Фељтон

Ликовите и делата на Филип II, Александар III Македонски и Аристотел (46)

filip-aleksandar-aristotel

filip-aleksandar-aristotel

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Како круна на сè, праисториските и античките Македонци ѝ дадоа на светската култура четири генијални работи: својот јазик, ликовите и делата на своите синови Филип II, Александар III Македонски и неговиот учител Аристотел. Јазикот на праисториските и антички Македонци, кој се развивал во непрекинат континуитет и без туѓи супстрати, од неолитската епоха во склоп на „егејската култура“, до IV век п.н.е., првпат во историјата е означен од Херодот (I, 57) како неелински , односно варварски јазик. Етнонимност на овој јазик под името „македонски јазик“ прв дел Плутарх (околу 46-125 години п.н.е.) во своите дела „Паралелни живото-писи“ (III, 37). Се работи за опис на настан кога Александар Македонски, во кавгата со Клито, „…скокнувајќи почна да вика, повикувајќи ги македонските хипоспаси-тели“, т.е. телохранители, што било знак за голема опасност. Од тоа произлегува дека Македонците го практикувале својот јазик меѓу себе, особена кога не са-кале да ги разберат други.

Освен тоа, некои историчари не го земаат во предвид фактот дека Александар во својот состав имал помошни логистички единици од „Коринтскиот сојуз“, кои зборувале со дорски јазик, а не со македонски.

Од современите грчки глосолози, македонскиот јазик се третира како „елинистички коин“ (Mpampinioti, 1986, 107). Тие сметаат дека периодот на употребата на македонскиот јазик во тогашниот свет изнесува околу 900 години, и тоа од 350 година п.н.е. до VI век н.е. Македонскиот јазик станал официјален јазика на античка Македонија, Грција и целата Македонска империја од Балканот до Кина, Египет и Индија.

Јазикот нa Македонците имал карактеристики на единствен палеобалкански, а подоцна и на национален јазик, со непрекината усна и писмена традиција и историски континуитет од околу 4500 години. Маке-донскиот јазик во посталександровиот и римскиот период станал официјален јазик на светската дипломатија и комуникација, јазик на преводот на Стариот и Новиот завет. Во средниот век, македонскиот јазик покрај латинскиот, станал официјален јазик на Источното римско царство (ИРЦ), додека во христијанството имал подеднаква важност како латинскиот и еврејскиот јазик. Овој јазик на светите Кирил и Методиј, после разни преодни фази, од поствизантиската, преку разни пречистувања од архаизми, палеодимотикизми, катаревуси, димитикизми, како „новогрчки јазик“, 1975 година, со закон станал официјален јазик на Грција (Mpampinioti, 1986, страна 18). Со тоа е потврдено дека македонскиот јазик, од легендарниот праисториски Македон и неговите потомци, а пред сè со Александар Македонски и Аристотел, во траење од повеќе илјади години, направил еруптивен и континуиран развој во светската линг-вистика и удрил конечен печат во физиономијата на денешниот грчки јазик. Тој дал номенклатура на сите современи науки и филозофии, биологијата, новата технологија, астрономијата, географијата, математиката, правните и информативните науки итн.

heraclea

Македонските освојувања на Исток со Александар Велики Македонски, довеле до крупни, глобални трансформации во животот на цела една епоха. Во тоа придонело развиеното македонско стопанство, оснивањето на повеќе од седумдесет нови македонски градови во Азија и Египет и нивно колонизирање. Македонските градови како што се Александрија во Египет, Ешата, Арахозија, Ареја и многу други, биле не само сообраќајни и трговски центри, туку и општествено-политички и културни фактори за ширење на македонската религија, уметност, наука и култура. Тие станале центри на мирот и сора-ботката, толеранцијата и самоуправувањето на граѓанските слободи, коегзистенција и проникнување на посебни цивилизации.

Делото на Александар III Македонски е посебно вредно, како од воено-стратегиски, така и од научно-истражувачки аспект, заради неговите методи во воените планирања, логистиката и оперативата, нови географски и астрономски сознананија, проширување на духовниот хоризонт на светот. Понатаму, откривање нови флори и фауни, објаснувања за поплавите на Нил, утврдување патишта за сувоземна и морска комуникација меѓу Европа и Индија, воспоставување контакт со Кина, создавање нов паричен и финансиски систем итн. Од огромно значење е создавањето на политичка идеја за космополитизмот, развој на филозофијата, историографијата, информативниот систем, архитектурата, механиката, бродоизградбата.

Покрај тоа, во современиот свет тие ги поставиле основните принципи на сегашната ООН, во создавањето на единствен светски монетарен систем, колективна одбрана, Комонвелт\ЕУ. Неговото гигантско дело името на неговата омилена Македонија и неговото лично име Александар (alki и aleho-да брани, anir-маж), ќе опстанат и по неговата смрт во мислите на луѓето и истражувачите сè до денес.

Makедонизмот, а не елинизмот, (според Droysen, 1834), го означуваат периодот на македонскиот дух и техника, јазик и филозофија, од доаѓањето на Филип II на чело на Македонија (360 година п.н.е.) до императорот Август (30 години п.н.е.).

Исто така, и делото на Аристотел, недостижен македонски мислител, лекар и учител на Александар, оснивач и управник на првиот македонски универзитет во Миеза, под Вермион (Каракамен) планина, во градот Нимфеум, кој на идните македонски војсководци, политичари и државници им всадил љубов кон човекот, семејството и татковоната, кон етиката и филозофијата, што придонело во создавање на Македонскиот Комонвелт.

argo-rupiste
Арго-Рупиште

Во глосолошки поглед, Аристотел го обработил и го осовременил македонскиот јазик, кој станал космополитски јазик. Тој оставил монументални светски научни дела од сите области на човечката мисла: од физиката, астрономијата, метеорологијата, климатологијата, ботаниката, зоологијата, логиката,етиката, естетиката, психологијата, поезијата, реториката, политиката, библиотекатството итн. Аристотел, кралската Академија, Музеј и библиотека во Александрија, со 7 000 ракописи за култивизирање на науката, ја спуштиле филозофијата од небото на земјата. Со ова е создадена единствена држава на човечки дух, која паралелно ја следел не са-мо големата империја која ја создал мечот на славниот ученик, Александар Македонски и Македонистичките држави во Европа, на Блискиот Исток, во Египет и Индија, туку и современата цивилизација.

Неговите сочувани дела, преведени се на арапски, па преку латинскиот превод ѝ станале достапни на Западна Европа. По смртта на Александар, Аристотел е осуден во Атина како челник на окупаторска академија.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top