Фељтон

Христијанизацијата во Македонија и хомогенизацијата на населението (48)

hristijanizacija1

hristijanizacija1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Богомилското движење во X век меѓу Македонците, претставува една од ретките социјално-економски, верски и политички манифестации во тоа време. Тоа било вперено против окупаторите на Македонија, верски, пред се црковни, моќни и богати властодршци. Движењето како лавина се проширило преку Балканот, Апенините и Франција до Атлантикот и Рајна, под името Катари (чисти), останало неискоренето до крајот на XII век и придонело во ширењето на Франција. Понатамошен прилог на Македонија во светската цивилизација претставува  и с и х а з м о т од XIII век, со центар во Света Гора.

Ова филозофско-религиозно и мистично-аскетско движење имало за цел духовно концентрирање и создавање на бог и негово делување на соединување на човекот со боженствената природа. Ова учење на мистичната богословија (трансцедентна богословија) на водечкиот исихист св. Паламе. (Македонец, солунски архиепископ), прогласено е за православно. Тоа официјално е прифатено од Цариградската патријаршија во 1351 година, па како такво се применува во православните цркви не само во Македонија, туку и во Грција, Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Украина и Русија.

Христијанизацијата во Македонија довела до хомогенизација на населението, т.е. на староседелците и Словените, со што во административен и етнонимски поглед сите станале Македонци, а под јурисдикација на прославната црква на ИРЦ. Официјални јазици во ИРЦ биле латинскиот и македонскиот (александровиот), кој сè повеќе го потиснувал првиот. Писмо за комуникација било латинското, феничинско-јонско-орфејска алфабета и кирилицата. Меѓу жителите, со текот на времето, доаѓа до проникнување на културата, обичаите и јазикот. Македонците станале полиглоти, па биле: македо-нофони, славофони, латинофони и влахофони.

Ономастичката артикулација, т.е. синапсата (спојот), станала највидлива кај македонските топоними, а по христијанизацијата и кај антропоните. Името на географскиот простор, т.е. хоронимот останал ист каков што бил, со името Македонија, а со тоа и колективната свест за етноним. Во етнолошката идентификација, заради традицијата, легендата, официјалната поделба на ИРЦ, црковната јурисдикација итн., сите жители на мултиетничкиот регион станале Македонци.

SV-JOVAN-KANEO-OHRID
„Свети Јован Канео“ во Охрид

Многу ороними, како што се Олимп, Пинд итн., останале исти, додека поголемиот број се словенизирале (Бореј во Бабуна, Томорос во Галичица и слично). Имињата на речиси сите реки исто така се словенизирале: Аксиј во Вардар, Халиакмон во Бистрица, Еригон во Црна, Астибос во Брегалница и други. Имињата на градовите претрпеле промени: Тесалоники во Салоники, Солун, Едеса во Воден Келетрон во Костур, Астибос во Штип, Скопи во Скопје, Билазора во Велес (Велес е стар бог на Словените), Аргос во Рупиште и слично. Исто така се словенизирале и христијанските антропоними: Анто-ниос во Дончо, Георгиос во Јорго, Константин во Коста итн.

Последната хомогенизација на населението во Македонија се случувала за време на Отоманското владеење, кога сите христијани на Балканот станале „раја“, сè до XVIII век, кога почнува нивниот препород, а етничката и религиската диференцијација е конечна. Огромниот придонес на мултиетничката Македонија во културата и цивилизацијата не е наследство само на нејзините жители (македонофони, славофони, влахофони, албанофони, туркофони, романофони, хеброфони и други), туку наследство на целокупната светска цивилизација.

Додека праисториските и античките Македонци ѝ го дале на својата епоха македонскиот јазик, како најмоќно средство на комуникација со универзален карактер, дотогаш младата генерација на солунските Македонци му дала на милионскиот словенски свет писменост, книжевност и христијанизација на старомакедонски словенски јазик. Овие истражувања се почетни и укажуваат дека двата македонски јазици заслужуваат да им се подигне голем споменик од сегашните генерации во знак на признание. Етногенезата на трите историски издиференцирани народи на просторите на јужниот Балкан, т.е. меѓу Елинити, античките Македонци и Славомакедонците, создала збрка околу „македонското прашање“.

vilazora
Вилазора

Денешните Елини, кои сè до 1812 година секогаш живееле јужно од северната географска ширина од 40‘, т.е. јужно од Олимп и Пинд, во својот етнички и лингвистички супстрат имаат елементи од праисториските народи и тоа рецесивно, од неолитските Пелазги, Лелеги, како и од подунавските Минијци, Лапити и Тирои, но и од Јонците и Миноите, од праисториските Ахајци и Словени, но доминантно од историските Дорци. Значи, дорската етногенеза и дорската лингвистичка доминантност не им пречела во VII век п.н.е. да го земат како име на својата нација, како и историја на митолошките славни Хиперборејци од Дунав, Пелазгите и Ахајските Елини, кои ја напуштиле, тогаш уште Пелазгија во XI век п.н.е., при дорската наезда, а во 1975 година го присвоиле јазикот на античките Македонци како официјален јазик на државата.

Праисториските и антички Македонци во својата етногенеза и во лингвистиката имале исклучиво доминантен македонски фактор. Тие припаѓале на палеобалканскиот свет и „егејската култура“, т.е. на најстарите народи на тогашна Европа.

Славомакедонците го имаат словенството како доминантен фактор, додека рецесивниот, праисториски и антички чинител, со секогаш присутната традиционална и митска космополитска идеологија на Александар и Аристотел, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум, е со пет милениуми живеење и создавање на просторите северно од 40‘ географска широчина.

„Македонското прашање“ во односите на Елините и Македонците секогаш било од политичка природа. Тоа се јавувало во кризни ситуации на Балканот, со осцилации и секогаш прегревано од страна на Елините, како во време на Демостен, така и во последните два века.

И покрај тоа што, во односите меѓу двата соседни народа претежно имало толеранција и соработка. Имало духовно проникнување во нивните култури и обичаи, како и во уметничките реализации, и тоа не само во античкиот период, туку и за време на ИРЦ и во подоцнежните векови. Ова дава солидна гаранција за воспоставување на мостови на пријателство и подобри македонско-елинистички односи во современиот период.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top