Фељтон

Македонско-египетската кралица Клеопатра (19)

kleopatra1

kleopatra1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Наспроти милениумските неправди и лаги, како последица на пропагандата на Октавијан, најголем непријател на Клеопатра кој ја опишува дека таа  била алчна, неморална и сурова, денешните аналитичари, пред сè историчари, културолози и други, оваа македонска кралица ја оценуваат како високо интелегентна жена, со брилијантно знаење јазици (покрај македонскиот, уште седум), чудесни управувачки способности и како единствена жена на стариот век.

Од современите историчари, прв тоа прашање го покренал Тарн (1913), заслужен англиски истражувач на елинизмот, т.е. македонизмот, кој тврдел дека Клеопатра е жртва на една од најстрашните кампањи на омраза во целата историја. Меѓутоа, се заборава што изнесол за Клеопатра уште Плутарх (46-12 н.е.), книжевник, историчар и писател на значајната творба „Паралелни животописи“ (III, Антнонио, 27, 394). Тој рекол дека македонската кралица Клеопатра „поседувала шарм со незадржлива сила во обраќањето, па нејзината појава со впечатливоста на нејзините зборови и воедно нејзиното значење кое некако го проникнувало нејзиното однесување со другите, оставале некакво осило во срцата. Уживање било да се слуша звукот на нејзиниот глас, а својот јазик како музички инструмент со многу жици, без тешкотии го свртувала во било кое наречје, а сосема ретко во разговорите со варварите ѝ требал преведувач, туку на повеќето од нив сама им давала одговори било да биле Етиопјани, Троглодити, Евреи, Арапи, Сиријци, Меѓани или Парти. Се раскажува дека научила и други јазици иако кралевите пред неа не се потрудиле да го научат ниту египетскиот јазик, а некои го запуштиле и своето „македонско наречје“.

Таквата Клеопатра, за да го сочува опстанокот на сојот народ и својата династија, го освоила големиот Цезар, кога во 48 п.н.е. дошол во Египет и таа се омажила за него. По две години Цезар ја повикал Клеопатра во Рим, каде била дочекана со највисоки почести и во таа прилика била направена златна статуа со нејзиниот лик, која била сместена во најголемиот римски храм.

kleopatra2

По смртта на Цезар, 44 п.н.е., Kлеопатра се вратила во Александрија, а власта во Римското царство ја поделиле младиот Октавијан и Марко Антонио од владата на триумфиратот. Марко Антонио, ветеран во многу битки, сметал дека на Египет треба да му се даде независност, но истовреме треба добро да се врзе за Рим. Во таквата идеја Клеопатра видела сигурност и гаранција за иднината и континуитетот на својата династија, па заради тоа, по една од најпознатите љубови во историјата, во 41 п.н.е., се омажила за Марко Антонио. Таа врска помогнала Македонско-египетското кралство за кратко да ја поврати некогашната слава. Клеопатра му родила на Антонио близнаци, Александар Хелиј и Клеопатра Селена, додека во 36 п.н.е. го родила синот Птоломеј Филаделф.

За македонската свест и традиција која владеела во периодот на римската окупација на Македонската империја, во понатамошниот текст повторно сведочи Плутарх (III, Антон. 54, 409), а во врска со прославата во Александрија по повод извојуваната победа од страна на Антонио во Ерменија: „Бидејќи го исполнил вежбалиштето со светост и поставил на сребрениот подиум два златни престола, еден за себе а другиот за Клеопатра, а и други поскромни за своите синови, најнапред ја назначил Клеопатра за кралица на Египет, Кипар, Либија и Келесирија, а како ковладетел Цезарион, за кого се сметало дека е син на постариот Цезар, кој ја оставил трудна, а како второ, јавно ги прогласил своите синови со Клеопатра за кралеви на кралевите, па на Александар му ги доделил Арменија, Медија и Партија, откако ги покорил, а на Птоломеј Феникија,  Сирија и Киликија.

Воедно, ги преоблече синовите, Александар во медска облека која вклучувала и тијара (турбан, круна) и прав појас, а Птоломеј во чизми, лесен горен фустан (хламида) и македонски бел шешир украсен со кралски повез (кој го означувал  македонското кралство достоинство, како подоцна круната). Оваа втората била носија на кралските наследници на Александар, а првата на Меѓаните и Арменците. Откако синовите ги прегрнале родителите, околу едниот застанала телесната стража од Арменци, а околу другиот од Македонци. Клеопатра и тогаш и во иднина, кога излегувала во јавноста, облекувала фустан посветен на Изида и носела службено име „Нова Изида“.

По смртта на Клеопатра, последен формален крал на Македонската египетска династија бил Птолемеј XV-Цезарон, кого го убил Октавијан Август и Египет бил припоен на Рим. Децата на Клеопатра со Марко Антонио биле усвоени од неговата претходна сопруга Октавија, која била и сестра на Октавијан Август.

slave-katin-knigi2

Интересирање за Клеопатра имало не само кај Шекспир, Бернард Шо и Алфиериј, кои се занимавале со нејзината судбина и ликот на трагична хероина, туку била инспирација за многу уметници, скулптори и сликари како што се Тицијан, Рубенс, Делакроа и други, како и музичарите од типот на Берлиос, Масне, Чимароз и други, потоа филмски продуценти и други.

Во почетокот на новиот милениум, Клеопатра, последната македонска кралица, без конкуренција и понатаму претставува голема инспирација. Таа е тоа не само за класичните историчари, кои го докажуваат нејзиното чисто македонско потекло низ генерациите, туку и за други научници. Современите уметници, од желба на светот да му покажат еден оригинален и автентичен лик на „надарена управничка“ на антиката, во 2002 година поставиле светска изложба во Рим под наслов „Клеопатра египетска кралица“. Истовремено целта на организаторите на изложбата е да се евоцира уште еднаш Клеопатрината посета на Рим и да се истакне како Римјаните го освоиле македонско-египетското влијание преку уметнички форми на својата култура. Потоа изложбата се пресели во други центри во Европа и Америка, како што се Лондон, Париз, Њу Јорк и Чикаго, каде посебно се истакнат нејзиниот етнички идентитет, со загадочно прашање како би течела историјата понатаму да успеел планот на Клеопатра и Антонио? Можеби во тој случај средниот век наместо латински би зборувал само македоноски (александров) јазик.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top