Фељтон

Климентовата Охридска архиепископија во Македонија (38)

sv-kliment-38

sv-kliment-38

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Моравската мисија на Константин-Филозоф и Методија завршила успешно за ИРЦ. Дозволувајќи кај западните Словени да се проповеда христијанството на словенски (старомакедонски) јазик, ИРЦ ја искористило можноста своето политичко влијание да го прошири на оддалечените земји. Покрај тоа, сузбивањето на влијанието на германскиот клер, обезбедило противтежа на франечко-бугарскиот воен сојуз. Во овие околности, црковната управа во Цариград, имајќи во свои раце проверена методологија и добри инструменти, во византиско-словенската литература и словенското писмо, минала на реализација на планот на христијанизацијата прво на јужните, а потоа и на останатите Словени. Во остварувањето на оваа голема задача се испречиле тешкотии, пред сè внатрешна криза на власта, а потоа и надворешните непријатели, Арапите и Бугарите.

Периодот на иконоборската криза во внатрешните превривања, следени од пресметките со исламскиот Исток и романско-франечкиот Запад, значел пресвртница која дошла со државен удар во Цариград. По убиството на царот Михајло II (867), на престолот дошла македонската династија на чело со Василиј I (867-886), кој вовел нова политика.

На Цариградскиот собор, меѓу Западното и Источното римско царство, во 869/70, дошло до спогодба: јужните и источнословенските земји да бидат под византиска, а западнословенските под римска јурисдикација. Со ова дошло до црковно осамостојување на ИРЦ.

carigrad
Цариград

Во моментот на најголема заостраност во Цариград, на далматинските градови Будва, Котор, Дубровник, Задар и други, како и на крајбрежните словенски племиња им се заканувала опасност од Арапите од Сицилија, кои ги опседнувале цели 15 месеци. Со доаѓањето на силната византиска флота, во 867 година, било ослободено приморјето, па Византија го обновила суверенитетот на источниот брег на Јадранот. Словенските племиња на Србите и Хрватите ја признале врховната власт на ИРЦ, што довело до антагонизам со Рим.

Во центарот на Балканот тематските управи не можеле да продрат подлабоко во континенталниот дел на Полуостровот од утврдувањето на Солун и уште некои приморски градови. Бугарската профранечка и прозападна власт за време на кан Борис (852-889), покрај Подунавјето опфаќала и поголеми делови од северозападна Македонија и станала силна балканска сила. Бројните македонски склавинии (кнежевства) Драговити, Велегезити, Сагудити и други, потпаднале под бугарска управа и новата државна организација. Половично христијанизирано, претежно словенско население, на старите територии на ИРЦ во Македонија се разликувало од Бугарите по вера, јазик и етногенеза. Македонците имале црковна епархија во Солун и митрополии во Воден (Едеса), Костур (Касториа), Серес и други градови. Бугарите се‘уште биле пагани, припаѓале на западнотурската јазична заедница, па не го разбирале словенскиот (старомакедонскиот) јазик на нивните поданици. По етногенезата, воделе потекло од Оногурите, па заради етничкото двојство се јавил голем антагонизам. За да го воспостави своето уредување на цврсти политички и културни основи, бугарската воена олигархија решила да го прими христијанството. Заради тоа канот Борис се обратил со молба до Рим. На овој потез ИРЦ брзо реагирало и со демонстрација на сила, ги принудил да ја прифатат диктираната спогодба. Според спогодбата (864), Борис се обврзал да ја напушти паганската вера и да го прими христијанството како државна религија од Цариградскиот патријарх. Со овој акт ИРЦ ја зацврстил својата црковна позиција на Балканот, а поставените услови му конвенирале на Борис заради своите внатрешни и меѓународни интереси.

kliment-i-naum
Свети Климент и свети Наум

Во време на владеењето на царот Симеон (893-927) бугарските граници се прошириле на запад до Јадранското и Јонското Море, на исток до Црното Море, а на север и преку Дунав. Јужната граница кон Елада одела по линијата од висината на Крф, источно низ Епирското Загорје и планината Хасија, долж течението на реката Бистрица и северно до Бер (Бероја) и Солун, на 22 км, па и понатаму кон Серес, Филипи, сè до Црното Море.

Прва прилика да се исполнат плановите на ИРЦ и Бугарите се укажала во 885/886  година со доаѓањето на прогонетите ученици на св.Кирил и св. Методиј од Моравија. Тоа биле Климент и Наум Охридски, Ангелариј, Константин-Презвитер-Брегалнички, Константин-Преславски и други.

За судбината на Климент и Наум зборуваат нивните житија. Тие биле примени добро од канот Борис и покрај отпорот на бугарската олигархија која била против Византија и Словените и негодувањата на грчките свештеници (Obolensky, 1991, стр. 118).

По советувањето на водачот на групата Климент со Борис, Наум, Константин Преславски и кнезот Симеон останале во Плиска, која била седиште на канот во Источна Бугарија, додека Константин-Презвитер (Брегалнички) останал во Источна Македонија. Другите кирилометодиеви ученици со македонско потекло, на чело со Климент, биле упатени во нивниот роден крај кој сè уште бил под Бугарите. Како мисионери тие имале задача да ги покрстат останатите пагани, да држат литургија на словенски (старомакедонски) јазик, да ја развиваат писменоста, да ја преведуваат елинската духовна книжевност и да обучуваат нови мисионери за локално свештеништво.

Климент во Македонија бил упатен во 886 година, со седиште на неговата работа во областа Девол, меѓу Охридското Езеро и Јадран. Според неговите житија (Кусо и Широко), тој е роден негде во Македонија и бил меѓу првите и најверни ученици на св. Кирил и св. Методиј. Во 893 година Климент бил поставен за епископ на Охридската област, а на негово место бил назначен Наум. Со овој чин, Климент е првиот македонскословенски епископ на ИРЦ, со седиште во Охрид, но и прв словенски (македонски) епископ воопшто, а со обзир на тоа дека Горазд во 898 година, најверојатно бил посветен од Светата столица за надбискуп. По 1037 година сите негови наследници биле Елини (Obelenski, 1991, стр.258).

plaosnik
Црквата „Свети Климент“ на Плаошник во Охрид

Налик на своите учители во Моравија, Климент во Охрид организирал голема богословна и книжевна школа. Охридската школа на славомакедонски јазик ја посетувале околу 3 500 ученици и со своите разновидни активности, не само од областа на богословијата таа станала прв словенски универзитет. Покрај тоа, охридските архиепископи главно се заслужни што во подоцнешните векови Македонија била водечки центар на византиската цивилизација на Балканот и во Европа(Obelesky, 1991, стр. 118, 261).

Кирилометодиевите ученици од Македонија и Бугарија со својата апостолска работа ја прошириле христијанската вера и словенското (старомакедонското) богослужење, писменоста и книжевноста во Србија, Влашко, Молдавија, Украина и Русија. Со ова е исполнето големото дело на Солунските браќа свети Кирил и Методиј, како и на нивните следбеници. Покрај тоа зачувана е словенската традиција која во подоцнешните векови станале брана за спасување на словенското народно христијанство и ентитетот (Obelesky, 1991, стр.180). Во знак на благодарност за она што придонеле, сите седмомисленици се почитувани како светци, а нивната заедничка слава паѓа на 27 јули, на денот на смртта на св.Климент, 916 година.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

To top