Фељтон

Македонското египетско кралство на светската цивилизација (18)

feljton18-1

feljton18-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Во Македонистичката епоха, Египетското кралство претставува најдобро организирана држава во Македонскиот комонвелт. За време на првите Птоломеи, таа покрај Египет ги опфаќала и Киринаика, Јужен Балкан, Кипар, јужниот дел на Мала Азија дел од Тракија, Кикладските и други егејски острови и Пелопонез, па така била најголема поморска сила.

Оснивач на кралската династија бил генералот на Александар, Птолемеј Лаго I од Еордаја во Западна Македонија, кој владеел 20 години. Следат Птоломеј Сотер, Птолемеј Филаделф, Птолемеј Енергет, Птолемеј Филопатор, Птолемеј Епифан, Птолемеј Филометор, Птолемеј Еуергет и сè до прочуената кралица Клеопатра постарата ќерка на Птолемеј Аулето. Кога Цезар (Gaius Juliys Caesar, 101-44) го освоил Египет, Клеопатра му родила син Цесарон. Меѓутоа, по паѓањето на Цезар, во Египет дошол римскиот војсководец Антонио Марко (82-30 п.н.е.) кој го примил управувањето на Источното царство и Клеопатра се омажила за него. По поразот на Антонио од Октавијан, кај Акциум, 31 п.н.е.), по една година Антонио и Клеопатра извршиле самоубиство. За нејзиниот живот Шекспир (1564-1616) ја напишал драмата „Антонио и Клеопатра“.

Птолемеите владееле со Египет 300 години, а Клеопатра била последен владетел на таа македонска династија. Римското владеење  траело од 30 п.н.е. до 395 н.е. и го заменила Византија.

Македонските доселеници внеле во Египетското кралство нов живот во развојот на општествените односи, стопанството, религијата, науката и духовниот живот. Покрај другите промени, извршена е апотеза на Александар Македонски (Велики), потоа со ред и останатите македонски кралеви на Египет. За време на оваа славна династија, градот Александрија станал светски центар на духовниот живот. Покрај Александриската библиотека, изградени биле Музеј-храм на Музите и Гимназијата, каде се концентрирале најголемите умови на македонистичкиот свет.

ptolomej
Кралеви од династијата Птоломеј

Птолемеите покренале обемна научно-истражувачка активност во географијата, астрономијата, математиката, геометријата, тригонометријата, механиката, медицината, филозофијата, историјата, филологијата итн.

Испитувано било Црвеното Море и источниот афрички брег, Горен Нил, западниот европски брег сè до Англија, Шкотска, Исланд и др.

Покрај тоа, истражувани биле влијанијата на Месечината на плимата и осеката, состојбата и влијанието на сончевиот систем и слично. Во медицинските науки бил истражуван централниот нервен систем, кардиоваскуларниот и другите системи, влијанието на разни лекови, интоксикациите (труењата) и друго. Сите овие знаења, преку арапските преводи, ѝ станале познати на средновековна Европа и биле база и голем прилог на македонските генијалци и Македонското египетско кралство на светската цивилизација.

Познати имиња на оваа цивилизација се, пред се Ератостен (285-205 п.н.е.), кој бил астроном, математичар, географичар, книжевник и историчар. Тој го истакнувал топчестиот облик на земјата со периметар од 24 662 милји, а денешната точна мерка изнесува 24 857 милји, значи грешка од само 195 милји, и тој е првиот автор на географска карта на светот. Потоа, тука спаѓа Аристарх (320-250) од Сам, еден од најголемите астрономи. Следува Архимед (287-212), најголем математичар и физичар на антиката. Аристарх од Самотрака (217-145), најголем граматичар и критичар, кој ги собрал и објавил делата на Хомер, Есхил, Аристофан и други. Меѓу нив се Аполоние (295-215) од Род, чие главно дело е „Писма за Аргонаутите“, потоа Аполоние Дискол од Александрија, граматичар и Аполоние од Памфилија, филозоф. Следат филозофот Теофраст (327-287), ученик на Аристотел и наследник на перипатичката школа, кој се смета за оснивач на ботаниката и Никадар, прочуен фитотерапевт и други.

Со појавата на христијанството, главниот град на Македонското египетско кралство, Александрија, кој долго бил трговски, интелектуален и културен центар на Медитеранот (антички Париз или Њу Јорк), набрзо станал и центар на христијанската религија. Свети Марко прв го донел христијанството во Египет и станал прв во втората линија на александриските патријарси. И покрај прогонувањето во ранохристијанскиот период, египетската црква ја ширела новата вера и низ Европа.

Св. Морис или св. Маурициус добил звање маченик, зашто во 285 п.н.е., во Швајцарија, одбил да се покори на други богови. Во Сент Мориц, во неговата црква, и денес може да се види александрискиот, односно коптскиот крст. Слики на тројца маченици од Египет, се наоѓаат и во градот Цирих. Седуммина калуѓери од Египет го проповедале христијанството во време кога римскиот император Константин Велики во IV век го прогласил христијанството за религија на царството на македонско-александровиот јазик. Во тоа време Александрија и Египет првенствено биле христијански.

aleksandrija
Александрија

Градот Бени Суеф, стотина километри јужно од Каиро, станал дом на монасите и исихазмите (тивките), па таму, меѓу V и VII век се молеле околу 10 000 калуѓери и двојно толку калуѓерки. Во пустинските манастири, западно од Александрија, се наоѓале тогаш околу 70 000 калуѓери, а низ целиот Египет биле околу 700 манастири. Така било сè до доаѓањето на арапските племиња, во 641 година, под знамето на исламот. По исламизацијата на северен Египет, христијанството се одржало на југ, кај Копт, кој денес има околу 10 милиони жители. За културното наследство на Македонско-египетското кралство на Птолемеите и денес, во XXI век, постои големо интересирање кај научната и уметничката јавност особено за последната македонско-египетска кралица Клеопатра VII, ќерка на кралот Птолемеј XII, пра-пра внук на генералот од Еордаја, Птолемеј Лагос.

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top