Фељтон

Македонско-азиското кралство Селевкиди (20)

saleucid

saleucid

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Една од најголемите македонски држави на дијадохите на тлото на Македонската империја било Азиското кралство. Тоа е формирано во 312 п.н.е., од Александровиот генерал Селевк Никадор, кој владеел до 280 п.н.е. Епитетот Никадор, победник, го добил заради извонредните војнички способности. Бил праведен, побожен и претставник на единственото македонско царство. Центар на државата била Сирија која најголемата моќ ја постигнала 280 п.н.е. кога под власт на Селевкидите била речиси цела предна Азија, од Хелиспонт до Инд. Кралството било огромен мозаик од разни народи, јазици, култури.

Главен град со македонски доселеници бил Антигонија, изграден во Сирија од Антигон Едноокиот кој бил војвода и Александров наследник (умрел 301 п.н.е.).

Антигонија била првата престолнина на Македонското азиско кралство. Подоцна градот бил преименуван во Антиохија од страна на Селевк I во чест на татко му Антиох и бил главен град на Сирија до 64 п.н.е кога престанува владеењето на македонската династија. Денес е во составот на Турција под називот Антакија  (Antakiyah) од 1939 година. Во кралството на Селевкидите се изградени вкупно околу 100 македонски градови, со македоснки доселеници и македонски називи. Меѓу нив најзначаен град бил Пела на реката Оронт каде биле населени првите македонски војници по запирањето на Александровите освојувања. Реката Оронт била преименувана во Акси, а нејзиното крајбрежие во Пејерија.

Други градови со македонски називи се Едеса, Бер, Мигдонија, Амфипол, Лариса, Европа, Селевкија итн., кои станале важни административни, војнички, трговски и културни центри. Меѓу нив посебно се истакнува градот Никомедеја, изграден од Никомед I, кој владеел од 280-255 п.н.е. во државичката Битинија. Градот, заради важната геополитичка положба, станал важен центар за ширење на  македонската култура на бреговите на Црното Море и Кавказ, како и Арменија. Битинија била мултиетничка, како и другите македонски држави и во неа се зборувале повеќе од 22 јазика. Во време на владеењето на неговиот син Зеил државата се проширила кон соседната Пафлагонија, што влијаело на формирањето на македонските колонии на северниот брег на Мала Азија.

Исто така, значајна улога имал и градот Пергам, северно од Смирна, особено во во време на кралот Атала I, кој го заменил својот вујко Евмен I, (263-241). Владеел до 197 п.н.е. и за тоа време Пергам се развил во воен,      политички и културен центар, сличен на оној во Александрија. Влијаел на развој на македонскиот јазик, „Александровиот коине“. Неговите кралеви Еумен II (197-160) и Атал II (159-138) имале добри односи со Атина, која ја украсиле со помош на две прочуени двоспратни галерии со должина од 163м, кои станале трговски центри.

Еумен III е син на Атала I и се смета за оснивач на пергамската библиотека. Во време на првите кралеви на пергамската династија, соседните Келти од Галатија им објавиле војна, но биле уништени, па на тој начин се проширило кралството од Егејското Море до Кападокија. Во слава на тоа, во Пергам се изградени храмови и многу други споменици од мермер, од кои најдобро сочуван споменик е „Келт што умира“, каде во едната рака го држи телото на жена си, а во другата држи меч забоден во своите гради.

arkadija
Аркадија

Кралството на Селевкидите било наследна династија, како и останатите македонски кралства, со последниот крал Антиох Азијатски, до 68 н.е. Организацијата на државата била по македонски пример, поделена на 45 области, епархии или сатрапии, под управа на македонските војводи (стратези). Во малоазискиот дел на кралството, престолнина бил градот Сард, кој станал значаен политички и воен центар. Во него била и кралската каса, државниот архив и контролата на религиските храмови.

Меѓу повисоките воени, културни, административни и стопански центри, покрај Пела која подоцна е именувана во Апанија, биле уште Медија, Ерусалим, Суса. За време на четирите векови владеење на оваа династија биле изградени многу патни и други сообраќајни врски во сите правци, пристаништа, тврдини итн. Биле воспоставени добри и плодни односи со кинеската династијата Хан (206 п.н.е.-221 н.е.), како и трговија со свила („Патот на свилата“) и порцелан. Династијата на Селевкидите исто така имала добри односи и со македонското и индиското кралство Магадха, кои својот врв го достигнале за време на владеењето на кралот Ашока (274-237).

Во научна област, династијата на Селевкидите сторила многу. Ги испитала трговките патишта за Кавказ, Црно Море и Касписко Море. Основале и голема библиотека во Антигонија и други во останатите центри на својата голема држава, го унапредиле производството итн. Меѓутоа, во меѓудинастичките релации, меѓу Птолемидите и Селевкидите, односите секогаш не биле на висина. Антагонизмите до тоа во различни периоди да има пет војни, т.н. „Сириски војни“, со променлива среќа. Но и во самото кралство на Селевкидите, централаната власт имала големи проблеми заради движењето за независност, пред сè на периферните области Бактрија и Партија.

aleksandar111 jerusalem

Што се однесува до Македонското кралство на Селевкидите, треба да се нагласи дека Македонците многу соработувале со Евреите. Така и во рабинската литература, личноста и делото на Александар Македонски биле во фокусот на нивните легенди. Тие во целина биле благонаклонети и го обликувале Александар како праведен владетел во постапките со Евреите. Една приказна зборува како Александар го посетил Ерусалим и се состанал со првосвештеникот Симон Праведник (Simon Hacadik) (Кевендиш, 1984, 104). Во текот на владеењето на Селевкидите, еден од потомците, Ирод, син на Антипатро, бил во 40 п.н.е. надзорник на Јудеја, во име на Римјаните, а подоцна во Рим бил прогласен за цар на Евреите (Eliade, 1996, 203).

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top