Фељтон

Источната Римска Империја – византиски период (29)

istocna-rimska-imperija-1

istocna-rimska-imperija-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Реформите на целокупната државна управа, на големата Римска империја спроведени од Далматинецот – царот Диоклецијан, ги продолжил и ги усовршил неговиот наследник, нишлијата, царот Константин Велики. Со ова е создаден нов систем од кој тргнувало управното уредување на Источноримското или Византиското царство.

Источното римско царство (ИРЦ), било формирано на просторите на Македонскиот комонвелт. Тоа во периодот на Јустинијан I (околу 565), ги опфаќало: Балканот, Мала Азија, Египет, Блискиот Исток, Источниот Медитеран, Егејското и Црното Море.

Покрај римската традиција и римското државно уредување, христијанската религија претставувала еден од неговите главни елементи. Црковната хиерархија, на чело на Цариградскиот патријарх, имала доминантна положба во ИРЦ. Сите цареви од Лав I (457-474) ја примиле круната од рацете на патријархот, со што крунисувањето добило карактер на црковен чин. Царот бил сметан не само за поглавар на целото царство, туку и на целата христијанска вселена (Острогорски, 1969, стр. 88).

За зацврстување на христијанството во 529 година, Јустинијан ја затворил Академијата во Атина, која била последен бедем на паганскиот неоплатонизам. Покрај тоа, наместо изгорената и мала црква Света Софија, тој во Цариград, во 532 година, изградил величествен храм со христијанска архитектура и декоративна уметност. Поданиците на христијанското царство биле негови верни и понизни слуги.

sveta-sofija
Света Софија во Константинопол

Во културен поглед, ИРЦ продолжило да се развива на традициите на Римската империја, но поради подолгата симбиоза на просторите на Македонскиот комонвелт, дошло до спојување со „македонско-елинистичката“ култура и христијанство. Така ИРЦ со векови останало најголем светски културен и просветен центар.

За време на царот Теодосиј II (408-450), во Цариград во 425 година била реорганизирана и проширена Високата школа од времето на Константин Велики во Универзитет. Оваа високошколска установа била под влијание на неговата сопруга Атенаида-Евдокија, ќерка на паганскиот професор по реторика во Атина. Наставниците на Универзитетот предавале граматика, реторика, филозофија и право. Универзитетот имал најголемо значење за културниот живот во ИРЦ и станал жариште на образованието и книжевноста. Тој имал огромна соединувачка улога на човечките институции, постапките и вредностите на византиската цивилизација.

На полето на книжевноста, „македонско-елинистичката“ филозофија, поезијата, прозата и историографијата, во симбиоза со римската традиција, се спојуваат со христијанството во создавањето нови квалитети и вредности. Така, многу успешно се развила христијанската реторика (беседничка вештина) со голема префинетост.

Проповедниците на христијанството, како што се Василие Велики (331-379) од Кападокија, Григорие Назијанец (338-390), цариградскиот епископ Јован Златоуст (345-407) и многу други, кои проповедале на александровиот јазик, уживале широка популарност и придонеле во развојот не само на религијата, туку и на јазикот. Со тек на времето, латинскиот како официјален јазик на ИРЦ како да подзаостанувал, па за време на царот Јустинијан I александровиот коини јазик е прогласен за државен јазик на Империјата (Mpampiniotis, 1986, )

Во развојот на ИРЦ не смее да се потцени големото влијание на Балканот. Од археолошките и историските податоци може да се констатира дека во периодот на развојот на Источната римска империја на просторите на Балканот, биле сконцентрирани сите човечки и економски создавачки енергии на она што било највредно во Римското царство и што станало значајно за општата културна историја на Европа. Остатоци од тоа се Диоклецијановата палата во Сплит, споменик кој го обележува еден од најдинамичмите елементи во римската цивилизација, исчезнувањето на паганскиот свет и раѓањето на христијанството.

dioklecijan
Диоклецијановата палата во Сплит

Следат споменици во Стоби и Хераклеа (Битола) во Македонија, во Сирмиум, Ромулијана (Гамзиград) и Наисус (Ниш) во Србија итн.

На ова тло престојувале, се раѓале и создавале, но и умирале најзначајните римски императори, а со нив и прочуени градители, уметници, креатори, интелегенцијата, т.е. создавачки енергии кои го дале сè она што било највредно во тогашната Империја. Меѓу императорите кои решавале за светската историја, на Балаканот биле родени: Галерије (286-311), Проб (276-282), Диоклецијан (284-305), Максимин Даја (305-313), Константин Велики (306-337), Јустинијан I (527-565), Василие I (867-886), Константин Порфирогенит (913-957), Василие II (976-1025), Светите браќа Кирил и Методиј и многу други. Тие придонеле за еден пресврт од антихристијанство до прифаќање на христијанството и формирање нова европска духовност.

Во зацврстувањето и процветот на ИРЦ придонес дале императори од Македонија и други истакнати луѓе, потомци на античките Македонци, што е нареден значаен елемент во оваа епоха.

Многу е важно што Македонците во периодот на ИРЦ основале своја династија. Од вкупно девет династии таа била четврта по ред, зад Ираклиевата (610-711), Сириската (717-802) и Аморската династија (820-867).

od-panonija-do-egej

„Македонската“ династија била на византискиот престол од 867-1056 година, или 189 години. Овој период, по името на династијата се нарекува „македонска ренесанса“ (Оболенски, 1991, 41). Таа била една од ретките династии која владеела и тоа како во државен така и во црковен поглед. Царот Василие I „Македонец“ (867-886) е основач на „македонската“ династија. Царевиот првенец и љубимец Константин VII Порфирогенит (913-957), бил син на неговата прва жена „Македонка“ Марија (Остроговкси, 1969, стр.230). Тоа е период на процвет на ИРЦ и кодификација на правото, христијанизација на Јужните и Источните Словени и голем културен полет. Нивното владеење се означува како нова епоха, време на успех на неговите наследници, посебно на Лав VI-мудрец (886-912), Романо I (920-944) и Романо II (959-963), Фока Никифор и Цимискија.

Меѓутоа, врвот на византиската моќ во Македонската династија, сепак го постигнува Василие I (976-1025). Тој оставил империја која се простирала од Кавказ до Истра и Јордан, и од Дунав до Еуфрат и Сицилија. По неговата смрт доаѓа период на речиси непоматен мир и процветување на престолнината и со превласт на цивилното племство.

По смртта на царицата Теодора (1042, 1055-1056), последен претставник на македонскиот царски дом, исчезнал периодот на најславната династија на ИРЦ и почнал период на постепено опаѓање на византискиот државен систем.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top