Фељтон

Потомците на античките Македонци на Балканот (35)

solun1

solun1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

За да ги смири вечно бунтовните Јужни Словени, кои тежнееле кон своја независност и државно уредување и за да ги придобијат како политички и стопански сојузници другите пагански Словени, ИРЦ (Источното Ромско Царство) пристапило кон нивна христијанизација. Во реализација на оваа цел, како најголем проблем искрснал јазикот на кој би се спровела христијанизацијата, со обзир на тоа што службени јазици на црквата биле Александровиот „коини“ („Грчки“- старомакедонски) и латинскиот, а паганите зборувале со поинаков јазик. Меѓутоа, поволна околност била што Словените имале еден заеднички јазик, т.н. старословенски јазик, кој се зборувал од Егеј до Балтик, од Јадран до Урал, т.е. во сиот словенски свет, од повеќе од милион жители, или ⅓ од жителите на Европа.

За да се реши таа голема задача, било потребно да се обезбедат високо образовани црковни стручњаци кои одлично ги владеат споменатите јазици. Исто така, неопходно било да се создаде ново писмо кое би било погодно за словенскиот јазик наместо постојните феникиското и латинското, за да се изврши превод на црковната литература. Oваа епохална мисија која имала   религиски, политички, стручен и културен аспект, била доверена и успешно реализирана од страна на македонските апостоли, проповедачи и просветители, браќата од Солун Кирил и Методиј и нивните ученици.

Секако дека заслугите му припаѓаат и на Цариградскиот патријарх Фотије (858-867 и 877-886), една од најголемите личности на Византија. Исто така, големи заслуги има и регентот Верда, вујко на малолетниот цар Михајло III (842-867), кој бил основач на Високата царска школа на Магиаварскиот двор во Цариград, која била седиште на науката и просветата во ИРЦ. Во школата се негувале сите гранки на тогашните науки со најпознати учители, како што биле Лав Математичар архиепископ од Солун и патријархот Фотије. Покрај тоа, школата била и во функција на ИРЦ во разрешувањето на сложените државни, научни, стручни, културни, дипломатски и други проблеми. Во сиот тој комплекс, не помала улога одиграл Канцеларот Теоктист, дворски советник и даровит државник, голем семеен пријател на Солунските браќа.

aleksandar-slika

За изучување на животот, улогата и делата на македонските апостоли во христијанизацијата и просветувањето на Словените, постои многубројна, живописна, стара литература и современо научно истражување. Како главни извори служат „Старословенско житие за светиот Константин-Кирил“, чиј најверојатен автор е неговиот учител Климент Охридски. Тоа е напишано меѓу 869-885. Потоа, „Старословенско житие за Св. Методиј“, т.н. Панонски житија, чиј веројатен автор е неговиот ученик светиот Константин Преславски, во околу 885 година. Следно е „Охридското житие“, биографија за св.Климент Охридски на „грчки“ (старомакедонски) јазик од охридскиот архиепископ Теофилакт, од 1080 година Исто така „Италијанското житие“ на латински, од бискупот Леон, од 1115 година, итн. Потоа следат и посовремени трудови на Дворник (1949), Острогорски (1969), Апостолски и ср. (1969), Лацко (1985), Стојановски и ср. (1988), Димевски (1989) и цела плејада грчки, српски, бугарски и руски автори.

Местото на раѓање на св. Браќа е Тесалоника (Солун), град на античкиот македонски цар Касандер, зет на Александар Велики. Неговите родители, таткото Лав и мајката Марија, биле од македонско потекло и го зборувале Александровиот јазик. Во житието се вели дека Лав бил благороден и богат, правоверен и со висок ранг во византиската управа (заменик на стратегот на темата Солун и командант нa воената морнарица). Семејството на Лав Солунски, од татко Адам кој бил голем и славен, близок до царот, имал седум деца. Методиј бил роден во 815 година, додека најмалиот Константин-Кирил во 827 година. Покрај својот јазик, целото семејство зборувало и словенски јазик, зашто населението на Солунската тема исклучиво било словенско.

crkva3

Методиј студирал право во Солун, а по дипломирањето од страна на царот бил назначен за управникар-хонт на Струмичкото кнежевство-жупа, каде уште подобро го совладал словенскиот јазик и нивните обичаи. По десет години служба, се повлекол и им се посветил на бога и на книгите во еден манастир на планината Олимп  во Витинија во Мала Азија.

