Фељтон

Македонија во раниот феудализам – Богомилското движење (39)

bogomilsko-dvizenje

bogomilsko-dvizenje

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Од историските и археолошки податоци за раниот и развиениот феудализам не може да се утврди дека при преселбата на Словените на Балканот имало геноцид меѓу македонските староседелци, потомци на Александар Македонски (Велики). Со тек на времето Словените ги создале своите склавинии, ја прифатиле византиската власт и христијанската религија. Тие започнале и со создавање на свои посебни култура и книжевност. И покрај тоа што во периодот на развиениот феудализам дошло до врв на византиската моќ, општествено-политичките кризи ѝ биле постојан следбеник на Истолното Римско Царсѕво (ИРЦ). Карактеристични се отпорите и социјално-религиозното движење на богомилите и исихистите, борбата против византиската власт, создавањето на Самоиловото царство, упадите на Норманите, Бугарите, Крстоносците, Србите и Турците.

Со заземањето поголеми делови на Македонија од Турано-Бугарите, поради наметнувањето на нови феудални односи од страна на окупаторските кнезови, губењето на општествените и човечките права на патријархалното, осиромашување и др., посебно за време на царот Петар (927-969), дошло до политичко, демократско, родовско и племенско уредување, социјално и економско незадоволство во Македонија, како против новата држава, така и против бугарската црква. Незадоволството се развило во вид отпор и движење, а од страна на окупаторите и нивната црква окарактеризирано како нов и опасен религиски ерес, кој бил непомирлив со официјалната црква. Движењето е наречено богомилство („пријатели на Бога“), по основачот на оваа секта, попот Богомил. Според легендата, тој потекнува од с.Богомила, кај планината Бабуна која се наоѓа меѓу Велес и Прилеп во Македонија, па оттаму следбениците добиле уште едно име, „бабуни“.

selo-bogomila
Селото Богомила, Велешко

Во поново време за Богомилите постои опширна литература, каде се истакнуваат Драговитите како епицентар на ова движење (Niel, 1990). Имено, Драговитите се јужнословенско племе во Македонија, кое покрај племето на Језеритите, го населувал делот на Македонија западно од Солун до Орестида кај Костур.

Во своите теоретски поставки, Богомилите тргнувале од учењата на христијанските секти на исток, масалианци и павликјанци, ученици на старото манихејство за борба против сите облици на надворешниот црковен култ, посебно иконите и иконоборството. Богомилите проповедале дека постојат две спротивни, дуалистички начела, добро и зло, бог и сатана, кои владеат со светот. Нешто слично како и во таоистичкото учење YIN-YANG. Овие спротивни сили владеат со вселената и нивната меѓусебна борба го условува човечкиот живот и сè што се случува во светот. Следбениците на ова учење тежнееле за чисто духовна вера и строг, аскетски начин на животот. Биле против култот на црквата, нејзините обреди (вино и леб) и црквена организација како експлоататорска. Движењето на Богомилите биле социјален одраз на протестот против окупаторот, моќните и богатите.

И покрај репресалиите на црквата и државната власт, богомилството како лавина се проширило од Македонија во Бугарија и Византија, во Рашка-Србија, во Босна и Хрватска. Од Балканското преминало на Апенинското Полуострово, зафаќајќи ја Западна Европа. Преку Верона, Милано, Тоскана и Ломбардија, во 1017 година богомилството се проширило на југ на Франција сè до Атлански Океан, со главно седиште во Тулон (1022) под името Катари (чисти). Преку Швајцарија и Ремс, Катарите доспеале до Германија и градовите Келн (1145) и Бон.

Во Македонија богомилството било масовно и покрај суровите постапки на Византија, а останало неискоренето сè до крајот на XII.

Во подоцнешниот среден век, т.е. околу XIII век, продолжило опаѓањето и пропаста на ИРЦ. Заради граѓанските војни Византија била зафатена не само во политичка туку и во тешка социјална криза, помешани со огорчениот верски спор предизвикан од мистичното движење на исихастите, односно исихазам или мирување (тиховање). Граѓанските војни, кои ја разурнале и осакатиле Византија, овозможиле создавање на Душановата голема сила.

prohor-pcinski-i-joakim-osogovski

Исихастите биле калуѓери кои во тишина (исихија-молчење) и во потполна повлеченост, медитирајќи и со посебни вежби за дишење, воделе строг пустински живот. Во XIV век исихазмот добил карактер на мистично-аскетско, филозофско-религиско движење во центарот во Света Гора, која била епицентар на источното монаштво. Нивното верување било во вечната видливост на вонземската божја светлост, која им се прикажала на Исусовите апостоли во планината Табор при Преобрежението, а со цел духовно насочување и спознавање на Бога.

Водечки исихастички богослов бил св. Григорие Палама (1296-1359),  солунски архиепископ. Учењето на Палама се темели на светлоста која претставува „енергија“ или „делување“ на Бог во соединувањето на човекот со божествената природа. Ова учење на мистичната богословија, со внатрешната молитва на исихастите, било прогласено за православно и било официјално прифатено од Цариградската патријаршија, во 1351 година и во сите источноевропски земји (Србија, Бугарија Унгарија, Романија и Русија) (Obolenski, 1991, стр.363). По смртта (1357/58) Палама бил прогласен  за светец.

Најважни седишта на јужнословенското монаштво, покрај Света Гора, биле манастирите во Северна и Западна Македонија, каде се развила испосничката и киновијската традиција на испосниците, пустениците и чудотворните исцелители: Прохор Пчински, Јоаким Осоговски, Гаврило Лесновски, Јован Рилски и други. Меѓу исихастите се развила меѓународна солидарност и преведувачка активност на словенски јазици и започнало едно ново книжево движење. Зачетник на тоа движење бил трновечкиот патријарх Евтимије (1375-1393), претставник на третата генерација на словенската исихаистичка школа. Така на основа на исихазмот биле воведени јазични книжевни реформи во старословенската традиција на Кирил и Методиј. Прифаќајќи го исихазмот, Византија зазела конзервативен став кон Римската црква и западната култура, користејќи ја словенската книжевна традиција за ширење на византиската цивилизација. Оваа постапка била против идеологијата обликувана со кирилометодиевските идеи за етничко самоопределување (Obolenski, 1991, стр.406).

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ-10

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

To top