Фељтон

Славомакедонците како подвижно невкопано во земјата население (41)

slavomakedonci

slavomakedonci

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

По Крсташките војни, во периодот на латинското владеење, Византиското царство во 1204 година било поделено на четири дела: Латинско царство во Цариград, Никејско царство, Солунско царство(1204-1224) и Епирско деспотство. Солунското кралство го опфаќало Ахејското кнежество, Атинското војводство и Солунското царство. Наместо централизирана власт која била во ИРЦ, латинското владеење создало феудална државна структура од западен тип, со свои многустепени вазални односи. Таа довела до повремени полети и јакнеења на царството, но и до длабока криза, со обиди за регенерација на граѓанските војни, со знаци на опаѓање, со османлиски освојувања, потполно пропаѓање на ИРЦ и падот на Цариград во 1453 година.

Со преселбата на Словените во VI век, на просторите на ИРЦ на Балканот, во Макеоднија, меѓу мигрантите, византиската власт и македонските староседелци доаѓа до судири, до поместување на населението, до кризи и длабоки етничко-социјални промени. Во текот на заедничкото живеење следеле и симбиози и асимилации, славизација и македонизација со заедничка христијанизација под иста црковна хиерархија. Сето ова довело до нивно поистоветување под едно те исто име, под називот Македонци.

Кога дошло до овие промени? Според Ивиќ (1990, стр.191), во историјата е позната линијата сточари-воини-господари.

Во почетната фаза, Славомакедонците како подвижно невкопано во земјата население, се занимавало со полуномадски начин на живеење, претежно со сточарење. Одејќи пеш, летно време го минувале животот по висинските предели, а зимното време во низините. Со овој начин на живеење и во тешки услови на планинското живеење, Славомакедонците ги развиле воените навики и способности, како и военото стопанство, како едниствен начин за преживување. Како планинци, тие стекнале надмоќ над соседите, староседелците, кои живееле во рамницата. Така доаѓало до развој не само на воинствениот дух и туку и до етничка експанзија, од неплодниот роден крај да се премине во поплодните краеви.

Спротивна бил судбината на затекнатото романизирано македонско население, кое за време на словенската наезда на Балканот, во VI и VII век, било принудено да преживее во планините на Македонија (Пелистер, Вич, Пинда, Грамос, Хасиа, Крушево итн.), Тесалија, Епир и Албанија. Власите (влахофони Македонци), кои се консолидирале веќе во X век, сè уште ги чувале своите романски корени.

Словените во Македонија, во подоцнешните фази од историјата, а пред сè во IX век па сè до османлиската окупација, ги потчиниле, а потоа ги асимилирале многуте славни потомци на Александар Македонски. Тие ги присвоиле нивната култура, религија и обичаи, се поистоветиле со нив. Со својот словенски ентитет го прифатиле и староседелскиот како сопствен, нивната етнонимија (македонски етнос) и нивната хоронимија (Македонија). Така во етнолошкиот супстрат на Славомакедонците постојат следните слоеви: антички, односно праисториски Македонци на кралот Македон, Александрови Македонци и Славомакедонци.

slavomakedonci2

Јазикот на македонските Словени припаѓа на индоевропската салем група на општиот словенски јазик. Овој заеднички словенски јазик, или прасловенски, постоел додека Словените биле во зедничката прататковина. По движењето и притисокот на Готите во II и III век и наездата на Хуните и Аварите од Исток, во IV-VI век, почнува преселбата на Словените и истовремено нивно дијалектно и еволутивно оддалечување.

Според многу истражувања се смета дека денес има 12 словенски јазици (дијалекти) и две писма: кирилица и латиница (Martine, 1987, Cont, 1989) кои заземале широко подрачје во светот. Овие јазици се делат на три групи: источни, западни и јужни словенски јазици.

Мaкeдонскиот словенски јазик се вбројува во групата на јужнословенски јазици, кои се зборуваат на Балканскиот Полуостров. Групата ја сочинуваат српскохрватски, бугарски, словенечки и македонски јазик и спаѓа во јазичната заедница на балканскиот јазичен сојуз (Usikova, 1988).

На основа на лингвистичката географија и споредбено историско проучување на јужнословенските јазици и нивниот однос кон другите словенски јазици, Ивиќ (1991, стр.183) истакнува дека на денешната поврзаност на овој терен претходела долга фаза на остра поделеност во дамнешната епоха. Линијата на разграничување кај Јужните Словени настанала на местото каде Дунав го сече планинскиот венец на Карпатите, па сè до Осоговскиот масив, под прав агол.

solun
Солун

Заедничкиот општословенски јазик не е потврден во пишан документ, иако го зафатил и историскиот период. Единствено на тлото на Македонија во Солун, во IX век, македонскиот старословенски јазик бил доволен за превод на Светите книги со Александровиот коине јазик. Со тоа тој е познат како црковнословенски или староцр-ковнословенски јазик, со кој се обележува најстариот период на словенскиот црковен јазик, односно старомакедонскиот, бидејќи Македонија е лулка на овој јазик.

Постојат големи полемики околу старословенскиот јазик и етничкото потекло на првиот словенски книжевен јазик. Најголемите слависти од крајот на XIX век и најголемиот познавач на старословенскиот јазик на сите времиња, Ватрослав Јагиќ (1838-1923), професор на универзитетот во Виена, го утврдил автохтоното македонско потекло на првиот словенски книжевен јазик.

Науката која се занимава со јазикот е глосологијата или лингвистиката и таа спаѓа во хуманистичките науки. Со изучување на словенските јазици се занимава словенската филологија или славистиката.

Првобитниот облик на јазикот на Кирил и Методиј е еден од македонските дијалекти на просторите од Со-лун, на запад кон Костур и на исток до Цариград (Ѓорѓиќ, 1987). Изучувајќи ги дијалектите од балканистички аспект, костурскиот словенски говор и костурскиот ареал е означен како еден од ретките иновациски центри на Балканот, со балканолошки дијалектички континуитет и со карактеристична способност со мал број службени елементи да се изразат голем број различни стари и но-ви значења (Šklifov, 1973, Cyhun, 1981, Usikova, 1988).

Taкa македонските Словени, како и другите православни Словени, од самите почетоци на своето описменување биле во положба да го разбираат својот црковнословенски јазик, кој подоцна го обнародиле. Меѓутоа, нивниот јазик заради трагичните историски причини, ќе биде кодифициран во втората половина на XX век.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top