таа е една од изворите за реконструкција на културната историја, посебно јазикот и подлабоко запознавање со општествените, религиските и географските прилики.

Во лингвистичките истражувања на Централниот Балкан е утврдено постоење на супстрати на палеобалканскиот јазик, кој бил база за развој на античкиот македонски јазик за време на кралот Архелај (413-399), кој својот лингвистички облик го добил во текот на владеењето на Филип II и Александар Македонски, познат во современата глосологија како александров „коине” јазик. Овој јазик претставува еден од многу важните фактори на генезата и континуитетот на македонскиот народ на ова тло.

Зборот ономастика припаѓа на древниот македонски апелатив, што значи именски, кој се однесува на име. Денес таа се дефинира како наука за сопствените имиња и опфаќа три главни гранки на културата: јазична, историска, географска. Неа ја сочинуваат антропонимија и топонимија. Изучувањето на ономастичкиот материјал во Македонија е од големо значење, давајќи ни известувања од прва рака, зашто во името се крие и особината на лицето кое ја носи (номен естомен).

Има називи кои во речникот на новогрчкиот јазик се означени како со непознато етимолошко потекло (Мпампиниоти, 1998), а припаѓаат на палеобалканската глосологија, односно на древниот македонски јазик и се во секојдневна употреба. Од примери може да се види дека иако словенизирани, античката македонска ономастика во Република Македонија се зачувала, пркосејќи на забот на времето, освојувачите и хетерогените јазични влијанија, што е многу важно за етногенезата и континуитетот на македонскиот народ, имињата на нивната татковина, јазикот, културата и обичаите.

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top