Константин-Кирил, по школувањето во Солун во 15-тата година како многу талентиран ученик, бил повикан од канцеларот на дворот Теоктист, семеен пријател, да ја посетува царската школа во Цариград. Во текот на шестгодишното високо, светско образование, студирал граматика, математика, астрономија, музика, Хомер, дијалектика, филозофија, теологија и други науки и со успех ги завршил студиите. Заради посебната наклоност кон филозофијата, ја добил придавката Константин-филозоф. Во 849 година бил поставен за секретар на Патријархот, а потоа бил избран за ѓакон во Патријаршијата и му се посветил на духовниот живот. Хабилитирал на тема „Почитување на светите слики“, а опонент бил патријархот Иван VII (834-843). По брилјантната одбрана бил избран за професор на катедрата за филозофија во Високата школа, во својата 24-та година. Таму предавал филозофија на домашни и странски студенти. Кога шефот на катедрата по филозофија Фотије станал цариградски патријарх, во 858 година, катедрата ја презел Константин-Филозоф. Од житието за св. Кирил се гледа дека тој во меѓувреме, во 850 година, бил член на една многу важна царска мисија кај Арапите, во Багдат.

kim-spomenik

По превратот во Цариград, убиството на Теоктист и доаѓањето на Михајло III, двајцата браќа паднале во немилост зашто не го прифатиле превратот. Се откажале од високите функции и се повлекле во манастир во азискиот Олимп, каде имало околу 80 манастири и „се молеле на Бога, дружејќи се со книгите“. По доаѓањето на Фотије на чело на Цариградската патријаршија (858-867), работите се измениле. Константин-Филозоф, кој во меѓувреме станал свештеник во Цариград, бил одреден да биде водач на официјалната државна мисија на Хазарите (860-861), додека Методиј, тогаш бил игумен во                манастирот Полихрон, бил член на таа мисија.

Хазарите, турскотатарски народ, во IX век имале голема држава. Таа се простирала меѓу Каспиското и Азовското Море, Волга, Дњепар и Кавказ. Во VIII век (730 година) тие ја примиле еврејската вера. Кога тоа го дознале соседните Арапи и Византијците, поттикнати од своите политички и други интересирања, сакале да ја наметнат својата исламска, односно христијанска вера. За да го разреши незадоволството на соседите Ханот на Хазарите ги повикал првенците на овие религии, на неговиот двор во Семендер, на Каспиското Море, да ги бранат своите вери.

Мисионерите на ИРЦ на пат тргнала во 860 година, преку Црното Море до градот Херсон, каде заради невремето го прекинала понатамошното патување. Додека се чекало да помине зимата, Константин-Филозофot ги учел еврејскиот и армејскиот јазик. Покрај тоа, за тоа време ги пронашол моштите на св. Климент, кој бил трет по ред римски папа, (88-100), интерниран од царот Трајан (98-117). Следната 861 година, мисијата успешно завршила и во таа прилика Константин-Филозоф покрстил 200 Хазари. На враќање, со себе ги понел моштите на св. Климент. Неговиот извештај во Цариград многу поволно бил примен. Царот Михајло III, задоволен од исходот на мисијата, повторно го поставил Константин-Филозоф за професор на Школата. Извештајот за Хазарите на јазикот на Александар, „коине“, бил преведен од св. Методиј на старословенски, а од авторот на „Италјанското житие“ на латински.

Во текот на 862 година, ИРЦ примило меѓународно пратеништво од големоморавскиот кнез Рoстислав (846-870). Покрај многуте желби, било и барањето, со цел духовно осамостојување, да им се упати бискуп и учител кој го познава јазикот на Словените, за да биде воспоставена словенска црква и богослужба на нивниот јазик.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

To top