Фељтон

Македонското балканско кралство (16)

mbk16

mbk16

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Од далечната праисторија на Македонците на Балканот и нивното историско формирање како кралство од Пердика I, околу 700 п.н.е., со создавање на Аргеадската династија, Египетското и Азиското кралство, македонската државност на Балканот била во непрекинат континуитет до римската окупација.

Со создавањето на Македонскиот комонвелт (империја) од Дунав и Дрина до Инд, како намесник на Александар, со Македонија управувал неговиот генерал Антипатар. Овој многу висок македонски големодостоинственик, е роден во 398 п.н.е. во Орестида (Костурско) и имал два сина, постариот Касандар и помладиот Јолаја. Бил во династички врски со Филип II и во животот постигнал многу и во времето на Филип, како и во времето на Александар, како генерал и Александров намесник во Македонија. Покрај тоа, бил одличен дипломат, се истакнувал со висока култура, тесно соработувал со Изократ, учител по говорништво во Атина, напишал две книги со писма и историја „Илирска војна“.

По убиството на Филип II, Антипатар веднаш се изјаснил крал на Македонија да биде Александар и му помогнал да се зацврсти на престолот. За време на азиската кампања, Антипатар како намесник и стратег за Европа, успешно се справувал со персиската флота во Егејот, бунтовите во Грција, Тракија и Илирија. 

Покрај тоа, на Александар постојано му праќал свежи сили и македонски колонисти. Меѓутоа, до неслога со големиот крал дошло кога Александар почнал да воведува нов режим во империјата, кога дошло до негова апотеза и до преместување на центарот на државата надвор од Македонија. И покрај тоа, Антипатар ѝ останал до крајот на својот живот верен на Филиповата традиција.

По десетгодишното владеење, умрел во летото 319 п.н.е. на 80-годишна старост. Со него ќе го снема и последниот претставник на старата гарда на Филип, оние личности кои во најкритичните мигови ѝ останале верни на кралската куќа Аргеада.

По смртта на Антипатар, неговиот постар син Касандар стапува на сцената како еден од претендентите за власт. Тој е роден 355 или 350 п.н.е. Во походот на Александар се приклучил подоцна, дури во 324 година п.н.е., во Бабилон, каде брзо напредувал и покрај судирот со Александар и се вратил во Македонија како хилијарх, командант на коњаницата хетери. Последните години од животот на татко му, тој управувал место него. Меѓутоа, Антипатар, познавајќи ги славољубивоста, безобзирноста и властољубивоста на својот син, за намесник на Македонија го одредил Полиперхонт од Тимфаја, во Западна Македонија.

aleksandar16

kasandar16

Александар                                                       Касандар

Полиперхонт е роден 390 п.н.е. и припаѓа на постарата генерација дијадохи и бил активен учесник на Александровиот поход до крај, како војвода на своите борци од Тимфаја. Бил умерен, верен на кралската династија, па затоа Антипатар сметал дека тој ќе води поголема грижа за кралското семејство.

Меѓутоа, меѓу двајцата претенденти за македонскиот престол, дошло до создавање коалиција и судири. Од една страна биле Полиперхонт, Еумен и Олимпија, додека од спротивната, Касандар, Антигон, Лизимах и Птоломеј. Судирот меѓу двајцата ривали почнал во Атина за да заврши со убиството на Филип III и Евридика, Олимпија, Роксана и Александар IV, кои свечено се по-гребани од страна на Касандар, со кралска торжественост во Аигама. Полиперхонт како поразен ја напуштил Македонија и се засолнил кај Еолците.

Од граѓанската војна меѓу Македонците на Балканот како победник излегол Касандар и 316 п.н.е. завладеал со Македонија. За да ја легализира својата власт, се оженил со ќерката на Филип II, полусестра на Александра, Тесалоника. За да ја обезбеди својата власт и да го унапреди стопанството, меѓу останатото, изградил 40 градови. На превлаката Пелана, каде претходно бил градот Потејдаја, изградил град и утврдување Касандрија, додека во Термајскиот Залив, во чест на жена му, изградил град со нејзино име, Тесалоника, 315 п.н.е., кој станал еден од доминантните центри на Балканот низ наредните три царства: Римското, Византиското и Отоманското. Продолжувајќи со обновата на стопанството, Касандер во Беотија го обновил градот Теба, кој бил срушен од Александар заради востанието.

Касандар со Тесалоника имал три сина, од кои најстариот наскоро умрел, додека двајцата помлади браќа, Антипатар и Александар, по татковата смрт, 297 п.н.е., владеел заедно под туторство на мајка си. Меѓутоа, наскоро избила кавга меѓу нив. Братоубиствената војна меѓу Антипатар и Александар, ја вовлекол Македонија во период на немири, анархија и борба за престолот. Заради тоа, младиот син Александар ги повикал напомош своите роднини Деметрије и Пир.

Деметрије е син на Антигон Едноокиот и Стратоника, роден во Македонија, околу 336 п.н.е. Бил оженет со Фила, сестра на кралот Касандар. По татковата смрт кај Ипс, 301 п.н.е., дошло до распаѓање на Антигоновото кралство во Азија. Така исчезнала државата која тежнеела да ги обедини останатите делови на некогашното царство, исчезнала и идејата за легитимност на власта. Го победил принципот дека власта припаѓа на оној кој ја освоил со силата на оружјето, а не на оној кој има законско право на наследство. Деметрија дошол во Македонија од Мала Азија, 295 п.н.е., а прогласен е за крал на Македонија во 293 п.н.е., а за тоа време, Александровиот брат, син на Касандар, Антипатар, се засолнил кај Лисимах и се оженил со неговата ќерка. Владе-ењето на кралот Деметрије со Македонија траело пет години.

tesalonika
Тесалоника (Солун) (именуван по ќерката на Касандар – Тесалоника)

Тој бил убав и висок, имал херојски изглед и кралска величественост . Бил упорен и работлив. Умеел да води војна и војната да ја претвори во мир. Бил храбар и нескротлив. За време на неговото владеење изградил многу градови, од кои најважен бил градот Деметријада во Пагаситскиот Залив во Тесалија со големо бродоградилиште. Деметрије ја активирал бродоизградбата во своите бродоградилишта во Пела, Деметријада, Пиреја и Коринт. Биле градени бродови со огромни размери за тоа време, какви дотогаш не биле видени. Вкупно биле изградени 500 брода, како и воени лаѓи со 14 редови веслачи.

Во 288 година п.н.е., кралот Деметрије се судрил со коалицијата на Лисимах, Пир и Птоломеј. Бил победен и морал да ја напушти Македонија, а за крал на Македонија бил прогласен Пир. Верувајќи дека може да ги сочува останатите урнатини на своето кралство, тој презел акција на исток против кралството Лизимах. Меѓутоа, бил заробен и во ропство минал три години, каде и умрел, во 283 п.н.е., на 54 години. Бил погребан од својот син Антигон Гонат во Деметријада во Тесалија.

Во тоа време, Лизимах кој бил роднина и пријател на Александар Велики, бил целосен господар на Тракија. Тој е роден 360 или 350 п.н.е. и својата мла-дост ја минал на македонскиот двор. Активно учествувал во големиот поход. Во 294/293 п.н.е. Лизимах не можел да го спречи  прогласувањето на Деметрије за крал на Македонија. Но, по смртта на Антигон, нему му припаднал поголемиот дел од територијата на Мала Азија. Во меѓувреме го зазел поголемиот дел од Македонија и цела Тесалија и се прогласил за македонски крал. Кога зет му Александар, син на Касандар, побарал да му отстапи дел од кралството, тој го убил.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top