Фељтон

Преселбите на Србите, Хрватите и Бугарите на Балканот (34)

feljton34-1

feljton34-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Меѓу народите чие потекло и најстарото минато доволно не го познаваме, спаѓаат Србите, Хрватите и Бугарите. За времето на нивното населување на териториите на ИРЦ на Балканот, постојат обемни литературни податоци. Меѓу нив најстари, единствени и сеуште најверодостојни се извештаите на царот на ИРЦ, Константин VII Порфирогенит (913-957), према кои некои историчари сепак се скептици. Извештајот на Порфирогенит, во творбата „De Administrando Imperio“ (стр.138-160), изнесува дека миграцијата на Србите и Хрватите настапила во 630 година.

Имено, ИРЦ, ангажирано во војните со Персија на Исток и притиснато од Аварите и Словените на Балканот сè до Цариград и Солун, пристапило кон дипломатија. Царот Ираклије (610-641), околу 623 година ги поттикнал најпрво Западните Словени на тлото на Карантанија (Моравија, Чешка, Словачка и Словенија) да се побунат против Аварите. Овие Словени, под водство на Сам, по тригодишната војна против Аварите, успеале да создадат прва Словенска држава која опстанала 36 години (623-659). Карантанците потоа биле окупирани од Ломбардите, а во 730 година се ослободиле од нив. Меѓутоа, во 745 година потпаднале под франко-баварска власт.

Истовремено царот Ираклије потпишал договор, околу 630 година, со Хрватите и Србите тие да се побунат против Аварите и им дозволил да се доселат во северо-западниот дел на Балканот.

Хрватите на прабалканската територија живееле во „Бела Хрватска“ на северозападните падини на Карпатите, додека Србите биле во северните делови на Карпатите (Саксонија), (Дворник, 1949, стр. 170). Постојат и мислења дека Хрватите и Србите се непознати народи од кавкаско потекло и дека со време, на Балканот нив ги абсорбирале Словените (слично како и Бугарите), кои дошле две генерации претходно и го дале своето автохтоно име (Obolensky, 1991, стр. 75). За несловенскиот етноним на Хрватите и Србите расправале и други автори. Се истакнува дека етимолошкото име потекнува од иранско, турско дури и аварско јазично потекло (Birnbaum, 1989, стр. 56, Kronsteiner, 1978, стр. 137-157). Mpampiniotis (1998, 966) смета дека Хрват значи Горјанин и дека етнонимот настанал меѓу VII-XV век.

feljton34-2

Според договорот со ИРЦ, Хрватите како поданици се населиле во северозападните делови на Балканот, од реката Цетина до Истра, со јадро во заднината на далмантиското крајбрежје. Политичкиот живот на Хрватите се развива кон крајот на VIII, кога од мало јадро се прошириле, за 200 години, на север до Славонија и со тоа е создадена „Панонска“ Хрватска, која ја признала франачката власт на Карло Велики. „Далматинска“ Хрватска била под византиска управа, организирана во тема Далмација со седиште во Задар. Во XI век оваа тема постепено се распаѓа, околу 1100 год., со борбите на Византија, Унгарија и Венеција.

Од 879 година изразена му е верноста на папата. Суверена држава била до 1102, кога се соединила со Унгарија, со што го прекинува својот суверенитет, но претставува и крај на јурисдикцијата на ИРЦ на тие простори.

Србите се населиле источно од Хрватите, а западно од Бугарите, по долините на Западна Морава, Ибар, Пива, Лим и Дрина (Ostrogorski, 1969, 119). Според Porfirogenet (Ц, 32), царот Ираклије Србите првобитно ги населил во солунската тема Серблија која тој назив го носи оттогаш, а денес постои град под името Сервиа, во Кожанскиот  округ. По некое време, истите Срби решиле да се вратат во својата земја, па барале да им се додели друга земја за населување. Тоа била втората преселба на Србите на Балканот.

Византијците Србите ги нарекувале словенски населби во централниот дел на Балканот, во заднината на Јадранското Море, кои се граничеле со Неретљаните, Захумљаните, Травуњаните, Конављаните и Дукљаните (Дворник, 1949, 277). Во околу 850 година словенските племиња во приморјето и внатрешноста, ја раскинале врската со ИРЦ и формирале Српска држава со кнезот Властимир. Во почетокот на владеењето на царот Василие I (867-886), српските приморски земји и Србија, кои биле под власт на кнезот Мутимир (умрел во 891/2 година), го примиле христијанството од Византија. Според Porfirogenet, со тоа Србите „се вратиле во ромејската покорност“, веројатно меѓу 867-874. Според Mpampiniotis (1998, 1600), етнонимот Србин е од кавкаско потекло и значи човек.

Некои бугарски племиња, како што се Кутригурите, ѝ биле познати на Византија уште во 540 година, кога самостојно, со Аварите или Словените, го напаѓале царството од север, па стасале сè до Термопил. Тие биле победени од страна на големиот Јустинијанов војсководец Велизар и биле вратени во своите степи. Потеклото на овие племиња е од земјата на Хуните (Западен Сибир), кои со Утигурите припаѓале на Оногурите, една западнотурска заедница. Околу средната на V век ги населувале териториите северно од Кавказ, до Азовското Море и се наоѓале под власт на Аварите. По бунтот на Оногурите, во првата половина на VI век, на нивно чело дошол ханот Куврат, кој склопил сојуз со ИРЦ. Тогаш неговата држава ги опфаќала териториите меѓу Кавказ, Дон, Буг и Днепар, која од страна на Византија била наречена „Голема стара Бугарија“.

feljton34-3
Плиска

По смртта на Куврат, 642 година, под притисок на Хазарите од исток, неговата држава се распаднала. Поголемиот дел на оногурските племиња, под водство на синот на Куврат, ханот Аспарух, околу 670 година тргнале на запад и продреле до делтата (триаголно острово) Дунав, освојувајќи ги соседните територии. Војската на ИРЦ под команда на Константин IV (668-685) не успеала да ја спречи нивната миграција, па преку Добрудж дошле до Варна, во 680 година. Следната 681 година бил постигнат договор за мир и оттогаш од Византијци се именувани како Бугари. Така на североисточниот дел на Балканот била формирана моќна, независна бугарска држава, која ја опфаќала Долна Мезија и западните црноморски територии, сè до Днестра, која по зборовите на византискиот хроничар Теофан, претставува „срамота за Ромеите“.

Бугарите во Долна Мезија ги потчиниле Јужните Словени, Северци, кои на овие простори се колонизирале пред 80 години. Овие два различни народа, Словени Северници и Бугари Оногури, воспоставиле симбиоза, со тоа што Бугарите ја задржале власта. По два века, преовладала многубројноста на словенското население над Бугарите. Дошло до асимилација на Бугарите кои го примиле словенскиот јазик. Во средновековната бугарска држава, Словените станале владеачки елемент. Благодарејќи на Бугарите, не дошло до ромеизација и ели-низација на поголемиот дела Јужни Словени, а пред сè Северците и Словените во Македонија, што се случило со Словените во Елада (Obelensky, 1991, стр.81).

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top